Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.641
Се изнаспав денес и уште ми се спие. Волку немам спиено којзнае од кога.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Си лежев вчера пред да си легнам со лаптопо у мене и пиев чај. Испив го чајчето и чашата некако ми падна и ојде под кревето. И си викам сабајле ќе ја извадам.

И сабајле се наведнувам да ја вадам.
Ама до неа глеам и шишето леден чај.
И едни патики.
И тефтерче со пенкалце на него.
И едната влечка.
И Кант траката шо ја тражам неколку недели.
И гледам Тардис има под кревето.
И lightsaber.
И плантажа со мајчина душица.
И концерт на Пинк Флоид, ама место Гилмур, некој црнец..
И гробот на Макс Планк.
И електрони наоколу.
И смоки стоби флипс од црвените.
И едно пакетче отворено со смоки стоби флипс од црвените.
И колонска вода, без шишенце.
И шишенце од колонска вода, празно.
И цигари.
И малку џин тоник на рафтот. Ама со поминат рок.
И мед.
И кашкавал.

И станав, се исправив, си ставив вода у друга чаша и пуштив кајгана. Ти?
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Секогаш кога правам генералка и ги чистам празниве мали свеќници, си викам дека утредента ќе одам и ќе купам свеќички за да ги пополнам, да не стојат празни. Well, често праам генералки и ниеднаш ова горново не сум го исполнила :sramezliv:.
Затоа годинава најскромна ќе бидам, сакам Дедо Мраз да ми купи огромно паковање за целата претстојна година :icon_lol:.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Со внука ми седиме на тераса. Ме тера со показалецот да ги 'сечеме' облаците за небото да се гледало повеќе зошто имало убава боја, како модри сливи.
Тоа е тој чуден детски свет, каде детската перцепција си создава свои приказни.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Бејби,
Се убив работење. Не, не барав втора работа, ама ако продужи вака, нема да ми треба :P Скоро секој ден сум по цел ден ( со 2 саати пауза ). Не се жалам. Иако нозеве ме убиваат! Ама не сакам да кажам „не“ уште сега, па кога и да ме прашаат дали сакам или можам, само „да“ викам :D И испадна дека работам повеќе од многу луѓе таму. И ми кажаа дека сум најдобра од сите нови :X3:
Стварно ми е супер и можам да кажам дека е најдоброто работно место што сум го имала до сега. Луѓето што работат се супер (со исклучок на 2/3), газдите се фини (мажот нешто као се издерава да изгледа злобен, ама не пали тоа кај мене :D), атмосферата е ТОП, нема стресови, нема нереалистични очекувања, сите помагаат, имаш голема слобода у принцип и е релаксирано. И плус си јадам што сакам и кога сакам :D
Денес е ден за одмор. Од утре пак турбо :coffee:

Во соседствово наше освен мачки, кучиња и жерави (втф е зборов, прв пат го среќавам :confused: а наводно имаме еден тип на жерав во Македонија...), имаме и коза бе! :icon_lol: А да, и кокошки. Ама козата ја слушам, кокошките не :D

За католичкиов Божиќ идеме на гости кај луѓе што не ги знам...Ќе биде интересно :D
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Колку време треба да биде не-носена една ташна за да си најдеш во неа пердув од стариот папагал шо ти умрел пред 6 месеца? :noze:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Другарке,кој ќе те потсети во младоста ако не се нашиве тротоари во нашава мила и напатена земја,си одам накај дома,поминувајќи по тротоарот се присетив на младоста,кога бевме деца,минувајќи по шината.......

--------------------------------------------------------------------------
Друго нешто другарке,ако ме видиш после нова година кај тебе у двор (по темиве)...да ме пцуеш...
Не се враќам,поради тортурата извршена од твоите деца,дињи та дињи,ко божем они не правеле луди нешта во нивните млади години,јас само си кажав искуство од мојата далечна младост..каде што стан во Скопјето полесно се добиваше отколку грмушка..но влијателните во секоја тема прават вакво (.:гомце: )

Искрено твој,
:anco:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Драга...

... денеска твои драги форумџии ме извлекоа на сурпрајз хенгаут, али интересно беше, па со ибриците се остаивме 5 саати иако делуваше како да сме таму 3 месеци, пиејќи пиво и мавајќи помфрит и прсти, дур глеавме две утакмици, прочепкувајќи ги (не)есенцијалните прашања од животот попатно. Е сеа све тоа убаво, али ја иам 11 саати да научам 300 страни за колоквиум пошто полагам од утре сабајле.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
-Држава со шесто илјади народ стигнува за само 4 години до самиот врв на женскиот ракомет.
-Голманка на дваесет и една година собира 7 интервенции за само десеттина минути.
-Друга голманка на дваесет и три години е прогласена во all-star тимот со преку 41% одбранети удари на првенствтото.
-Најдобар десен бек на 23 години и во први 5 стрелци на првенството.
-Држава отпишана уште на почеток на првенството прави сензација и влегува во втората фаза со што прави поголем успех од домаќинот на првенството.
-Држава која што во историјата на женскиот ракомет немала речиси никакви успеси на тимско ниво во Европските купови, игра финале и зима сребрен медал.

И сега не ми е јасно дали нашиве федерации, тренери а и самите играчи не ги боли срце кога ги гледаат сите овие резултати.
Како им е на нашиве играчи кога ги гледаат своите колеги како се борат за секоја топка и како се радуваат на крајот на секое првенство.
Дали мирно спијат навечер?
Се превртуваат ли постојано во кревет?
Или пак парите се поважни од се.

Имаат ли некакви емоции, доблест па и храброст да излезат и јавно да кажат што понатаму?
Кога ќе го исфрлиме тој менталитет и до кога ќе се задоволуваме само со повремени блесоци на секои пет до десет години во било кој спорт?

Зошто неможе еднаш спортот сите нас да не обедини и да заборавиме на све во државава и да уживаме цела година во некој спортски успех.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Толку многу ја колнев годинава секаде каде што ќе стигнев (во реален живот, интернет, СЕКАДЕ) што изгледа дека на универзумот му се здосади од моето кукање, па така ми подари прекрасна недела во која добив позитивна енергија која ја надмина целата негативна енергија која ме опкружуваше цела година. Искрено, овие седум дена беа подобри од сите останати денови во оваа година. Се смеев како што се немам смеено со месеци. Не паметам толку да сум се смеела и да бидам онака баш среќна.

Сега си седам, си кулирам и си ја слушам песнава...


Либе, мое либе веќе не боли
има деној не знам кај да се оди
Ај либе, мое либе веќе не боли
само рана на срцево ти ми остави.
Ај либе, мое либе веќе не боли


Песнава не ме потсеќа на ништо, а и никогаш не сум и обврнала големо внимание, ама деновиве некако ја заслушав и уживам да ја слушам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom