Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

P

PewDiePie

Гостин
Стар лисец ако не те заебе кој :D
Добро бар му се исплатеше лижењето гз последниве години,а и правилна одлука е од негова гледна точка си ја води репрезентацијата,плус дома играат....треба да си ментол да испуштиш таква шанса.
Ме интересира дали ова значи и заминување од Металург,многу веројатно е така,стар е веќе да се бафта по ловчени,белорусии.а и реално му даде се што можеше на Македонскиот ракомет,го крена 2 нивоа погоре,единствен што се залагаше да направи играчи од помладите и да им даде шанса.
Фраерски би било ако ова му е последна сезона на крај да го испратат со еден меморијален меч против вардар и вујо,со полни трибини и станич,мојсо,вугринец.....сите што биле,на терен.

Е сеа за нас ова е ситуација за која јас се надевав дека ќе се деси,нејќам да се става пак некој тренер од првенство посебно не Раул,зошто реално типот освен вардар мисалм дека благо везе нема што се случува кај нас,не ги ни знае репрезентативците,освен Столе што не го ни става на утакмици,мислам симпатично е тоа што се труди на македонски,за разлика од неговиот претходник,ама некако мислам дека за нас е или јак мотиватор,или македонец. Јак мотиватор има,Каменица рече дека пелистер му е последен клуб во кариера а и стар е веќе и он,ама мислам дека не би одбил да ја води репрезентацијава,поседно со ова раководство на РФМ,кога е се на место.......само проблем е што ние сме во транзиција,не толку мрачна како онааа на сдс ама тука негде :icon_lol: и на овие млади играчи им треба нешто од страна,мислам дека им е преку таквото да им се придарава некој на српскохрватски веќе.
Скандинавец,со модерен брз ракомет,време е па макар и да биде неуспешно,ама нека ризикуваат,за таа плата што ја јадеше лино ехеее,тренериште ќе се најде.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Илијасон Темелековсан.
Не знам колку е кадар чичето, не дека имаме некоја вау репрезентација ама искрено енигма ми е Темелковски некако ми нема некој тренерски квалитет ама што знам, да не јадам го*на за човекот зашто бев еден од оние што го подржуваа Червар најмногу тука на форумов и еве како излезе така да сеа кој и да стават ке си ќутам, можда Андон Бошковски или како и да беше океј ја водеше екипата на Вардар мислам дека ако веќе иде Темелковски со овој у пакет топ ке сме а да и Брестовац у тим обавезно нека не се глупираат ни фали човек што ке си работи бек офис анализи на тимови.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Брестовац што пред Тунис за квал. за ОИ велеше дека ги знаат Тунис, нема што да ги анализираат?
Не фала.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Еден коментар и од мене за опциите за селектор:

- Темелковски (има искуство зад себе но мислам дека е веќе испукана пушка и си е таман за помошник + селектор на младите)
- Брестовац (според мене најголем потенцијал од нашите тренери но сеуште нема искуство како главен тренер а репрезентацијата во толку опасен период е преголем залак за некој без искуство)
- Алушевски (секоја чест за она што беше како играч, но засега не покажал никакви ни лидерски ни тренерски способности. Се што постигнал е да се испокара со федерацијата бидејќи не сакаа да фрлаат пари во него за џабе и да влезе во политика за ситен личен ќар. Згора на се нема ни тренерско искуство. Убедливо најлоша опција од сите)
- Шундовски (Се изделка изминативе години, реално е можеби најсигурно решение од домашните опции, но не знам колку е во тек со помладата група ракометари. ОК како бекап опција)
- Кастратовиќ (Има искуство па и успеси на репрезентативен план со Црна Гора. Не е многу популарен избор, но за брзо закрпување и резултати не е така лоша опција. Во резервната група со Шундовски би го ставил)
- Каменица (Странската верзија на Темелковски. Ми се чини дека го одминаа годините за толку одговорна функција)
- Дениќ (Веројатно најдобра опција од реалните можности во моментот. Големо искуство со Словенија а има и резултати. Ќе може да се фокусира на репрезентацијата. Добро поткован од техничко тактички аспект. Од понудата најдобра опција)
- Гонзалес (Најдобар тренер од сите опции но ми се чини дека не е реално заинтересиран)
- друг македонец (многу е лимитиран бројот на наши тренери со мастер лиценца така што не ни има други опции)
- друг странец (скандинавците не сум сигурен колку се добра опција за наш менталитет на играчи, но сосема сум сигурен дека се тренери за на долг пат, а на нашата селекција и треба селектор кој инстант ќе обезбеди пласман на ЕП за 2 месеци. За друг балканци има и добри и лош опции зависи конкретно за кој се работи)
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Мислам дека го заборавате најголемиот (буквално најголемиот :icon_lol: ) кандидат за селектор:

Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Најдобра опција е Гонзалез со неговиот помошник.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Мислам дека го заборавате најголемиот (буквално најголемиот :icon_lol: ) кандидат за селектор:

Тоа и го пишав човекот океј се снајде у Вардар мидлам дека има што да покаже у репрезентацијата

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Девојките У19 се пласираа на Европско во Словенија. Не е нешто уау, пошто за противници ги имаа Молдавија и Фарски острови, али бар бољи сме од нив. :pos:
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
- Дениќ (Веројатно најдобра опција од реалните можности во моментот. Големо искуство со Словенија а има и резултати. Ќе може да се фокусира на репрезентацијата. Добро поткован од техничко тактички аспект. Од понудата најдобра опција)
Дениќ ако добро ме држи памтењето некаде во Катар е тренер, кај шо се Шариќ и Рутенка клубот.. е сеа кој знае дали клубот би му дозволил да води репрезентација знаејќи колку се мрднати таму и колку инвестираат во ракометот.. мене друг словенец ми праи ептен "ќејф" :) тренерот од Цеље, Бранко Тамше...многу допадлив и брз ракомет игра Цеље... сите вергламе дека сакаме репрезентацијата наша да игра брз и допадлив ракомет па Бранко би бил топ погодок :)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Дениќ ако добро ме држи памтењето некаде во Катар е тренер, кај шо се Шариќ и Рутенка клубот.. е сеа кој знае дали клубот би му дозволил да води репрезентација знаејќи колку се мрднати таму и колку инвестираат во ракометот.. мене друг словенец ми праи ептен "ќејф" :) тренерот од Цеље, Бранко Тамше...многу допадлив и брз ракомет игра Цеље... сите вергламе дека сакаме репрезентацијата наша да игра брз и допадлив ракомет па Бранко би бил топ погодок :)
Ако не се лажам и самиот се има понудено за да ја води репрезентацијата, а последен брз ракомет игравме во Ниш и Белград и сите знаеме како завршивме таму до ден денес си го баеме тој резултат, и коцките малце се наместија ама и игравме страшно е сеа колку среќа имавме толку немавме бо клучни моменти ама океј, поентата беше дека ни одговара тој ракомет може да го играме и младиве треба тоа да го учат а не споро на ти го дај ми го.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Раул Гонзалес ќе стигне на фајнал-фор у Келн а може и амбиција му е европски шампион да стане, не верувам дека ќе се замара со дрвата у репрезентација.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ако не се лажам и самиот се има понудено за да ја води репрезентацијата, а последен брз ракомет игравме во Ниш и Белград и сите знаеме како завршивме таму до ден денес си го баеме тој резултат, и коцките малце се наместија ама и игравме страшно е сеа колку среќа имавме толку немавме бо клучни моменти ама океј, поентата беше дека ни одговара тој ракомет може да го играме и младиве треба тоа да го учат а не споро на ти го дај ми го.

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Брз ракомет не сме играле никогаш, најмалку во Србија. Ако сме имале успеси не значи дека сме играле брзо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom