Вработување преку ЕУРЕС

Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
Здраво дечки се регистрирав на форумов за да прашам во врска со ова.

Јас до сега имам работено за странски фирми но во Македонија (немам мрднато од тука), па сакам истата моја работа да ја вршам како редовно вработен некаде во Европа, да видам како е животот таму а и можеби јазик да научам.

Имам слушнато дека ако се најде работа преку ЕУРЕС можело и со Македонски пасош да се добие работа дозвола, дали е тоа точно?

Според мојата струка има доста отварања со минимална плата од 4,000 евра месечно се до 8,000 евра месечно



Па сакав да ве прашам која е и како иде процедурата?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Која е твојата струка?
Зашто не си аплицираш директно во некоја компанија која би ти одговарало?

Јас имам братучед, програмер, работи во Минхен и живее скоро 5 години. Секогаш аплицира директно во компанија и си работи со Македонски пасош нормално. Пред 1 година си доби виза на неограничен престој во Германија, но и предтоа не му беше проблем да си работи.
 
Т

Триптико

Гостин
Доналд Трамп он ди ер во Македонија :ROFLMAO:

Шала на страна, Еурес е само една голема огласна табла. И ништо друго. Самата фирма каде што ќе аплицираш, ќе ти каже каков пасош и што се треба да исполниш за да работиш за нив.

Со среќа (y)
 
Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
Ви благодарам на одговорите :)

Која е твојата струка?
Зашто не си аплицираш директно во некоја компанија која би ти одговарало?

Јас имам братучед, програмер, работи во Минхен и живее скоро 5 години. Секогаш аплицира директно во компанија и си работи со Македонски пасош нормално. Пред 1 година си доби виза на неограничен престој во Германија, но и предтоа не му беше проблем да си работи.
SEO
Проблемот е што многу ретко компании вработуваат личност, туку повеќе идат кон агенции. И многу ретко се наоѓа работа преку контактирање фирми. Али гледам сега преку ЕУРЕС има многу отварања, па да си средам CV и да почнам да праќам.
 
Член од
17 август 2012
Мислења
63
Поени од реакции
8
Дечки дали некој има конкретно искуство со барање на работа преку ЕУРЕС? Гледам многу од огласите немаат конкретен сајт за аплицирање туку имаат оставено само мејл. И многу ме интересира ако веќе е подобро да се аплицира директно на компанија како би се дошло до датабаза на компании за да знаеме барем еден бекграунд на компанијата каде аплицираме.[DOUBLEPOST=1484246647][/DOUBLEPOST]Дечки дали некој има конкретно искуство со барање на работа преку ЕУРЕС? Гледам многу од огласите немаат конкретен сајт за аплицирање туку имаат оставено само мејл. И многу ме интересира ако веќе е подобро да се аплицира директно на компанија како би се дошло до датабаза на компании за да знаеме барем еден бекграунд на компанијата каде аплицираме.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Дечки дали некој има конкретно искуство со барање на работа преку ЕУРЕС? Гледам многу од огласите немаат конкретен сајт за аплицирање туку имаат оставено само мејл. И многу ме интересира ако веќе е подобро да се аплицира директно на компанија како би се дошло до датабаза на компании за да знаеме барем еден бекграунд на компанијата каде аплицираме.
Моето мало искуство... оставив CV на Еурес, по меил ме контактира агент од Кипар и ми понуди работа, закажавме интервју, ми се јавија по телефон газдите од Хотел.. и така заминав на работа во Кипар (првиот пат) . Мејлот може да го впишеш во гугл и да видиш често знае да даде резултат од која фирма потекнува и слично... Друг начин нема, ако не пишува не пишува, обично се агенти,агенции кој поставуваат оглас без има на фирмата, ако го постави инаку они губат, ти директно ќе си прашаш во фирмата и они остануваат со прст у уста и без нивната компензација...
 
Член од
17 август 2012
Мислења
63
Поени од реакции
8
Фала на одговорот. Како мислиш остави CV на Еурес? Во смисла се регистрира на страната и го остави CV-то во датабазата нивна па те контактираа или аплицираше за специфично работно место на конкретен оглас? Јас досега аплицирав на преку 30-тина огласи али ништо. Дел од нив (секоја чест) одговорија али се се сведува на едно исто....мора да пријавиш адреса во местото каде што аплицираш па да с зборува за договор за работа. Да не случајно знаеш други портали каде може да се бара работа низ европава?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom