Драга Кајгана (виртуелен дневник)

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.098
Поени од реакции
16.298
ДК

Ауу шубо гледале отворени очи драга кајги широко отворени. Убав бил овај светот и животот а богами и карма имало :). Добро е оди на подобро, само јас и Диоген сме се барале себе си со фенер јас се најдов тој уште се барал слушам :icon_lol:. Мајтап на страна се е добро. А и оваа @ЏинЏер ме поеба сега со песната шо барав да ја кликнам дури ти пишам.....Се е убо кајги охооо седмо небо, а осеќам можи и подобро и ќе биди :). Пролет иди Кајги прооооооооооооооооооооолет !!!! Ајмо удри силно на фотосесиии, почнува работата, заебанциите, сонцето. Чупињата нема веќе да се како зелки слој облека под слој облека, тек почнува убавото. Него дај да си легнам јас шо се мандорам уште со тебе.

Те сакам Кајги :love::icon_lol:

Добра ноќ
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
^
На Битпазар килото му е 100е, но ако се користи против каури тогаш е фрее!
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Дајте слика од @Agda Beata, што е овоа само и се пуштате!

п.с. ако е добра и јас да и се пуштам:P
п.с.1.се шалам за другар прашувам:D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Модерни времиња морииии

Украдени пиштол и куршуми од манастирот во село Опеница
Вести | Охрид | 16.02.2017 14:02Посети : 1517
Во охридската Полициска станица, вчера, телефонски се јавил свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во село Опеница-охридско и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот.





Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје.


Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


OhridNews
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ќе верувам во универзална правда, тогаш кога Владо Јаневски ќе лежи робија за кражба на преку 140 руски песни. И за тоа што ја донесе сидата во Македонија. Заедно со Стенли Адамс, добро.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Кајги поима неам што се случува со луѓево, ама прекинав контакт со уште една другарка шо се дружиме од мали. Дали сите се мрднале или нешо не е у ред со мене, па погрешно мислење и размислување имам, не знам шо е финтава. :toe: Како може бе така лесно некој да потпаѓа под влијание бе? Се чудам на другарствава. Не пијам па ни нафта ебаго, не ми прија на желудац... ниту пак имам намера да докажувам дека сум во право. Времето ќе си покаже, ништо друго. Батали, небитно више. :D

Моиве уште од ноември ме тераат да си купам чизми и јакна, јас абер немам. Па снегот помина де. Шо ќе ми се чизми сеа? :X3: Скроз ми е непознато задоволството да се шетам по продавници и да бирам чизми, а и општо по продавници. И шо има интересно? :sleep: Освен ако не се некои модли, калапчиња, чаши, макар и за украси низ соба, таква работа може. :X3: И' правев друштво на другарка да си купела кармин, едвај ме натера, 400 и кусур ги лупна за кармин. Па ја за толку пари сецкото си го купив бе. :LOL: Па уште ме прашува која боја била подобра... па тоа све исто бе. :toe:

Ај, чао. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Добро, што е со луѓево што шетаат кучиња? Значи деновиве се потстопли, излегоа со кучињата надвор да шетаат и почнаа да си ја покажуваат својата несовесност.

И јас чувам куче, воспитано или не, го шетам на пократок ланец и истото носи маска, што од законска обврска, што од тоа да не касне некого, што од тоа да не изеде отров, но изгледа некои сопственици на кучиња немаат никаква совест. Кучињата кај ги шетаат без маска, па уште и пуштени. Ги пуштаат слободно ,,до нив" да шетаат што од мали раси на кучиња, па се до поголеми раси, меѓу што и пит булите. Истите нивни кучиња се збоднуваат на други кучиња, како што е моето, а моето од што има маска неможе да се одбрани, па јас го тргам, го влечам за да го одбранам. А кога ќе посегнам по камен или прачка за да го избркам нивното куче, истите несовесни сопственици почнуваат да реагираат, а иначе незнаат да си го тргнат кучето.

Но ајде, да го тргнеме тоа на страна. Таквото куче колку и да е воспитано, колку и да е вакцинирано може да нападне некој човек, меѓу што и дете кое можеби не ќе може да се одбрани, па ќе настрада.

И да, поради ваквите луѓе во последно време немам трпение за ништо. Ми треба одмор, да се вратам на стариот јас. Едноставно ми треба одмор од се!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како да не му требаат доволно причини на човек органски да не може да го поднесе февруари, ама сериозно, таман во моментот кога ќе си речеш: „Е до тука е границата, не можам повеќе од ова да не го поднесувам февруари, не може да е поголема штеточина од ова.“, тогаш февруари ќе реши да ти покаже дека е уште поголема штеточина, па од никаде-некаде (буквално) ќе те стрефи со некој гаден вирус и температури, па во моментот кога таман некако си почнал да ја симнуваш температурата, магично ќе ти се укочи вратот. :mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:

Ем најкраток, ем најглуп и најголема штеточина. :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom