Добитници на лотарија за САД

Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
Јас сепак мислам да не се оптоварувате со тиее работи бидејќи навистина е премногу рано да размислувате на сето тоа, а и покрај сето тоа дај боже секој да добие и да стигне до полагањето во УСА за државјанство и пасош, па тогаш секој мозе тамму да си ја заврши работата со адвокат бидејќи во УСА без адвокат ништо не може да се направи. Па никој не може да знае за сигурна информација да каже освен некој кој го познава тамошниот закон или пак има изучено право во УСА. Можам само да ви кажам дека работите од УСА се многу поедноставно решливи отколку кај нас. ;);)
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Здраво на сите кои го следите форумов наш. Јас сум еден од избраните на лотаријата за 2016 год. и токму денеска бев на интервјуто. Многу ми е жал што од таму носам лоши вести но сепак е многу подобро да споделам тука со сите вас за никој друг да не се најде исто како јас во таа ситуација.
Се појавив јас во амбасада со сите потребни документи за да го обавам интервјуто,следејки ги сите чекори како што се објаснети со сите документи, и покрај тоа што бев во консултација со пријатели од америка,со адвокати од америка,со следење на чекорите во амбасада на нивната официјална страна и со многу форумџии се консултирав и на крајот испадна дека сите ние на некој начин повеке знаеме од тие во амбасада. Се работи за проблем каде што јас имам завршено СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ОД 4ГОДИНИ, но мене ме дискфалификуваа поради тоа што 4-тата година во средно од фамилијарни причини ја одев вонредно (сето тоа им го докажав во амбасада) без никаков прекин во образованието,без губење на континуитетот, и имам завршено заедно со мојата генерација! ЕДИНСТВЕНАТА ПРИЧИНА Е ТОА ШТО СУМ НАПРАВИЛ ПРОМЕНА НА СТАТУС!!!
Моите прашанја во амбасада во врска со мојот проблем :lut::lut::lut:
*Дали имам прекин во моето образование? - НЕ
*Дали мојава диплома ми е еквивалентна на 12 години школување во УСА? - ДА
*Дали со мојава диплома можам да се запишам во било кој колеџ во УСА? - ПА ДА БИ ТРЕБАЛО
*Дали моите сведителства ми се потребни за во УСА за било некогаш?- НЕ НЕМА ДА ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
*Поради која причина вие мене ме дискфалификувате? - БИДЕЈЌИ ЗА ДИВЕРЗИТИ ПРОГРАМАТА ПОТРЕБНО Е ДА СТЕ РЕДОВЕН УЧЕНИК СТЕКНАТО СО 12 ГОДИНИ КОНТИНУИРАНО И РЕДОВНО ОБРАЗОВАНИЕ БЕЗ ПРЕКИН
Јас бидејќи сето ова го знаев пред време благодарение на сите форумџии кој ми кажаа дека не веруваат дека ке поминам ,ги испринтав овие два линка
http://macedonia.usembassy.gov/dvlottery.html
https://travel.state.gov/content/visas/en/immigrate/diversity-visa/if-you-are-selected/prepare-supporting-documents.html
Ајде еве јас не разбирам англиски :D ,, па некој кој повеке разбира нека преведе од овие два линка каде пишува РЕДОВНО ПОСЕТУВАНА НАСТАВА, ИЛИ МОРАЛНО РЕДОВНО ЗАВРШЕНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, ИЛИ БИЛИ КАКО САМО ДА СТОИ ЗБОРОТ РЕДОВНО??? :D
Конзулката беше навистина љубезна и немаше одговор на моите два испринтани документи и покрај тоа што секоја држава има некој свои авторски права во амбасадата, јас ги следев нашите правила од амбасадата во Скопје.
Последното мое прашанје беше
*Дали вие мојата диплома ја рангирате во рангот на (G.E.D.) ? AM SO SORRY!!!:popce::popce::popce:
Така да мои форумаши неможам да Ве посоветувам никого дали да ја следите нашава амбасада дали да ги следите само законите, но можам со сигурност да ви кажам за во Скопје
АКО НЕКОЈ ОДЕЛ ВОНРЕДНО 4-ТАТА ГОДИНА СРЕДНО,А НЕМА ДИПЛОМА ОД ФАХ ПОСЛЕ ТОА НЕКА НЕ СЕ ПОЈАВУВА ВООПШТО НА ИНТЕРВЈУТО БИДЕЈЌИ САМО КЕ СЕ КОЦКА И КЕ СИ ГИ ДАДЕ ПАРИТЕ КАКО ШТО НАПРАВИВ ЈАС,ДУРИ НЕМОРА ВООПШТО ДА ЈА ПОЧНУВА ПРОЦЕДУРАТА НИТУ СО ЛЕКАРСКО!!! Ве поздравувам сите и ви посакувам среќа на сите кои треба да одите и на сите кои очекувате да бидете извлечени, доколку можам некому да помогнам со било какво инфо тука сум ;)[DOUBLEPOST=1461081305][/DOUBLEPOST]И уште нешто заборавив,за сите оние следни кој очекувате нова постапка за зелена карта да знаете дека е обавезително за во нашата амбасада да имате I-134 (affidavit of suport) спонзор и не само тоа туку морално било спонзорот да ви даде и адреса каде ке живеете односно кај него да живеете.
А според законот во америка за I-134 вика
Спонзор мозе да биде секој државјанин на САД или со регулиран престој односно зелена карта кој ги исполнува условите за да гарантира на одредена цлена фаммилија.
Спонзорот мозе да биде на било која држава на територијата во САД и тоа не го обврзува да биде блиску до тие што им гарантира, односно во ист град или држава.
Е сега мене навистина не ми е јасно зошто мене и тоа ми го кажаа нашите кои го прават краткото интервју дека е морално тој да ми испрати адреса инаку како инаку тој би гарантирал?
Јас и објаснив дека тој го заверил I-134 на нотар, и тој гарантира за мене се од авионски карти,до сместуванје,до исхрана до се, и при првото мое пријавување како социјален случај да барам помош од државата тие одма ке се обратат кај спонзорот. Таа само ги преврте очите и ми рече ОК!!!
Можеби ова на никого не му се случило или пак немало ваков случај како мојот ЕДЕН ДА ВИ БИДЕ СПОНЗОР А ДА ОДИТЕ КАЈ ДРУГ ПРИЈАТЕЛ ДА ЖИВЕЕТЕ. но ете чисто нека се знае какво искуство имав јас во амбасада
Незнам што да кажам, останав без зборови. Многу ми е жал што се случило вакво нешто. Се надевам во иднина ќе ти се отвори нова и подобра прилика. Некои работи се случуваат од поголема причина. Универзумот работи на чудесен начин.
Истите услови се нудат низ поразвиените Европски земји, има голем број прилики и опции кои треба да се разгледаат. Генерално многу полесен процес до виза и многу подобар народ. Ако си решен да заминуваш проследи ги условите низ Европа, нека не те плаши бегалската криза, таа има минимален ефект сега засега. Платите се добри и таму, животниот стандард е поубав и од овде (Кажувам како човек што живее во Флорида).

За останатите што се наоѓаат во ситуација да се соочат со ваков проблем мислам дека можете да превземете превентивни мерки. Веднаш штом ќе дознаете дека сте добиле на лотаријата а ви претстои овој предизвик со средното образование, веднаш запишете се на било кој факултет. Исчистете еден семестар во меѓувреме додека стигне денот за интервју, има и процес како да го убрзате ова (се знае како тоа се прави кај нас, има луѓе што ќе излезат во пресрет) тотално се исплати да се повлечат и тие конци. Ова ви дава многу на тежина околу образованието и ќе елиминира проблемот (штом си запишан на факултет кај нив ова има огромно значење затоа што по заклучок можеш да се запишеш и на било кој колеџ таму).

Точен е фактот дека мора да имате спонзор кој ќе гарантира за вас пред да отидете на интервју. Спонзорот треба да наведе адреса каде ќе престојувате и треба да поседува некои минимални примања кои гарантираат дека ќе може да ви помогне и финансиски додека се осамостоите. Јасно ми е дека некои луѓе што ќе добијат на лотаријата не познаваат никого кој може да им биде спонзор во САД, ниту пријатели ниту роднини, па затоа ако се најдете во ваква ситуација контактирајте ме. Во Флорида живеат доста Маќедонци и се држиме добро, си помагаме секаде каде што треба. Сигурен сум дека некој ќе излезе во пресрет. Гревота е некој да неможе да дојде и да остане таму заради ваков проблем. Има и доста Американци кои можат да излезат во пресрет. Тука никој не останал никому дужен, секој што помогнал му се вратило со добро.

Поздрав и со среќа во Вторник. Се надевам ќе ни се исполнат соништата.
 
B

Blade Torch

Гостин
А ако те извлечат на лoтаријава, а имаш или си во постапка за бугарски пасош, има шанси да добиеш корпа на интервјуто? Дека се вади документ за неосудуваност од судот каде е наведено дека вадиш бугарски пасош и може да дојдат до таа информација.
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
А ако те извлечат на лoтаријава, а имаш или си во постапка за бугарски пасош, има шанси да добиеш корпа на интервјуто? Дека се вади документ за неосудуваност од судот каде е наведено дека вадиш бугарски пасош и може да дојдат до таа информација.
Немаат тие увид во тие работи.Првенствено ти си во постапка што не де ни знае дали ке ти дадат пасош.Инаку тие бараат потврда за неосудуваност од секоја земја каде си престојувал со регулиран престој подолго од 6 месеци. на пр. студент во друга држава, службена работа или сезонска работа подолга од 6 месеци. И тоа да ви кажам на сите немојте да се заплашувате и да мислите дека тие се таму интерпол и гледаат се и сешто и секаде! Да точно е дека се работи за дипломати и секаде вратите им се отворени но сепак тие ако се замаараат така со секого рачунајте дека пола визи нема да земат, тие се водат по дс-от и ако нешто може да проверат и би се ангажирале тоа би било само за криминално досие од полиција, и во тој случај наш курир од МВР ке појде и ке им ги однесе бараните информации и тие пак нема да одат од институција на институција, а кога веќе сум кај криминалните досиеја и тоа да ви појаснам може на некого ќе му се најде. Секој кој ке биде извлечен а веке има криминално досие да не паничи, доколку избраникот е осудуван и е осуден со условна казна,а воедно и си извадил потврда за неосудуван и таму му пишува дека е неосудуван,и покрај тоа што не направил бришење на делото, слободно да си оди на интервју како ништо да не било и таму да си се држи строго за потврдата дека е НЕОСУДУВАН. Бидејки МВР води криминални досиеја само на оние кои влегле во затвор и тоа биле осудени на повеке од една година, а оние кој веќе биле осудувани и лежеле во затвор и на потврдата им пишува осудуван ќе мора да направат бришење на делото за да не им пишува во потврдата и тоа пред да поднесат за дс-260.
Поздрав до сите форумџии и среќни велигденски празници :)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
(Кажувам како човек што живее во Флорида).
Ако не ти е тешко кажи каков е животот таму, трошоци, храна, работа, време ова она, по кои огласи се бара место за престој, каде си точно во Флорида, било што, бидејќи ако ме извлечат и јас сум на план за Мајами.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
Јас кога би можел да бирам Тампа би одел :D
 
B

Blade Torch

Гостин
Најчесто добиваат тие што не чекаат или пуштаат радиреда, ама ајде. Да се јават барем 3ца активни членови на кајгана како добитници на темава годинава!
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Јас аплицирав прв пат , али читам низ темава кај што имаат аплицирано повеке пати , па и не се надевам многу..... Со срека на сите :)
 
Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Ко ќе се отвори сајтот за проверка, бела мечка од Водно ќе донесам....
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
103
Поени од реакции
60
Цел свет се обидува да провери во првите неколку саати. :)
Почекајте некој саат па пробајте пак. :)
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Ако не ти е тешко кажи каков е животот таму, трошоци, храна, работа, време ова она, по кои огласи се бара место за престој, каде си точно во Флорида, било што, бидејќи ако ме извлечат и јас сум на план за Мајами.
Животниот стандард е на високо ниво. Околината е екстремно чиста, освен некои делови од Мајами кои се малку подзаборавени. Мајами е активен град со турбулентен ноќен живот и прекрасни плажи. Ќиријата зависи дали ќе живееш сам или со цимери и во кој дел од градот сакаш да живееш но цените се пристапни за секој со добра работа. Место обично се наоѓа на miami.craigslist.org. Работа се наоѓа лесно, особено ако имаш факултет и малку повеќе самодоверба можеш лесно да се пикнеш во поголема компанија и веднаш да почнеш со плата над $30,000 годишно. Ако си добар продавач можеш да фатиш работа било каде и да зимаш одлични примања. Но за да постигнеш успех во наоѓање добра работна позиција мораш да играш на бројки, да контактираш 300 компании и да направиш многу интервјуа, неколку ќе ти се погодат одлични. Финтата е да не прифатиш било каква позиција туку најдоброто што ти се нуди. Единствено сообраќајот во Мајами не ми се допаѓа, ако доаѓаш од Скопје нема да ти претставува проблем ама јас пошто живеам веќе две години во Сарасота навикнат сум на супер брз сообраќај без никаков застој со просечни брзини од 100км на саат. Трошоците за живот ќе ти изгледаат скапи ама кога ќе видиш на крајот на месецот пак ти остануваaт чисти 1000 долари да си ги трошиш како сакаш. Се зависи и од работата што ќе ја најдеш... на некои луѓе им остануваат и 5000-7000 долари чисти за живот и луксузи :)
Сарасота каде што живеам јас е многу мирен и чист град полн со висока класа и претежно пензионери хаха. Ако си постар ќе ти се допадне многу, ако си млад нема да ти се допаѓа. Јас искрено сакам да се преселам во Калифорнија, таму луѓето се многу подобро образовани и посреќни. Стандардот е поскап ама позитивното релаксирано опкружување тотално вреди за сите пари.[DOUBLEPOST=1462303797][/DOUBLEPOST]
Јас кога би можел да бирам Тампа би одел :D
Тампа е топ град. Живеам на 50 минути оддалеченост и пола другари ми се од Тампа. Има неверојатни места за дружење, неверојатни клубови и одлична забава. Висок животен стандард, добри работни позиции и добри плати. Во близина е Clearwater што претставува тропски рај исполнет со ресорти, хотели, одлична забава и топ журки на плажа. Сообраќајот е одличен освен во rush hour кога сите се враќаат дома од работа. Има музеи, одлични ресторани, паркови, и други културни знаменитости.

Единствено заборавив да напоменам во претходниот пост. Жените во Флорида се катастрофа. Тоа дефинитивно ќе ве иритира. Тотално необразовани со големо его и никакви амбиции. Од вредности поседуваат само цицки и газ. Секоја втора ќе се продаде за ич пари. Голем број веќе имаат минато низ стриптиз клубови. Флорида има многу ниска стапка на образование. Се додека сте friends with benefits на сите им одговара. Ако сакаш нешто посериозно шансите ти се минимални... пошто нели сака да седне на што е можно повеќе к** хаха.
Пред некој ден правам муабет со презгодна девојка која ме заинтересира зошто навистина делуваше како да ја користи и другата половина од мозокот и наш заеднички пријател подоцна ми шепнува дека пред некој месец им го пушела на двајца истовремено за 200 долари хахахах. Тоа е.. што ќе правиш... (размислуваш дали имаш екстра стотче :pos:)
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
јас сега пробав и се отвори без проблем , првите саати и јас не можев да отворам
 
Америка е америка :) сите ние сонуваме за америка и заработката таму,а никој не ги гледаме лошоте страни како на пример колку е тешко да одгледуваш дете и слично, но сепск од друга стрсжана кога ке размислиш па подобро да се пазиш од криминалци и банди отколку од политичари и криминална држава.
Затоа сите добитници ви посакувам се најубаво и верувам дека сите добро ке се снајдете, дури и тие што немаат никого во америка бидејќи ние сите овдека сме доволно измачени и сме ги уочиле сите наши права и бенифиции кој сме можеле да ги уживаме во екстра пристоен живот,но нажалост на нашите патриоти битен им е само својот џеп и конто надвор од МК. Пак ке напоменам никој да не жалите за МК и само напред се што е ова овдека нема да ви избега и можете пак да го уживате КОГА ЌЕ ПОСАКАТЕ. Но Америка можете да ја уживате само КОГА КЕ ВИ ДОЗВОЛАТ!!!
Среќно на сите а најмногу на Гоки бидејки заслужено му е и му посакувам од се срце овој пат да ни пише од УСА.
 
Член од
5 август 2015
Мислења
7
Поени од реакции
3
Ај за преоптовареноста на сајтот разбирам, ама јас имам проблем со внесувањето на податоциве. Како не го свртев името и пак ми дава ерор. Име па презиме или обратно? Па запирка меѓу нив (како што стои оригинално на confirmation page)...?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom