Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Што е бре ова? Уште во 05:40 саатот насабајле се слуша дерењето на оџата. Човек мир да неможе да има. Аман!:boksix:

Инате во потполност го разбирам @DeviAngel. Мене оваа 2017-та година од самиот старт ми оди со хронолошки редослед на вакви непријатни случки. Почнав да размислувам позитивно периодов дека можеби во најбрзо време тоа ќе се промени, ама како тргнале работиве во континуитет си одат настаниве. Дај Боже што побрзо да прекинат ваквите случки, па и јас/ние да видиме бар едно добро, ако не повеќе:)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Ако има некој што ќе оди од Скопје за Прилеп утре или среда нека ми пиши пп.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Е на ваква македонштина и спуштам капа.. а не на тврдокорните офчички шо дремат на протести :(


Песнава е со посвета нормално... Ленче не ја даваме :love:
 
Последно уредено:

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.458
Поени од реакции
10.155
Абе драга,
го гледам вака низ другиве теми @Bojan Van Buuren стварно интелигентно момче е ама како е можно да е толкава брука за фудбал не знам.:icon_mrgr:
Можеби вакво нешто и претходно сум пишал,ама ако репетитио ест драаа ест.
Мора еден ден да го запознам,машинка е типот.По можност Арсенал да гледаме,Венгер сеуште тренер и Ремзи прва постава.:icon_lol:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Дрaгa,еве дa му oлеснaм нa Фaке
Oдaмнa гo симпaтишaм,не знaев кaкo дa му гo привлечaм внимaниетo и нa крaј решив глупoсти дa збoрaм зa фудбaл зa дa ме примети.

Success !

:icon_lol:

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.882
Драга,
Ако дојде до промена на имево мој предлог е да ја крстат „Македонија земјата на Експерти“ и долго и кратко и секакво, мислам дека по експерти на квадратен метар сме на првото место во светот, сите знаат се, секаде да се вмешаат, да тропнат глупост, абе упм :tapp: во суштина никој не дава предлог ниту образложение за било која работа да биде подобра и пофункционална, али за јадење трици сибавме векот!
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Дефинитивно најдобро било кај и да одиш да бидеш гласен, да шириш сила, мислење, па дури и страв. Луѓето не сакале културни, добри и чесни луѓе. Таквите најлесно ги газат за да поминат.

Иначе времево е премногу убаво. Посебно кога ќе го видам небото при зајди сонце или изгреј сонце со некоја затемнета/матирана плаво портокалова боја, мислам дека очиве ми уживаат во погледот. И така сабајле гледам потопло време и си реков да одам на работа со маица по кратки. Ама затоа што пеглата е со скинат кабел се решив да импровизирам пегла и сето тоа го правев пола саат пред работа.

Сум земал ѓезве, го наполнив со вода и го ставив на плинчето да се загрее, па демек така ќе пеглам:pos: Ај тоа што маицата е бела, ама со р'ѓосаново ѓезве си ја разубавив на едно место, па земав да ја чистам со влажни марамици и на крај се утешив дека утре ќе биде потопло, па тогаш ќе ја носам:coffee:

Успат разгледувам огласи за работа. Во моментов не ми треба нова работа, ама се чудам како излегуваат секогаш добри шанси за работа кога јас не барам работа, а кога барам, никаде нема:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom