Techno/Tech House/Minimal журки, артисти, фестивали итн...

T

Torchyrus

Гостин
По настапот пред година и некој месец на Green Fest во Штип, втор пат во Македонија ни доаѓа ХИТО !
Настанот ќе се случува во летниот клуб Фабрика на 18ти јуни.
fb event
https://www.facebook.com/events/250953355265480/
 
T

Torchyrus

Гостин
Супер фестивал и во Кичево, еден од најпросперитетните ДЈ-еи и продуценти моментално на сцената Metodi Hristov.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Ако иде некој/планира да иде на Exit и нема карти, продавам за Exit + Sea Dance по истата цена кои што ги купив кога беа на попуст, 3600. Пишете inbox ако сте заинтересирани, само треба да бидете од Скопје затоа што мора да се препишат картите во Југотон.
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198
Ima nekoj sto ima odeno na Solomun da prenese impresii ? :)

Znam deka Torchyrus bil sigurno, pa...voila...
 
T

Torchyrus

Гостин
Не бев активен последниве 2 недели, па еве да пишам едно мислење за журката со Соломун и Хош.
Како за промена и проба со оглед на околностите дека Соломун настапуваше и во Приштина истата вечер, ми се допаѓаше тоа што журката почна порано, планирав да одам порано и да фатам сансет али поради сплет на околности неможев и стасав на Средно Водно околу 21:00, на влез немаше гужви. Карти 900 денари, во Приштина истата вечер беа 5 евра за женски и 10 за машки, би рекол дека кај нас беа поскапи одошто треба, мада целиот проект кошта многу. Местото одлично уредено, добар шмек даваа црните завеси кои беа на објектот од десна страна, одма од влез лево. чил зона (y), стејџот не беше оној стандарден како на секоја журка и со додатоците од двете страни изгледаше фино, не беше и нешто вауу али беше поразличен и подобар од обичниот од кој ми e веќе преку глава. Најважно за мене е звукот, а тој беше инзовреден ! Funktion one, врв ! Највеќе поени добиваат за тоа. Светлото беше океј. Соломун почна во негов стил лабаво, така и заврши, не ми остави некој впечаток, а до душа не ни очекував нешто повеќе. Во неговиот сет повеќе спушташе одошто креваше атмосфера. Со оглед на тоа што беше варм ап за Хош и очекувано, почна околу 21 заврши накај 1, по него Хош и одма се сети разлика, почна агресивно крена атмосфера, а публиката за жал се преполови :confused: ,се преполовија и голите испотени ,,рејвери'', сетот му беше доста мелодичен и за мој вкус солиден. Не памтам кога последен пат сум заминал од журка пред да ја изгасат музиката, али напорниот ден и тоа што мислев дека е добро журката да почне порано си ја плати цената. Останав до кај 4 саат, а нешто после тоа Хош го завршил сетот и по него пуштал Флудер.
Ако ја занемарам цената на картата, единствена замерка би била околу цените на пијачките. 150 ден. пиво 70 ден. вода...Мислам дека реално и прифатливо за наши услови и стандард би било 100 со 50 како што е и скоро секогаш.

Топла препорака до сите љубители на добриот звук да присустуваат на 16ти на Пан Пот, очекувам и ќе биде многу многу подобра журка, подобра музика, атмосфера и се останато, секако и помалку куку леле публика.
 
Aj pa chekame review i od Pan-Pot :)
 
T

Torchyrus

Гостин
Еве сега само што се прибирам од журката па ќе пишам одма.
За Пан Пот некако не се крена толку голема галама како за Соломун, но сепак имаше солиден број на посетеност, плус со оглед на тоа што во ист викенд се поклопи со Reworks во Солун, фестивал на кој според моја проценка од Македонија одат околу 200 луѓе, ако не и повеќе. За разлика од предходната журка кога имаше молење и колење за гратис карти и ретко кој доби сега списокот беше бааги подолг и тоа имаше свој придонес да сепак има солиден број на посетители. Просторот беше скратен со тоа што од влезот десно еден дел беше преграден со цел да изгледа пополно што е и добра работа. Поставеноста на шанковите, чил зоната, випот, цените на пијачките, изгледот на стејџот и најважниот дел звукот беа повторно исти. Стасав околу 12 со цел да ја слушнам и косоварката Јехоне, почна нешто покасно. Не е лесно да се загрева за Пан Пот, а како она го направи тоа па и не сум баш импресиониран. Пушташе некој дип хаус, ептен умртвуваше и сите едвај чекаа да заврши со сетот додека она буквално си уживаше на стејџ со некои драм енд бејс денс и движења од една страна на пултот кон друга (којзнае шо дрога и ставиле у пијачката). Во еден момент имаше некои проблеми па и` се исклучи музиката на минута и мораше да превземе некој од нашите Дј-еи.
Добро беше шо имаше простор да се игра и да немора да се буткаш со никој. Како на Соломун кога голи батки со швајц наочари како хиени излегуваа од сите страни и рушеа се пред себе.
Немав батерија на телефонот и не загледав во колку точно почнаа Пан Пот, но одприлика некаде околу 1:30, се надоврзаа на Јехоне и полека полека го градеа сетот, не практикуваат да пуштаат многу нивни траки, мислам дека слушнав и препознав само 3. Од попознатите артисти свртија нешто од Fitzpatrick, Capriati,Metodi Hristov и Paul Rich колку што јас успеав да бидам сам свој шазам :D Одприлика по еден час валјда околу 3 веќе се сети разлика и беа многу многу повеќе агресивни и раздумкаа појако.
Генерално атмосферата средно жалосна.
За мене оваа беше подобра журка.
Комплетна оценка 8/10.
За наредниов период се најавуваат Octave One во Станица, Hernan Cattaneo во сала Работночки, но според информациите кои ги имам нема ништо да биде од овие журки.
10.10 The Advent.

to be continued....
 
Последно уредено од модератор:
T

Torchyrus

Гостин
Откажана е само журката со Cattaneo, Octave One сепак ќе гостуваат иако првично на нивната фејсбук страна Скопје од tour dates беше тргнат...

https://www.facebook.com/events/161965180920203/[DOUBLEPOST=1474750792][/DOUBLEPOST]На 30ти септември Dubfire гостува во Приштина
https://www.facebook.com/events/1132768350138730/
Честа да отвори ќе ја има нашиот Flooder, според мене еден од топ 3 мк дј-еи.
Уште од поодамна не сум фан на Dubfire бидејќи ми е многу overrated,a највеќе после испадот, ароганцијата и глумењето лудило на Green beach festival.
Клубот Zone е неверојатен, комлетно со уредувањето и изгледот на просторот, атмосферата, звукот, местото за афтерпарти кое на вакви журки почнува некогаш дури и во 8/9 часот наутро и трае до пладне овој клуб е еден од најдобрите на балканот, ако не и најдобар (од оние со поголем капацитет). Публиката е многу пријатна и скептицизмот околу Приштина може да се тргне настрана.
Косоварките се лудило :love:[DOUBLEPOST=1474752090][/DOUBLEPOST]15ти Октомври Штип
SHADED live set
Искрено кога ми кажаа дека ќе го носат тогаш прв пат слушнав за Дј-ов, гледам дека е дел од SCI-TEC лејблот на Dubfire.
Со Shaded не сум запознаен, но со Green Fest и тоа како, се одржува во Дом на Култура и влезницата секогаш е џабе. Странски имиња кои досега имаат настапувано се Fabio Florido, Stiv Hey и Hito.
На Green Fest oвa ќе му биде 5то издание, а сум присуствувал на сите предходни и никогаш не сум зажалил.
Топла препорака до сите што сакаат да мрднат малце настрана од Скопје и останатите градови и како за промена да се журкаат на друго место да го посетат фестивалчево.
п.с Кој е за авантура плус,15ти е бесплатен викенд за млади со воз, железничката не е блиску до центарот во Штип, но такси кошта од 50 до 70 денари.
 
Последно уредено од модератор:
Г

Грејвдигер

Гостин
За Octave One прво беше на 15ти октомври ако не се лажам, па го снема, па го додадоа на 14ти. Не знам зошто, што, како, но могуче е да е и чисто преуредување на датумите. Чудно малце, и Катанео беше за ист датум... Се надевам ќе го донесат и него во блиска иднина, одлична журка направи на EXIT годинава со Хенри Сајз.

Што се тиче Косово, супер се изминатите година-две, колку што ги следам. Имаат и некој чуден (или воопшто го немаат) закон, никако не се ограничени со времетраење, галами и чуда... а и искулирани луѓе има. Дабфајр првпат ќе натапува таму, а за испадот у Охрид имам поделено мислење... се има дешавано и на други места некое име да се нафура и да тера многу повеќе. Од друга страна пак, глупо е што Маци се измкна од Берлин за да пушта музика.

Шејдед мислам дека топ ќе испадне во Штип. Првпат и јас го слушнав сеа, иако на почетокот на годината го имав среќавано на листи на диџеи што треба да се пратат годинава, ама некако шминкерска фаца ми има, па го игнорирав :)))

https://www.youtube.com/watch?v=Kq19CHdTWvQ

Ми се свиѓа што почнуваме да се опораваме полека-полека. Треба да има уште журчиња кај нас, доста беше акање по Јалта, Блок 33, Милоси, Метрополиси и пичке материне :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom