FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Еее кај баш овој филм го најде жити се... Јас намерно си го оставив негледан.
Исто, коа ќе снемам идеи што да глеам идам прво кај Кристијан Бејл и по 150ти пат му ги разгледувам филмовите и ќе го отворам овој и си викам не сеа и добива Х. :D
Сеа конечно ќе биде изгледан.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.321
Исто, коа ќе снемам идеи што да глеам идам прво кај Кристијан Бејл и по 150ти пат му ги разгледувам филмовите и ќе го отворам овој и си викам не сеа и добива Х. :D
Сеа конечно ќе биде изгледан.
Јас за Леџер така, ама се негово симнав да гледам и викам ај еден ќе оставам намерно, а бирав жими се кој да го оставам. И овој го избрав и си стои дома на страна. И ако го изгледам и него, сите негови филмови ќе ги имам изгледано, а еден сакам негледан да ми стои. И како може од толку филмови баш овој да биде предложен во клубов. Против мене за инает. Жал ми е да го гледам :(
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Еј само за Анон некој филм кога ќе предложам нешто ко Лоренс од Арабија или Клеопатра, од 3 и пол саати, нека гледа цел ден. :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.756
Поени од реакции
33.484
Еј само за Анон некој филм кога ќе предложам нешто ко Лоренс од Арабија или Клеопатра, од 3 и пол саати, нека гледа цел ден. :pos:
Јас се мислев O.J. Made in America да му го акнам, зашто за наградите го предложил за номинација, а не му е гледан, па ај викам да му ја остварам желбата. И онака не сме имале документарец во клубов.

7-8 саати трае филмот, инаку.[DOUBLEPOST=1490042279][/DOUBLEPOST]@wot, наслов - Film Club (I'm Not There.: 20.03 - 02.04)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Јас сакав да го предложам овој уште првиот пат. Прво прашав дали ќе се рачуна како мини серија или филм (повеќе е филм во 3 дела со времетраење од 4 и пол саати), но по консултации со Злате кој ми пиша нешто као дека може ама поради големината двајца, без тројца би го изгледале. Ама сега кога Анон пиша.... ќе го земам тоа во предвив кога ќе ми дојде редот за предложување. :gjavol:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.321
Најдолги 3 филма што сме ги изгледале во клубов се:
Once Upon a Time in the West 2ч и 55м,
A Time to Kill 2ч и 29м и
A.I. Artificial Intelligence 2ч и 26м.

А најкратки три:
Harvie Krumpet 23м
A Short Film About Love 1ч и 26м и
Grave of the Fireflies 1ч и 29м.

Ако ве интересира, малце Злате да го заменам :LOL:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
I'm not there (2007)

Од Боб Дилан знам неколку негови песни, некои испеани од него, некои напишани за некој друг, некои кавер верзии. Редовно ме изненадува кога за некоја позната песна ќе дознаам дека тој е автор. Но речиси ништо не знам за неговиот живот. Кога ob1 го претстави филмот како биографски за Боб Дилан, си реков супер, конечно ќе имам прилика малку повеќе да се запознаам со неговиот лик и дело. Но, испадна дека треба многу добро да се знае животот на Дилан за да може да се следи филмов. Инаку многу работи нема да може да се препознаат, како одредени фази од неговиот живот и творештво и настани кои ја одбележиле неговата кариера. Едноставно ќе немаат смисла. Јасна е интенцијата на режисерот да ги претстави различните аспекти од неговиот контроверзен живот со неколку различни актери (и актерка). Но тоа, како и некористењето на вистинските имиња на личностите само создава уште поголема забуна за неупатените. Во филмот користен е и документарен материјал, кој прашање е колку е вистински документарен а колку е сниман за филмов и прикажан како таков. За познавачите можеби е интересна игра да ги препознаат вистинските сегменти, но за останатите во кои сум и јас крајно напорно за следење. Многу вешто измонтирано сето тоа, тоа морам да признаам.
Црно бели сцени, топли бои, ладни бои. Еден куп симболики од кои ниту една не разбрав. Делот со Ричард Гир како каубој во 19-ти век? Интересен за гледање, ама втф!?
Филм за фановите на Дилан. За другите, ќе го цитирам новинарот на пресот: "I'm not sure I follow".
6/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
4/10

Not my cup of tea, ова е филм за дај хард фановите на Дилан, ретко кој друг би можел да го разбере. Саундтракот епи како што беше очекувано, како што кажа погоре, јасна ми стана намерата со различниве ликови, ама премногу конфузно за следење, се осеќав како прва сезона од Lost да гледам, толку ништо не разбирав од филмов.
И озбилно, делот со Ричар Гир ако може некој нека го објасни жити се...
Милиони симболики имаше гарант, ама за филмов не само дискографијата на Дилан, треба буквално се и сешто да знаеш за да разбереш се што сакал да пренесе филмов.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Скроз заборавив да пишам, а првиот ден го гледав. Веќе кога го прочитав ајсбој, мора да кажам дека слично се осеќам за филмот. Тешко ми беше да го пратам филмот и ретко кога филмот не ми беше лош. Единствено делот со Кејт Бланшет ми беше ок, а мислам на тој дел и најмногу се задржаа, ми се допадна таа верзија на Боб Дилан. До негде и со црнчето... 5/10 а може и тоа му е многу.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Фала Богу го завршив филмов.
Не ми се допадна.
Никогаш не сум го слушал Боб Дилан и немам апсолутно никакво мислење за него ниту пак интерес за неговата музика а уште помалку за неговиот живот и филозофија
Филмот имаше премногу музика, и тоа од онаа тиња музика за мене, американски блуз/фолк/кантри whatever.
Само 3-4 сцени асални каде што имаше некои емоции од Шарлот и Бланшет.
Барем Мишел Вилијамс да ја имаше повеќе во филмот...
Не ме интересираше ич политиката... не ми беа некако синхронизирани сите што го глумеа. Ко различен лик ми беа.
И не, не верувам дека тоа била идејата да ги видиме различните страни, каков бил он со фамилијата, со соработниците, со фановите...
Документарен мјузикл o_O :confused:
4.5/10
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Уф тешко, не сакам вакви филмови, ниту го слушам Боб Дилан. Онака колку да помине го гледав, не знам ни што да кажам. Долги беа овие 2 саати, ко 4 ми изгледаа, ептен го развлекле. Немам коментар стварно. 4 оценка.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Meне ме начека филмов на сред колоквиумска, така да тешко до вечер да го изгледам. Наредните 2 исто нема да сум во можност оправдано, па се читаме некаде на почеток на Мај. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom