По бош муабети од на слава немојт да слушниш, уш некој ак имат вденато две вина или две-три ракии е тогаш беајте готови сте. Толку се бош шо оние пијаницине пред коперација шес пати по интелектален муабет ќе свртет. Море оније шахистине од кај Неџат берберон ќе свртет осум пати пореален муабет а и мојт ќе научиш нешо саглам.
Виј сеа дур сме тука на муабетов, то ти се едини љуѓе шо одет на бербер не за да се шишет туку за шах да си игрет. Шишање кај Неџат еднушка годишно и то со бончиња за попуст ак му дајт или ак му украдет дур е заспан на столон. По секако штракат со ножицине ко нетокму и те мерит во глата полна со темиња и залистоци со васервага и шублер. Тие не ти одет долу в чајџилница на по еден чај, на по едно каве, боза или лимонада и да изигрет шах, тука си се стационирани и си цепет цело време. Урагани кревале, дождој имало, снегој имало, воена состојба, не бре брате тие се тука немат мрдање. Зима си имат Неџо ќумбе тука се цела ден, а на лето двократно зш многу горештина е. Е и еднуш ќе појдет долу на шах цела сурија (Ајдеееее!), тогаш истренирани, то е искључок, тогаш е дерби. Овије од кај Неџа (Краковија) слегвет долу в чајџилница, во гости кај локалниве играчи шо си се збирет тука (Висла). Пошо зошо игрет, по некој си нивни новонастанати системи, натре инвазија имет извршено и немојт никој друг да фатит место немојт чоекон до вечер да ја затворит меанана, дур не се решет. Пиуни фаљет, после 42 минути чекај седум пати ќе се преброет и ќе почнет. Шо да ти кажвам све то ти е хаос, е после ко ќе ги победет поубо изгледај го Робинзо Крусо, зш ко ќе појш да се стригниш имат глата да ти ја потечет.