Беко или Електролукс

Член од
28 април 2009
Мислења
744
Поени од реакции
505
Во план сум да купувам апарати за во кујна (фурна, плотна и фрижидер), па разгледував модели од овие марки. Ме интересира дали има некој искуство со модели од Беко или Електролукс па да даде свое мислење. Јас лично имам фрижидер од Беко и сега засега сум немал никаков проблем, меѓутоа незнам за фурни и плотни како се имаат покажано.
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628

Кога станува збор за фурна и плотна, поготово фурна.. само Електролукс, кога сме кај овие две опции. Работам со техника и од искуство на потрошувачи и вработени, Електролукс > Беко во секој поглед.

Плус пред година дена правев нова кујна и се подновив со Електролукс, презадоволен сега за сега.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490

Кога веќе работиш со тоа, кажи за поголемите апарати препорака до 2-3 производители.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
За фурна и плотна Електролукс, кај и да прашаш тоа ќе ти го кажат. За другиве апарати не знам.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Беко шпорет, Беко фрижидер и Беко телевизор сум имал.

КАТАСТРОФА!

Толку од мене другар.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
За Беко незнам,али немој да се заебеш да земеш Електролукс,таква катастрофа нема.Земавме нова професионала кујна од Електролукс за во хотел на 800.000 евра.Катастрофа,у рок од две години се се расипа,и со адвокати со тужења со судења им ја вративме,и си рефундиравме дел од парите.Занчи катастрофа.Најлоши можни зборови!
Совет ако купуваш шпорет,немој да си се заебеш да земеш индукција.Има коса да ти побели.
Мој совет е да си земеш Горење,цена квалитет,нема да згрешиш.Или Бош,ако си спремен да платиш )))
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Некои се задоволни од Беко, други од Електролукс, трети од Самсунг, Бош, Горење итн. Зависи како ќе се погоди. Јас би ти препорачал Горење.
За помалку буџет имаш попуст на вградлива бела техника од Беко гледам по ФБ излегуваат некои реклами.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
За производи кои имаат слична цена, јас би го одбрал оној кој има гаранција на подолг период
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
од Беко до сега фрижидер и перална само
фрижидерот трета година без проблеми а пералната 11 година и мака си нема
со електролукс никакво искуство

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Електролукс користиме фурна успешно скоро година дена. Плотна Bosch, а машина за садови Беко. (y) За фрижидер топла препорака за LG no frost со 10 год гаранција на мотор. (y)
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
+1 за Електролуск, топ се кај мене и фрунатат и плотната.
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Кога веќе работиш со тоа, кажи за поголемите апарати препорака до 2-3 производители.
Пиши ми слободно во ПП што поточно ти треба и ќе ти дадам предлог/објаснување.
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Која вградна фурна би ми препорачале?
 
Член од
23 ноември 2017
Мислења
122
Поени од реакции
85
За беко апарати сум задоволен се шо имам купено од таа марка
 
Kajgana Shop

На врв Bottom