Правна помош и совети

Член од
21 јануари 2008
Мислења
45
Поени од реакции
5
има да јаде и пие и да се облеква и плаќа струја
Значи има тој да се живее....
а нема за дете?
Баш така !
Има за јадење, пиење, коцкање ама нема за детето. Работава е што никој не му бара за детето повеќе, значи пријателкава му рече дека ќе потпиши дека не бара алиментација повеќе само да дозволи детево да оди странство али не сака. Како што веќе кажав, го продава всушност детето за 5000е.
 
Член од
21 јануари 2008
Мислења
45
Поени од реакции
5
Кривична пријава, член 202 ст.1 КЗ.
Еднаш имаше ваква пријава, и судијката, претпоставувам "сваровски судијка" му определи мерка "ако платиш алиментација денес до 15:00 ќе го тргнам обвинението" и батката на договорено изгледа појде уплати некоја сума околу 14000 денари, а тоа не е целата сума и делото заврши :(
 
W

wicked_1

Гостин

Малце фантастика ми е муабетов, коа се гони за ваква работа се побаруваат сите заостанати неисплатени надоместоци/рати, не иде тоа по желба на судијка или слично.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202

Види вака, и судијата гледа на малку поинаков начин да извлече средства оти во таков случај идењето во затвор не помага, џабе што ќе отиде кога потоа пак ќе продолжи со истото, што сакаш прави кога има неодговорни луѓе кој станале родители, тоа ти е.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172

Не може судија да го повлече обвинението, туку јавсн обвинител, и плус не оди тоа така за неколку сати работа, така да не држи место муабетот.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Малце фантастика ми е муабетов, коа се гони за ваква работа се побаруваат сите заостанати неисплатени надоместоци/рати, не иде тоа по желба на судијка или слично.
Така е и уште повеќе што задоцнетото плаќање (макар и да е во целост) не ја симнува кривичната одговорност.[DOUBLEPOST=1489341697][/DOUBLEPOST]
Види вака, и судијата гледа на малку поинаков начин да извлече средства оти во таков случај идењето во затвор не помага, џабе што ќе отиде кога потоа пак ќе продолжи со истото, што сакаш прави кога има неодговорни луѓе кој станале родители, тоа ти е.
Евентуалното одење во затвор не значи дека нема да постои и понатаму долгот. Казната затвор за овие дела е токму заради тоа да не се продолжи со истото и да се плаќа навремено издршката, еден вид закана или заплашување на неодговорниот родител, кој под таква опасност (и присила) се очекува да биде поодговорен.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Здраво дечки. Заинтересиран сум за купување на стан. Појдов, го видов и начелно се договоривме со газдата. Вчера ми прати договор кој би требало во текот на недалава да го потпишеме. Сега го гледам договоров и не знам дали се е наведено во него. Не знам на што точно треба да обратам внимание при потпишување на ваков договор. Мене ми изгледа се ок, се е добро напишано, ама страв ми е да не изостанува нешто што подоцна би можел да го искористи продавачот против мене и да ме уценува, да бара повеќе пари и слично. Начелно во договорот стојат:
- информации за станот,
- информации за купувачот и продавачот,
- цена и начин на плаќање,
- точни површини со податоци за имотен лист
- пресметување на камата во случај на доцнење со уплата месечна рата,
- дека нотарските и трошоците за превод ги плаќа купувачот
- договор за упишување во јавна книга

Некој совет? Дали е ова ок или да инсистирам да се додаде некој член? Барав на интернет бланко договор да видам пример, ама нема такво нешто и не знам од кого да барам совет пред да ставам потпис.
 
Неблагодарно и непрофесионално е да се зборува за тоа дали некој договор е добар или лош на ваков начин, без да се има на увид и да се прочита самиот договор, па затоа би ти препорачал сите одговори добиени на ваков начин да ги земеш со одредена резерва. Треба да се внимава договорот да ги содржи сите битни елементи кај оваа врста на договори, а особено: странки (продавач и купувач), што е предмет на договорот, цената и начинот на плаќање (роковите доколку се плаќа на рати), предавањето на владениото на станот (тоа не го видов во твојот пост, а е потребно да стои во договорот), гаранција (дека станот не е оптоварен на било кој начин и дека трети лица не полагаат никакви стварни , облигациони или сопственички права врз тој стан и дека во случај на спор продавачот ќе ги штити твоите права пред надлежен суд или државен орган, тнр.случај на евикција). Исто така важно е да се знае дека договор за купопрожба на недвижен имот е формален договор и мора да биде склучен во писмена форма и заверен (солемнизиран кај нотар). Кога договорот ќе го потпишат и двете странки, истиот се носи во даночно одделение (во општината каде се наоѓа станот), таму се носи решение за оданочување, а по плаќање на данокот (кој се движи од 2 до 5% во зависност од општината, во Охрид е 3%) се оди кај нотар за заверка-солемнизација на договорот, па потоа можеш да извршиш упис во јавните книги - катастарот на твое име на станот (односно на име на купувачот). Во овие договори може да има и некои други одредби, но тие и не се од толку суштинско значење, на пример кој суд ќе биде надлежен во случај на спор, во колку примероци е составен договорот и сл. Се разбира дека кога станува збор за договор, самите странки по своја волја (не спротивна на закон) може да вметнат и други одредби во договорот. Доколку нешто пропуштив, сигурен сум дека ќе му текне на некој друг и ќе ме надополни. Мој добронамерен совет: доколку постои и најмал сомнеж кај тебе, конултирај се со адвокат. Сигурен сум дека повеќето адвокати за таква консултација нема да ти наплатат ништо или некоја ситна и симболична сума.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Евентуалното одење во затвор не значи дека нема да постои и понатаму долгот. Казната затвор за овие дела е токму заради тоа да не се продолжи со истото и да се плаќа навремено издршката, еден вид закана или заплашување на неодговорниот родител, кој под таква опасност (и присила) се очекува да биде поодговорен.
Знам дека одењето во затвор не го брише долгот, но и праќањето во затвор не значи дека нема понатаму да се продолжи со неплаќањето на издршката, значи донакаде разбирам што место затвор е дадаено услов да плати барем дел.

Ќе ти дадам пример со еден случај, судијата го прашува таткото зошто не ја плаќал издршката, а овој му вика, “епа како да платам кога бев во затвор“, а зошто беше во затвор, “па онаа ме прати“, е добро де ајде си бил во затвор тие неколку месеци ама зошто не си го плаќал претходно и дали ќе плаќаш во иднина, “ама видете немам ова она.....“.

Џабе е казната затвор кога имаш говедо од човек кој не го боле за ништо.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Неблагодарно и непрофесионално е да се зборува за тоа дали некој договор е добар или лош на ваков начин, без да се има на увид и да се прочита самиот договор, па затоа би ти препорачал сите одговори добиени на ваков начин да ги земеш со одредена резерва. Треба да се внимава договорот да ги содржи сите битни елементи кај оваа врста на договори, а особено: странки (продавач и купувач), што е предмет на договорот, цената и начинот на плаќање (роковите доколку се плаќа на рати), предавањето на владениото на станот (тоа не го видов во твојот пост, а е потребно да стои во договорот), гаранција (дека станот не е оптоварен на било кој начин и дека трети лица не полагаат никакви стварни , облигациони или сопственички права врз тој стан и дека во случај на спор продавачот ќе ги штити твоите права пред надлежен суд или државен орган, тнр.случај на евикција). Исто така важно е да се знае дека договор за купопрожба на недвижен имот е формален договор и мора да биде склучен во писмена форма и заверен (солемнизиран кај нотар). Кога договорот ќе го потпишат и двете странки, истиот се носи во даночно одделение (во општината каде се наоѓа станот), таму се носи решение за оданочување, а по плаќање на данокот (кој се движи од 2 до 5% во зависност од општината, во Охрид е 3%) се оди кај нотар за заверка-солемнизација на договорот, па потоа можеш да извршиш упис во јавните книги - катастарот на твое име на станот (односно на име на купувачот). Во овие договори може да има и некои други одредби, но тие и не се од толку суштинско значење, на пример кој суд ќе биде надлежен во случај на спор, во колку примероци е составен договорот и сл. Се разбира дека кога станува збор за договор, самите странки по своја волја (не спротивна на закон) може да вметнат и други одредби во договорот. Доколку нешто пропуштив, сигурен сум дека ќе му текне на некој друг и ќе ме надополни. Мој добронамерен совет: доколку постои и најмал сомнеж кај тебе, конултирај се со адвокат. Сигурен сум дека повеќето адвокати за таква консултација нема да ти наплатат ништо или некоја ситна и симболична сума.
Дали станот кој го продава продавачот е стекнат во брачна заедница, многу битна ствар која повеќето ја пропуштаат, така да најдобро да се консултира со адвокат.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Дали станот кој го продава продавачот е стекнат во брачна заедница, многу битна ствар која повеќето ја пропуштаат, така да најдобро да се консултира со адвокат.
Така е колега, иако тоа не е битен елемент кај договорот, само што нотарот ќе му бара изјава при солемнизацијата од брачниот другар (доколку постои таков се разбира) и тоа е пракса која е воведена во последниве неколку години токму од страна на нотарите, а јас како правник и не сум баш убеден во нејзината оправданост и потреба.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Така е колега, иако тоа не е битен елемент кај договорот, само што нотарот ќе му бара изјава при солемнизацијата од брачниот другар (доколку постои таков се разбира) и тоа е пракса која е воведена во последниве неколку години токму од страна на нотарите, а јас како правник и не сум баш убеден во нејзината оправданост и потреба.
Имотот стекнат во брачна заедница е заеднички имот, а најчесто гласи на име на едниот брачен другар, кој што ако не даде согласност брачниот другар кој што не е впишан во катастарот, може да претставува основ за тужба , каде купувачот ни крив ни должен може да се соочи со тужба за имот кој што го има поштено платено.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Имотот стекнат во брачна заедница е заеднички имот, а најчесто гласи на име на едниот брачен другар, кој што ако не даде согласност брачниот другар кој што не е впишан во катастарот, може да претставува основ за тужба , каде купувачот ни крив ни должен може да се соочи со тужба за имот кој што го има поштено платено.
Не секој имот стекнат за времетраењето на бракот е и заеднички имат. Може да биде и посебен имот на само едниот брачен другар.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Не секој имот стекнат за времетраењето на бракот е и заеднички имат. Може да биде и посебен имот на само едниот брачен другар.
Јасно, Јасно... но ако е може да биде проблем ако не се наведе согласноста на брачниот другар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom