Предложи идеи на Владата

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Да се укинат даноците и царините за стока порачана од странство или нека го зголемат лимитот до 100е од сегашните 45е.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Да се направат ефикасни комунални инспектори кој би ловеле некултурни како фрлаат ѓубре...ох да,
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
Ако мојата идеја е остварлива и ја применат,мене ќе ми плати некој за тоа?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Луѓе овде се бараат предлози и идеи за владата а не новогодишни желби.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Ко прво две линии на градска железница, а може и со една, таа од Зелениково. Од Волково преку Бардоци па некаде до Систина може и пат да се направи кај што би си имало редовна автобуска линија. Додека од Ѓорче до Лисиче по текот на Вардар може да се направи трамвај. Лисиче и Аеродром имаат широк булевар и во средина или надвор од коловоз трамвај слободно може да се инсталира и да поминува низ самите населби до транспортен центар.


Второ, или бег да си ја рашират дистрибутивната мрежа, или владава нека субвенционира топлотни пумпи, колектори, и пелети место дрва. Плус малите хидроцентрали да ги изградат.

Трето, да се стимулира инсталирање на плински уреди, додека на дизелашите да им ја дигнат акцизата. Оние што возат коли од рани 90 ти или 80 ти да им се воведе 3 пати годишно технички преглед и техничкиот 100% поскап. Додека увоз на половни возила до 5 години старост најмногу.

Четврто, да се субвенционира само производството на органска храна која е полесна за извоз. Да се поттикнува преработувачката индустрија така што барем прехрамбените производи да не мораме да ги увезуваме. А не ко сеа 600 милиона субвенции, а за 80% пораснал увозот на храна. Или нека го ограничат увозот.

Петто да се воведат национални стандарди за квалитет од самиот производствен процес до финалниот производ. Стандарди кои доколку не се исполнети и крајниот потрошувач може да го докаже тоа, ќе може и да биде обесштетен, а претпријатието ќе си сноси плус последици во однос на дејноста која што ја врши.

Нормално, намалување на бројот на јавни службеници (со исклучок на медицинари, специјална полиција и војска). Воведување на онлајн апликација која ќе им биде бесплатно достапна на сите и ќе нуди информации за вработените, нивното образование, нивното искуство, нивните примања, средствата кои им се доделуваат за патувања, ручеци, користење на службени возила и други бенефиции и сето тоа ќе треба да си го правдаат дали со сметкопотврди и сметки, дали електронски битно ќе мораат да ги оправдаат парите кои ги потрошиле. Резултатите од тестовиве за јавен службеник да бидат автоматски објавени откако софтверот ќе ги евалуира резултатите, а да им се лупне и уште еден iq тест кој ќе биде од поголема важност ко дополнителен критериум за вработување, а исто така да биде објавена причината за оглас за ново работно место и дали е тоа во рамките на планираниот буџет. За останативе вишок паразити, место да им даваат плата ќе си полагаат меѓународни сертифицирани курсеви кои ќе им ги покрие владата, ќе си научат занает и дали тука, дали во странство ќе си го бараат чарето сами.

Ист ваков систем да биде развиен кога се во прашање јавни набавки, тендери, лицитации итн. кои ќе бидат транспарентни и достапни до сите правни лица и доколку не се постапува по условите автоматски да му следи кривична на службеничето у комисија.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
- Забрана за задолжување од странство за плати на администрација и пензии и задолжување само за инвестиции, хидроцентрали, патишта, системи за наводнување....
- Намалување на администрација, повеќегодишен мораториум за враборување во администрација, укинување/спојување на разно-разни дирекции
- Намалување на број на пратеници и министри и менување на изборен модел
- Субвенционирање на извоз на македонски производи/услуги што немаат грото увозна суровина
- Лична материјална одговорност за сите директори на јавни фирми и законска обврска за јавни квартални детални финансиски извештаи
- Укинување на претседателски избори и избор на претседател на држава на предлог и гласање во парламент
- Избор на директори на локални инситуции, водовод, школи, полиција, болница, на локални избори, заедно со избор на градоначалник
- На сите тендери за јавни набавки предност да имаат македонски производи
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
Ко прво две линии на градска железница, а може и со една, таа од Зелениково. Од Волково преку Бардоци па некаде до Систина може и пат да се направи кај што би си имало редовна автобуска линија. Додека од Ѓорче до Лисиче по текот на Вардар може да се направи трамвај. Лисиче и Аеродром имаат широк булевар и во средина или надвор од коловоз трамвај слободно може да се инсталира и да поминува низ самите населби до транспортен центар.


Второ, или бег да си ја рашират дистрибутивната мрежа, или владава нека субвенционира топлотни пумпи, колектори, и пелети место дрва. Плус малите хидроцентрали да ги изградат.

Трето, да се стимулира инсталирање на плински уреди, додека на дизелашите да им ја дигнат акцизата. Оние што возат коли од рани 90 ти или 80 ти да им се воведе 3 пати годишно технички преглед и техничкиот 100% поскап. Додека увоз на половни возила до 5 години старост најмногу.

Четврто, да се субвенционира само производството на органска храна која е полесна за извоз. Да се поттикнува преработувачката индустрија така што барем прехрамбените производи да не мораме да ги увезуваме. А не ко сеа 600 милиона субвенции, а за 80% пораснал увозот на храна. Или нека го ограничат увозот.

Петто да се воведат национални стандарди за квалитет од самиот производствен процес до финалниот производ. Стандарди кои доколку не се исполнети и крајниот потрошувач може да го докаже тоа, ќе може и да биде обесштетен, а претпријатието ќе си сноси плус последици во однос на дејноста која што ја врши.

Нормално, намалување на бројот на јавни службеници (со исклучок на медицинари, специјална полиција и војска). Воведување на онлајн апликација која ќе им биде бесплатно достапна на сите и ќе нуди информации за вработените, нивното образование, нивното искуство, нивните примања, средствата кои им се доделуваат за патувања, ручеци, користење на службени возила и други бенефиции и сето тоа ќе треба да си го правдаат дали со сметкопотврди и сметки, дали електронски битно ќе мораат да ги оправдаат парите кои ги потрошиле. Резултатите од тестовиве за јавен службеник да бидат автоматски објавени откако софтверот ќе ги евалуира резултатите, а да им се лупне и уште еден iq тест кој ќе биде од поголема важност ко дополнителен критериум за вработување, а исто така да биде објавена причината за оглас за ново работно место и дали е тоа во рамките на планираниот буџет. За останативе вишок паразити, место да им даваат плата ќе си полагаат меѓународни сертифицирани курсеви кои ќе им ги покрие владата, ќе си научат занает и дали тука, дали во странство ќе си го бараат чарето сами.

Ист ваков систем да биде развиен кога се во прашање јавни набавки, тендери, лицитации итн. кои ќе бидат транспарентни и достапни до сите правни лица и доколку не се постапува по условите автоматски да му следи кривична на службеничето у комисија.
не може да ограничуваш годишта на коли туку има во станиците мерачи на издувни гасови ... башка има коли од 96 со висока технологија, а има од 2003 со ниска...
и во другите работи имаш магла во идеите, не се само медицинарите дефицитарни....
Всушност не може ништо само со декрет да се реши, едно пореметување на меѓусебни односи , било меѓу струки во смисол на плати или меѓу гранки на стопанство во смисол на бенефиции носи редица лоши работи....
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
не може да ограничуваш годишта на коли туку има во станиците мерачи на издувни гасови ... башка има коли од 96 со висока технологија, а има од 2003 со ниска...
и во другите работи имаш магла во идеите, не се само медицинарите дефицитарни....
Всушност не може ништо само со декрет да се реши, едно пореметување на меѓусебни односи , било меѓу струки во смисол на плати или меѓу гранки на стопанство во смисол на бенефиции носи редица лоши работи....
Во смисол овој критериум да се додаде на постоечкиот за еуро 3 стандард мотори се со цел да се намали увозот на коли во апсолутни бројки.

И грешка си дека не може, нека почнат од оние што седат дома и земаат плата а се 1600 на број. Бар тоа е надвор од секој здрав разум.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
Во смисол овој критериум да се додаде на постоечкиот за еуро 3 стандард мотори се со цел да се намали увозот на коли во апсолутни бројки.
И грешка си дека не може, нека почнат од оние што седат дома и земаат плата а се 1600 на број. Бар тоа е надвор од секој здрав разум.
нема врска еуро3 или друго, ако е стара колата не функционира.. а сега му најдоа измама во загадувањето не само на Волцваген туку најново и на Мерцедес ... има мерење на гасови, па и еуро 0 кола ако вози на плин не загадува многу...
... овие што седат дома ако ги пратиш на работа само + трошок, канцеларии, греење, струја, телефон .. а се вработени по Охридски договор, стручност ~ 0...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
за градоначалници да се избираат странци и тоа од развиените земји[DOUBLEPOST=1450635260][/DOUBLEPOST]
Проект за чистење на водите на Вардар. Многу е гнасен.
a, kako ke se izvede toa? zar ne mislish deka ova ne e rabota na Vladata, tuku da sekoj chovek pochne da ja ceni prirodata bez razlika koj e i shto e - od ministri, direktori do obichen gragjanin. Shtom sovesta ne raboti- dzabe e ednokratno chistenje vo sporedba so sekojdnevnoto zagaduvanje
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
за градоначалници да се избираат странци и тоа од развиените земји[DOUBLEPOST=1450635260][/DOUBLEPOST]
a, kako ke se izvede toa? zar ne mislish deka ova ne e rabota na Vladata, tuku da sekoj chovek pochne da ja ceni prirodata bez razlika koj e i shto e - od ministri, direktori do obichen gragjanin. Shtom sovesta ne raboti- dzabe e ednokratno chistenje vo sporedba so sekojdnevnoto zagaduvanje
сепак мислам најголем процент од загаденоста доаѓа од индустриските објекти.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ако мојата идеја е остварлива и ја применат,мене ќе ми плати некој за тоа?
Има логика твоево, но плаќање за идеи не верувам дека е изводливо во МКД , но повеќе остварливо е да некој си ја присвои-украде со некоја мала корекција, но кога се работи за општо добро мислам дека не треба да се бараат пари туку подобро би било да стои името на предлагачот

пејпал да дојде, со проект на владата „пејпал за секое дете“
е ова треба да им се предложи
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom