Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Дуплиран увоз, дуплиран извоз дуплирани пари и обрт на тие пари кои што не се паднати од небо туку се земни како кредитеи кои што не можат да се вратат, затоа што парите што се должат се повеќе од парите шо ги има во обрт.
А со тоа и дуплирана инфлација а плати се знае какви не се дуплирани.
[DOUBLEPOST=1443793645][/DOUBLEPOST][/quote]
Мене овие негови клипчиња ми се поверодостојни
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
1. Former Yugoslav Republic Macedonia: 7.4%. As the only country with a tax rate of less than 10% on its businesses, but the IMF noted this year that public debt has doubled in Macedonia since 2008, partly as a result of this choice.

Многу битен дел. На крај долгот ние ќе го платиме и тоа со камата. За жал кај нас само до пола кажуваат. Плус глупавите казни кои го дотепаа приватниот сектор.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Абе даноците се можда пониски од ЕУ просек али казните се помрсни од Германските така да на друг начин си зимаат арач.
 
S

silmarillion

Гостин
Казните не болат толку колку што боли нивното селективно применување. Впрочем од осамостојување до денес партиската олугархија предлага разни регулативи со цел да се уништи и онака умрениот претприемачки дух.
Долгот ќе биде користен во иднина за вршење на притисоци директно врз државата и негова отплата ќе се бара кога тоа ќе им треба на некои високи политики.
Тоа што ние незнаеме да одбереме и смениме власт конечно ќе ни се удри од глава.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Стојановски: Со ваков буџет го рушите суверенитетот на земјата


Овој буџет, освен што дава можност Груевски да ги троши парите како сака и каде сака, реално не донесува ништо. Реално не можат да се соберат повеќе пари од 2,5 милијарди евра. Ќе треба да се отплати долгот од 250 милиони евра, а ќе фали уште 1 милијарда евра, за која дополнително ќе треба да се задолжуваме, рече во својата дискусија Благоја Стојановски од СДСМ за време на расправата по Предлог буџетот за идната година во собраниската Комисија за финасирање и буџет.

- Со парите што ќе се соберат ќе има за платите на администрацијата, за субвенциите и за социјалните трансфери, ама ќе нема за стоките и услугите за капиталните расходи и за отплаќање на долговите. Значи пари нема, ама вие продолжувате да се задолжувате. Само по основа на дефицит ќе се задолжите со 300 милиони евра. Каде е отплатата на кредитите, парите за отплата на кредитите на јавните претпријатија. Вие со овој буџет не само што ги трошите парите на граѓаните, туку и на нивните деца и нивните внуци. Правејќи ваков буџет во кој со задолжување се покриваат непродуктивни проекти и дупките, ние го губиме суверенитетот на земјата - рече Стојановски.

Тој по теркот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на задолженоста на земјата во периодот кога владеел СДСМ и во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

- Во 2002 година долгот изнесуваше 45,7 отсто од БДП. Во 2005 33,2 отсто.Во 2008 година кога министер беше Трајко Славевски долгот изнесуваше 23 отсто од БДП. А знаете зошто е дојден Зоран Ставревски за министер? За да го зголеми долгот од 23 отсто на 47 отсто, но во него со новата пресметка која ја донесовте вие, не се влезени и долговите на јавните претпријатија од 625 милиони евра. Со него долгот на државата би стигнал над 50 отсто од БДП - рече Стојановски.

Стојановски ја прокоментира и дискусијата на пратеникот ов ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, во која тој презентира податоци дека власта што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ два пати ја зголемила вработеноста и ги зголемила платите на вработените.

- Велите дека бројот на вработени од 498.864 во 2004 година пораснал на 699.688 во 2015 година, но не знам од каде ви се овие бројки. Според податоците на Фондот за здравство во 2014 година имало 530.000 вработени кои плаќале здравствено осигурување, а тоа се активни вработени и активни земјоделци. Според податоците на пензискиот фонд, пак, лани имало 536.000 регистрирани вработени. Тогаш кажете ми каде се загубија 170.000 кои ги сметате за вработени. Според овие бројки, стапката на невработеност реално е 36 отсто, а не како што тврдите 26 отсто - рече Стојановски.

Мукоски во својата реплика потсети дека Македонија моментално е една од трите најнезадолжени земји во Европа и направи споредба на растот на домашниот бруто производ во периодот 2005 - 2016 година.

- Домашниот бруто производ во 2005 беше проектиран на 4,57 милијарди евра, а оној за 2016 е проектиран на 9,47 милијарди евра. Тоа зборува за постигнувањата. Капиталните инвестиции се 2,25 отсто повисоки од оние во 2005 година, а инвестициите во здравството , образованието исто така се зголемени за повеќе пати - рече Мукоски.

Расправата за Предлог буџетот за идната година во собраниските комисии и на пленарна седница на Собранието ќе трање 15 дена. Владата треба да се произнесе и за 418 амандмани поднесени од пратениците.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Кредитот тежок 90 милион евра од Дојче банка и Ерсте банка што го најави министерот за финасии Зоран Ставрески во Собранието, освен за гасификација ќе може да се користи и за буџетска поддршка – стои во предлог законот за задолжување доставен до Собранието.

http://24vesti.mk/nov-kredit-od-90-milioni-evra-za-gasifikacija-na-zemjava

Ај погодете од прв пат за што ќе се користи кредитов за гасификација или за буџетска поддршка!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.257
Без да мрчам за полтика и политички партии, ама стварно ова што се случува во последниве неколку години е тешко ограбување на Македонија како општество.

Државата е оформена и наменета за да му служи на народот, а за таа цел да ја оствари и се потребни финансии кои ги остварува преку наплатата на даноци.

Кога се земааат кредити и трошат државни пари се очекува тие да одат за државни проекти кои ќе ја подобрат економската ситуација на граѓанинот и не на последно место да носат профит на државата за да може подоцна тој кредит да се врати.

Задолжување има секој месец.
Каков профитабилен проект е садење палми, фасади и ред други глупости?

Глупостиве кои се прават ќе имаат долгорочни последици.

И после шиииииптарите се криви, оние или другите се криви, сигурно.:cautious:
Од друга страна пак алтернативата што се нуди пак те тера да се замислиш.

Нешто е ептен гнило во државата Данска!
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Целта на државните задолжувања е да се стимулира економијата и развој на стопанските и услужните дејности, а преку зголемената економија и следствено зголемените буџетски приходи, да се враќаат кредитите.

Македонија со оваа власт е умерено задолжена и притоа има континуиран раст на БНД. Така, при исто процентно задолжување во однос на БНД, од БНД 6.26 милијарди долари во 2006, БНД односно вредноста на сите услуги и стоки произведени од македонските резиденти во 2014 е 11.32 милијарди евра, што е огромен економски успех. Со зголемувањето на вредноста на произведените стоки и услуги, се зголемуваат и буџетските приходи од даноци и акцизи, со кои ќе се враќаат кредитите и ќе има средства за нови патишта, спортски терени, палми, нови фасади итн. Колку земји во светов го дуплирале својот БНД за 7 години?
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Целта на државните задолжувања е да се изгради Скопје 2014та и да се пикне што повеќе прозивија в џеб

Македонија со оваа власт е умерено задолжена и притоа има континуиран раст на БНД. Така, при исто процентно задолжување во однос на БНД, од БНД 6.26 милијарди долари во 2006, БНД односно вредноста на сите услуги и стоки произведени од македонските резиденти во 2014 е 11.32 милијарди евра, што е огромен економски успех. Со зголемувањето на вредноста на произведените стоки и услуги, се зголемуваат и буџетските приходи од даноци и акцизи, со кои ќе се враќаат кредитите и ќе има средства за нови патишта, спортски терени, палми, нови фасади итн. Колку земји во светов го дуплирале својот БНД за 7 години?
fixed (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom