Ваша поезија!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686

НЕ СУМ ТАА

Стиховите за мене никогаш не се нижат,
со своја рака туѓо чувство опишувам,
повикувам идеја што секогаш ме повредува,
тогаш јас знам дека не сум таа…

Секогаш кога зборови искрено редам,
ветерот од твојот здив ќе ги издува,
во хаотична мисла ќе ги измеша ,
тогаш јас знам дека не сум таа…

Плачот е посилен кога не се слуша,
солзите се потешки кога не се гледаат,
болката во темница е посилна,
тогаш јас знам дека не сум таа…

Која Таа сум, дали ти воопшто знаеш ?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


СЕКОЈ МОМЕНТ СО ТЕБЕ

Секој момент со тебе брзина значи,
зависна сум од твојата харизма,
а сепак мој решителен обид,
дали ќе поминам без да ме допреш?

Секој момент со тебе опасност значи,
страв наместо размислување,
а сепак мој чекор напред,
не знам, дали ќе ме гурнеш ?

Секој момент со тебе сила значи,
адреналинот постојано го чувствувам,
а сепак сум смирена,
не знам, дали ќе ме галиш?

Секој момент со тебе рамнотежа значи,
знаеш да ме вратиш повторно во игра,
а сепак џокер кријам во ракав,
дали ќе го користам од тебе зависи !!!

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Љубовна


Ги диплиме зраците сонце

низ поткршените ролетни

кафето испарува како челуст на змеј

иде пролет, нам ни се спие

љубовта ја положивме во гнездото на ластовичките


Омилен си ми, речиси препознат од други времиња

неочекуван, скоро како писмо со печат од восок

свила што ми тежи

млечно бело небо во септемвриско утро

за тебе не сакаш да пишувам

ама мене ми доаѓа.


Ги пакуваме сендвичите со несмасност

ги пакуваме подочниците полни тишина

временската прогноза се вози со нас во автомобилот

гулабите летаат повисоко од мислите

светот чека уште еден пар љубовници

за гласно да им се насмее
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Стравот се собира во клопче
од него се плетат митови
во митовите лежат неиспилени јајца од благородни аждаи
а никој не знае - во нив е иљачот, во нив е летот за слобода
за човечки допир, за здив потопол од прометејскиот оган
мајката на светот е небеската дланка што фрла земја
кога некој ќе умре
сите бегаат од крајот - а тој ги чека на следната станица
на наредната страница од книгата
бадијала сета суета
сите ние сме овде за миг, додека да плеснеш мува што во фасети
гледа се’
лустерот што се ниша
земјотресот во разводот на наречниците
пукнатините во срцето на јаболкото
гревот што го носиме од којзнае каде
амали на личната беда, прошка барајќи кога најмалку ни треба
постејќи си ја татковата брада
и брзо гаснејќи си ги свеќите што догоруваат,
оние што ги собира клисарот, случајно да не си прозборуваат
молитвата е тешка во здивот
стравот се собира во седумте планети
најмал потрес ќе ја смени нивната орбита
и твојот живот
спаси се - земјата не е твоја
ти си нејзин засекогаш.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
животот е меана со длабоки резови по масите
(нема шанси од удари да се спасите)
а сепак се преживува
сè што се чинело невозможно
се пребојадисуваат вратите, велигденските јајца
се чува ракијата во најубавиот долап
се мака од лебот и се кршат чашите
се фрла поглед за фајронт
(глутница луѓе - „овој не е од нашите“)
цигарите го чадат ѕидот
ѕидот ги чади нашите здивови кога си одиме
чаршафот на асталот
е истиот оној за помен
кога се раздава за душа
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


СЕДНАВ ДА ЗДИВНАМ

Седнав да здивнам, чекајќи да се вратиш,
додека сонцето се покри со планината,
ги избројав камчињата покрај моите стапала,
можеби некогаш беа дел на некоја карпа,

Седнав да здивнам, дали помина година,
сонцето се уште заоѓа на исто место,
ситен песок околу моите стапала,
можеби некогаш беа камчиња,

Седнав да здивнам, тебе те нема
веќе не го гледам сонцето,
ладни се моите стапала,
часовникот застана.

Станав и погледнав за последен пат назад,
сонцето тукушто изгреваше,
одморени се моите стапала,
јас продолжувам понатаму.

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


Шопинг количка

Кога посакуваат брзина ме одбираат мене,
кога им треба помош ме влечат мене,
кога се за прошетка пак сум јас изборот,
но не ми вреди сето тоа ,
кога ти постојано ме отфрлуваш…

Колку една до друга за да бидам јас последна?
колку вкупно на број за да бидеш посилен ?
колку треба да свиткаш за мене да ме исправиш?
ми вреди што се прашувам?
кога и мене меѓу нив ме гурнуваш…

 
Последно уредено:
Член од
15 септември 2014
Мислења
232
Поени од реакции
129
Гулабче мало бело
на дланките мои држам
Најнежно го гледам...
Сосема спокојно
Кротко припитомувам
Милувајќи го..
Со милост божанствена
Мене дарена
Од длабините мои извлечена
Извор неисцрпен
Бесконечна енергија
Вибрирајќи во мене
Претворајќи се во бранови..
Топли..цветни..виножитни
Од дланките ми излегувајќи
..на гулапчето јас
Сета милост своја му ја подарувам
Така чисто..така мило...
Ах гулабче мое мило
Јас така среќен сум
Што во дланките мои си ти
Јас така моќен сум
Што толку милост можам да ми ти дадам
Што толку нежно јас ми те држам
Што очите ги затворам посилно да ми те осетам
Што лицето од љубов ми свети
Та кон него ми те принесувам
...те милувам непрестано
Укротувајќи те
Укротувајќи се...
...
Солза ми капнува една
Од очите ми затворени
Од нежноста ми твоја
И милоста моја...
Ги отварам очите јас
Да ми те видам
Та да ми те милувам гледајќи сакам...
Не... тоа небеше гулабче бело
Пред очите мои
Не... тоа небеше гулабчето мое мило
Во дланките мои..
Пред очите ми... милото ти лице твое
Во дланките ми..нежната дланка твоја
Солзата ми...чистата ми љубов моја
Во срцето ми најнежното гнездо
Крошната ми твоја
Ти ...Гулабче мое мило...[DOUBLEPOST=1491560375][/DOUBLEPOST]Твоето насмеано лице
Предадено на ѕвездената топлина
Во ноќта кога небото се отворило говорејќи ти ги тајните
Ти во срцето што ги чуваш
Сокриени... измолени
На небото насликани
Разфрлени по небото
Од воздишките твои
Илјадници форми на убавини
И топол ветар по лицето те гали
Купка од милости во срцето твое
Дожд од ѕвезди околу тебе паѓа
Кристални снегулки кожата ти ја галат
...
Ти засветиле очите
Срцето ти игра
Ги пружиш дланките
Кон звездите во ноќта
Насмеано лице небото е твое..
...
Затвориги очите ти во оваа кристална ноќ
Под небото отворено
Чуствувај ги допирите
По насмеаното ти лице твое
Слушни го шепотот небото
Како ми ти говори
Допри ги снегулките
Кожата како ти ја милуваат
Во тебе како се преточуваат
Топлата купка од милости
Срцето ти како ти се капи
Милиот ти ветар лицето ти насмеано како само ми те гали
...
Полетај тогаш замислиси
Меѓу звездите ти разлетај се допри ги формите звездени ти што ги створи
погалиги ти ветровите топло со воздишките свои
Долетај ти до ѕвездата тајната што ти ја откри
Срцето твое кротко
Нежно што ми ти го стопли
...
Во раскош боженствен си ти
крошна во космосот ти сплетил
Така топло... нежно те примила
Засписи ти мило со лицето ти насмеано... на покривот световен
Мечтите кај што се остваруваат
Кристалните снегулки кај што се
Нежно создаваат
Топла покривка дури сонуваш да ми те покриваат
...
Во утрото врапчиња расцврцорени нека те пробудат
музиката срцево што ми ја свири
Околу тебе рајско белило
Душата ти топли милости
Срцето ти ластовичка распеана
Ги дишам твоите воздишки
Насмеаното ти лице
Во топлите дланки е мои...
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


ЦИГАРА

Ми велиш, те смирува ,
ми велиш, не ќе издржиш,
ми велиш, не можеш
ја оставaш, ќе полудиш…

Ми велиш, болно е,
ми велиш, смисла нема ,
ми велиш, касно е
машки тивко молим те …

Ми велиш, тогаш ме имаш,
ми велиш, во димот ме гледаш,
ми велиш, жолтило од прст
лесно не излегува…

Ми велиш, да ќутам,
ми велиш, усни нека кажат,
ми велиш, слатка сум
со милион вкусови …

Ми велиш, мила сум ти,
ми велиш, душичке,
љубовта е посилна од све
повели, докажи се…

...ДА! се докажа, се откажа од мене!

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


В Е Т А Р СИ ТИ

Те чувствувам , како здив си ми ,
можеби затоа ги затворам очите,
те мирисам , како пролет си ми ,
можеби затоа полесно дишам…

Вкусот не ти го знам,
можеби затоа ме привлекуваш,
на земја си посебно тивок,
можеби затоа за тебе се воздигнувам…

Сакам да ме подигнеш со твојата сила,
можеби затоа се наклонувам кон тебе,
сакам да ми изградиш царство без зидови,
можеби затоа сум тажна, знам , невозможно е …

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686


ТИ

Црно бела фотографија,

безбоен сон,

кошмар…

Црн велосипед,

без ланец ,

неупотреблив…

Црвен цвет ,

опоен мирис,

-Ти !
 
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
САМ

Зарем не е жално да се движиш по патеката сам
без да немаш помош и поддршка од фамилијата ниту грам,
бидејќи не може никоја друга поддршка и грб да ја замени
не знам оваа погоре напишано дали е во ред,
зарем не е болно,
бидејќи JAС не велам дека во секоја куќа тече мед
но мислам дека е тажно кога нема грб еден млад човек.

Така ќе си оди сам како знае и умее по патот и лавиринтот,
пробивајќи се низ сите патеки во животот во добро и лошо
скршен од очај и разочаран во себе,
но полн со сила,елан и снага
за да докаже дека може да успее без ничија помош.

Тогаш ќе биде горд и среќен – пред се поносен на себе
што успеал успешно и сам да стигне до својата цел,
да продолжи да оди по патот
кој го води секогаш само до успех и среќа завек.
Slika za pesna '' Sam''.jpg [DOUBLEPOST=1494528628][/DOUBLEPOST]ПРИЈАТЕЛ

Пријател е кога секој ден и
секогаш ти вели дека те сака
тоа не му претставува никаков проблем и мака,
ти силно во прегратка го прегрнеш и бакнеш
му велиш секој ден дека го сакаш,
тој – пријателот те сослуша
пријателски ти даде совет за својата мака
и кога си во најголема неволја ти подаде рака
секогаш ќе биде тука до тебе
во радост и тага ќе биде со тебе.

Затоа биди вистински пријател
чувајте и негувајте ги вашите пријатели,
бидејќи пријателството нема цена
туку трае со години и векови
тоа се само цени и почитува спрема секој човек,
се дава секојдневно од срце и со љубов
кај и да сме на планетава довек,
никогаш не штедете се
помогни на секому - колку можеш,
но не отежнувај - доколку не можеш
за возврат не барајте ништо,
бидејќи нема поголема среќа
кога знаеш дека некому си помогнал
си направил некој човек среќен,
среќен е благодарение на Вас
таа благодарност - нема цена
и не се купува со никакви пари
од тоа поголем успех и среќа нема за сите нас,
бидејќи тој флуид
може да го препознае секој човек
дека има вистински пријател крај себе довек,
од тоа поубав поклон нема никој да ти подари,
нема ниту да има.

Slika za pesna ''Prijatel''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
АЈДЕ ДА ДИШЕМЕ ЗАЕДНО

Ајде да дишеме заедно
бидејќи полесно е кога дишеме во пар
отколку кога си сам,
заедно да ги правиме нашите воздишки
и издишки во еден здив,
едноставно е како еден,два и три
вдиши – издиши,хууу - хуууу,
ех,секој човек би копнеел за такви вооздишки
би посакувал да има со кого секој ден
да ги прави се до последната воздишка
додека смртта не не раздели,
секогаш заедно во ист момент
слатко да воздивнуваме
нашите воздишки во воздух да ги чувствуваме
како меурчиња направени од сапун
кои летаат насекаде ‘ко сапуница,
како во ист момент со нас да лебдат во воздух.

Slika za pesna ''Ajde da diseme zaedno''.jpg [DOUBLEPOST=1494618575][/DOUBLEPOST]СРЕЌА

Среќа е да се сака,
но и да бидеш сакан
бидејќи тогаш ги сакаш луѓето околу себе,
луѓето те сакаат тебе и се е лесно ‘ко песна.

Едноставно се дава - но и се прима
за да бидат засекогаш сите среќни
во пролет,лето,есен и зима,
не се купува со пари - бидејќи нема цена,
а каде што владее слога и љубов,
таму среќата царува и се подарува.

Нема поубав подарок кога знаеш
дека некого ќе направиш среќен,
кога е разочаран,тажен
ти си секогаш тука да му подадеш рака
и помогнеш за неговата мака.

Ајде сите да бидеме среќни
помагајќи им на луѓето,
а тие ќе Ви бидат бескрајно благодарни вечно.

Slika za pesna ''Srekja''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЖЕНА

Жена е како снегулка која се топи од среќа и радост,
како најубава роза што ја краси нашата градина
со нејзините прекрасни бои како виножито во илјада бои
кои секој ден блескаат на сите страни,
како скапоцен камен кој треба да се чува
и негува сите денови,
а не само еднаш во годината,
како солза во очите која треба да се внимава
никогаш да не се повреди,
која проаѓа низ сите тешки моменти,
но сепак на крајот останува силна само затоа што е жена,
и покрај се чекори храбро и стои цврсто на земја,
бидејќи е посилна од судбината.

Slika za pesna - Zzena.jpg [DOUBLEPOST=1494703391][/DOUBLEPOST]AХ,ОВОЈ ВИРТУЕЛЕН СВЕТ

Ах,кој го измислил овој вирутелен свет,
да се појавуваат добри луѓе - но и со маски,
во оваа лудо време – невреме
вистинска среќа и привилегија
е да најдеш вистински пријател,
кој никогаш и во ништо нема да те повреди и разочара,
секогаш во добро и лошо ќе е тука за тебе.

И нема како порано излегување и видување
туку само дружење со компјутерот и мобилниот,
допишување со луѓе со секакви карактери,
но сигурно такво е денешното модерно време,
луѓето виртуелно се запознаваат
дружат и разменуваат искуства од нивниот живот.

За жал и во тој виртуелен свет можеш да паднеш во замка,
од пријател кој најмалку се надеваш да се разочараш,
но се е тоа живот на овој виртуелен свет
и понатаму во животот добра лекција
за стекнување идни,нови пријатели.

Slika za pesna ''Ah,ovoj virtuelen svet''.jpg
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2017
Мислења
56
Поени од реакции
19
ЕСЕН

Есен е годишно време кога лисјата паѓаат
ја раскажуваат својата приказна
и ја формираат својата патека.

Така еден по еден лист жално паѓаат,
со едно ветување дека на пролет
повторно ќе изникнат нови,
поубави и помлади лисја,
со тоа ќе продолжи нашето дружење таму каде застанавме.

Во есен децата поаѓаат во училиште
зимница се прави во сите дворови
одсекаде се гледа дим и чад,
се сечат дрва за во зима,
се прават разни компоти и сокови.

За да кога дојде зима бидеме подготвени
и никого да не не изненади,
бидејќи зима ‘ко зима ништо не дава - туку само зема,
одеднаш без да се најави тропне на врата
и затоа тогаш да имаме што да јадеме и пиеме.

Slika za pesna ''Esen''.jpg [DOUBLEPOST=1494778144][/DOUBLEPOST]ПАТОТ ДО ОВАА СРЦЕ

Патот до оваа срце е едноставен и лесен,
тоа е како ливада со цвеќиња во илјада бои
кои треба секогаш да се чуваат и негуваат
никако и никогаш газат,
така е и со човекот
не треба никогаш да се повредува и разочарува
со било какви коментари
онаму каде што најмногу го боли,
бидејќи и така засекогаш е рането оваа срце
доволно е уште некој човек да се најде да го боцне
крв од него ќе потече и река од крв ќе се направи.

Не е воопшто тежок овој пат до срце
само треба засекогаш да се негува и чува,
оваа срце засекогаш ќе Ви го даде
сето внимание и љубов
од длабочината на својата душа.

Но,доколку се најде и осуди
некој човек да го повреди
тука веднаш оваа срце се затвора
и нема повеќе место во него
за луѓе кои сакаат постојано
да го повредуваат и разочаруваат на илјада начини,
бидејќи оваа срце
мора самото себе си да се заштити од секакви луѓе
па и вакви луѓе кои немаат осет
да го повредуваат со секакви коментари
онаму каде што најмногу го боли,
тука за жал мора да дојде крај
и да се стави точка на оваа пријателство,
бидејќи оваа срце не е за ништо виновно
што некој човек си зема за право и слобода
нон - стоп да го повредува
затоа поради нечии туѓи постапки
ќе чека нова прилика
за некој друг пријател да се отвори,
само искрено се надева дека нема
и овој пријател да ги направи истите грешки
како претходниот,
бидејќи оваа срце се дава 100% на секој човек,
него секој човек гледа да го повреди на 1000 начини,
зошто е тоа така ни оваа срце
нема одговор на оваа прашање,
се надева дека можеби некогаш ќе го дознае,
само прашање на време е кога ќе биде
и да не чека многу долго време
за да го слушне одговорот.

Slika za pesna ''Patot do ovaa srce''.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom