По што ќе ја паметите 2014 година?

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
По досега најмногу одлагања и одолговлекувања, не знам заради што ама буквално на сите полиња се ми се продолжувашe. Толку многу чекам и се нервирав. Доста од тие работите административни нешто и практично се средија, не велам не меѓутоа духовниот мир ми беше разместен.
И уште една работа сега е почната така се одолжува, не знам до кај ќе оди...
Оваа година како најзрел мислам директно се соочив со многу пореални и посурови проблеми, почнав најдиректно да размислувам за иднината. И некако тешко го поднесов тоа, можеби уште трпам некои последици.
На личен план исто општо зацврстив некои ставови, научив некои филозофии од паметни луѓе.
Факсот среден е комплетно засега ама не е тоа тоа, треба на страна учење 2 пати повече од ова.
Од фудбалот би издвоил, новиот спонзор на ФК Пелистер, Германија светски шампион, Арсенал титула после многу години.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Дефинитивно различно од сите други до сега, работите кои се надевав дека ќе се случат, се случија, коцките се поклопија горе-долу, имаше и падови кои го тераат човек да се откаже, но едноставно целта те мотивира напред и само напред. Се надевам дека тоа што го започнав оваа година ќе биде долга, интересна авантура во иднина. Нема гледање назад, само напред. :coffee:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Генерално 2014 беше многу успешна на пословни план! Завршив со школото, и добив понуда што не се одбива ин Дојчланд. Ја прифатив, иако во себе знам дека не го сакам тоа, но тоа е, што е, не се прашувам јас! Ризикував многу како и секогаш! Можеби мојата депресија ќе се намали таму јебига...

Во оваа 2014 направив грешка на емотивен план, сфатив дека моите вредности не водат никаде, и дека сум застаната во времето, со тоа што ме учеле дома и со тоа што го осеќам јас! Да се биде искрен, едно НЕ огромно! Сфатив дека треба да се променам, да станам ладна личност, да се замарам само со пари, и да се препуштам на хедонизмот! Како викаат? Што си вече гомно, то су мање шансе да те згазе! Во сиве овие години бев разбирлива личност, пробував да помогнам колку што можам, и слични други добри срања, и што добив на крај, еден голем среден прст! И кога сите душегрижници ми викаат да не губам надеж, искрено ми се повраќа, од сето тоа лицемерие...
Секогаш добивам одговор, Јагод4е.... ти си супер ама.... :uzi::uzi::uzi:Боже мили колку ја мразам оваа фраза то е невероватно!!!:yid:

Оваа година беше крстосница за мене, се надевам дека го одбрав правилниот пат! :ojeaa:
Ајде другата година да се вратам со BMW :motorce: (уш да положев за кола, хаха)
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
- Ги слушав Arctic Monkeys & The Killers во живо;
- Се журкав во Вегас, пливав во Тихи Океан, се изгубив во Лос Анџелес, се заљубив во Сан Франциско;
- Бев на геј парада, за првпат влегов во геј бар, многу засакав геј луѓе :LOL:;
- Еднаш се возевме низ Беверли Хилс и поминавме покрај продавницата каде што работела Пам и каде Џим Морисон често ја посетувал и во позадина идеше Love Street и очите ми се насолзија ама се насмевнав и тоа беше најсовршениот истовремено најсреќен и најтажен момент од мојот живот;
- Многу заработив и многу потрошив;
- Заебав доста работи на факс, но успешно се извлеков;
- Завршив една нездрава врска и се преселив;
- Станав член на форумов :icon_lol:

Се` на се`, 2014 беше моја кучка. 2015, bring it on:motorce:
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Да видиме, по рекордниот број на нервози, по операцијата, па нервози пак, по запознавањето на нови кул личнсти и еден мисир и да, по 17те опомени.

И да бе, по работните места, ќе заборавев и јас ко радиохедовецот. Кај слушнав една песна од нив кај се зацрнив.
 
Последно уредено:
S

Samurai_Sk

Гостин
На тоа дека имав големи планови како и секогаш како ке го трошам времето продуктивно во Новата Година и на крај ја завршувам како и секогаш лузерски :D, па сигурно традицијата ке продолжи... 6a00d83451f25369e201675fc53348970b-800wi.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 декември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
85
Најголем впечаток за оваа година ми остави огромното созревање и тоа што, поврзано со ова, повеќе сум свесен за тоа со кои луѓе вреди да се потроши време во било каков смисол. Така да колку и да 2013 година ми беше и многу одлична за да на крај заврши со многу лоши работи, во 2014 година имав некое расчистување - па така за 2015 година очекувам многу убави работи, ама ае да не се урочам :) Едната од нив, веќе на почетокот е живеењето во сосема нова средина - друга држава, нов дом, нови животни навики, сосема нови луѓе.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Иако мислев дека 2014 ќе ми биде ужасии со оглед на тоа како ми започна, со 20 дена преостанати до 2015, можам да кажам дека сум доста задоволна од тоа како ми помина годинава :).
Многу работи за прв пат во животов ги направив/искусив ( некои би ми се чуделе - "како тоа дури сега тоа го направи?!" ), научив да кажувам "не" на луѓе и работи, се тргнав од одредени лоши влијанија и се насочив кон добрите, повеќе покажaв заби годинава, ризици исплатливи и неисплатливи, разочарувања, избледена надеж но и квалитетна самореализација итн.

-Пропив ракија.
-Сертификат за консекутивен и симултан превод
со големи пофалби од професорите.
-Летниот одмор vol.1 беше фантастичен [нови познанства, неочекувано одлична дружба и подобрување на односи со сестра ми - ниеднаш не се испокаравме :несвест:].
-Летниот одмор vol.2 беше прича сама за себе [ морав да се вратам на истото место кај истите луѓе знаејќи дека можеби овој пат нема да биде како првиот, за прв пат сама само со сестра ми и другарка, со воз прв пат во живот (и тоа два не еден :D, одговорноста се зголеми на 120%, ориентација на 140%, стравот од несогласување со сестра ми рипна на 200% али среќа немаше ни приближно нешто такво :D), ризикот исплатлив, се наместија мерачки коцките за да летово и со првиот и со вториот одмор ми ја исполни првата летна авантура :backa:, бонус што последната вечер од "лабаво" испадна обратното и прв пат од алкохол не бев свесна за себе и за какви глупости сум била способна а при тоа успеав пак некако да останам присебна и некои други пропратни "за прв пат" ствари кои намерно нема да ги кажам за да не бидам сметана за тотален нуб :D].
-Положен испит за официјален судски преведувач со решение, печат ааааа све :icon_lol:.
-Запишување на постдипломски [солидно прилагодување на новата средина, новите луѓе на најразлични возрасти и апсолутно новата и непозната тематика на студиите].
-Прво вработување

Во меѓувреме стандардните активности како одржување физикус, негување пријателства (успат ставив и некои во мирување a трети од корен ги откажав), утакмици на Вардар (во Аеродром за полусезонава не сум била колку во 5 години), гледање филмови и сериишта итн. Патувања имаше неколку али пошо сум фрик по истите, сакам дупло да ги има идната година :icon_lol:.
Сума сумарум плодна година, со осмех ќе ја оставам позади себе и ја напаѓам 2015 со полна сила :pipi:.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Мммм 2015-та. Убава беше и пребрзо помина. Ај една дистинкција на добро-лошо да направиме ..

Позитива:
- Ја запознав НЕА:love: ! Урнебес и општ хаос ми направи во главата и разбуди (за мене до тогаш) непознати чувства. Она си има нејзини заебанции, јас свои, ама ете веќе пола година се гледаме и едно знам - Од средба до средба се' повеќе ме фасцинира и ова е најсериозно нешто во кое имам навлезено. Не можам мана да и' најдам, од чиста мира ќе ми текне на неа и се кезам како теле во шарена врата. Ако на некој начин јас ја посерам работата, ЌОР ДА ОДАМ !! Втора ваква нема.
- Дипломирав. :aplauz:
- Ни дојдоа тетка ми и маленкото од САД. Добро е, за месец дена ниеднаш не се зарчкавме и ја усовршив во картање.. ;)
- Немачка освои СП.
- Ноќниот живот далеку подобар од лани. Имаше многу јаки вечери.
- Запознав и се зближив со нови луѓе.
- Упаднавме со другар непоканети на свадба .. Многу убава беше тортата.:icon_lol:
- Конечно открив како ми оди вотката, ама лоша љубовница ми е .. :pijanco:
- Научив многу стари српски и босански песни.


Негатива:
- Не најдов време за одмор и не видов моренце:place: .. Ма да забавно беше летото и брзо помина.
- Не спијам доволно и како што треба.
- Сфатив колку слични по карактер сме со братучедка ми од СК и колку губам што не ја гледам почесто.
- Запишав магистратура, ама не ме грее баш работата.
- Бев само на една журка цела година. Low dude, low .. Патем го запоставив и трансот.
- УТД беше катастрофа.
- Ми попушти здравјето во 5 до 12. Од саботата се разболев како мало дете, температура, треска, грло .. Катастрофа. Од земја ме тресна у пм.
- Не прочитав ниедна книга. #Простак
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
По то шо се капевме тасма колективно на плажа во 3 сатот сабајле, а остај то шо се капевме тук и скокавме од на мост. Будалска работа, кој ѓаол не натера јас незнам, мислам дека бевме понесени од некоја виша сила. :ROFLMAO:
По то шо со Батана еден единичар за многу малку ќе учествуваме во директен судар кола со кола, чути имало Господ.
По то шо со Љиљиуптанецон заглавивме во една оутдор авантура.
По новиот велосипед шо си се почастив, по то шо паднав иако трчаа жени демек да видат демек шо ми е, а јас уствари дрецнат на земи и се смеам:pos:
По месец Јануари, Фебруари и Март, по фудаблите шо ги игравме надвор на игралиште, санкир Руска Премиер Лига, ради то шо се дружевме, ради то шо се враќавме валкани(сеоски фудбал двојкана).
По дресовите кои ги добив, зато шо ми се омилени, зато шо сме југ.
По разни глупости и заебанции шо ги напрајв, по неубај работи, ма речиси по све шо ми идат напамет а имат доста.
За двехиљадиипетнајста имам многу желби, али се скромни.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Мислев да го почнам постот со драматичен вовед од типот - Годинава имав момент кога животот ми беше во опасност, немате појма што преживеав блабла - ама ќе го прескокнам тој дел и ќе пробам да сумирам се' во неколку реченици.

1.Значи отсекогаш сум мислела дека во ситуации кога животот ти е загрозен и не знаеш дали ќе спасиш жива глава од некоја ситуација, во тие клучни неколку минути/пола саат/саат -небитно, ти поминува цел живот низ глава, секоја донесена правилна или неправилна одлука, секоја личност битна или небитна, секој настан кој оставил некаква трага во твојот живот и сл. и стандард после тоа паѓаат еден куп ветувања дека ако спасиш глава сега, ништо нема да биде исто потоа, ќе правиш радикални промени во животот, ќе градиш таму каде што порано не си имал храброст, а ќе рушиш онаму каде исто порано не си можел. Ќе си го цениш повеќе животот, ќе ги цениш луѓето околу тебе, ќе правиш корисни работи........
Епа патетики!!!
Единствено нешто што во таков момент ти паѓа на памет е мислење на најбаналните работи на кои може да ти текне во моментот (пример правиш план како ќе ти помине утрешниот ден) се со цел да се обидеш да воспоставиш контрола над мислите. Даваш максимален напор да докажеш дека нема да дозволиш психата да те надвладее туку ти ќе ја надвладееш неа и ќе им кажуваш на мислите во кој правец да се развиваат, а не тие на тебе. Ќе го контролираш срцебиењето, ќе се исклучиш максимално и ќе се ставиш во центар во кој ќе постоиш само ти. Потоа е лесно. Ќе помине се во ред, а ти нема да си го промениш животот, нема да почнеш да исполнуваш ветувања, нема да ги цениш работите повеќе отколку претходно, нема да станеш подобра личност од што си бил веќе. Ќе сфатиш дека колку и да звучи клише стварно СЕ' е до психата.

2. Друго, периодот кога бев оддалечена од сите најблиски дојдов до едно страшно сознание, за кое иако потсвесно познавајќи се, не мислев дека и ќе ме изненади. Тоа е дека можам да живеам без поголемиот број на луѓе во мојот живот. Сега барем можам да ги избројам на прстите од едната рака луѓето кои навистина ми значат и ми се потребни. Се друго е гола вода. Потполнување време.

3. Годинава зголемив квантитет на упознавање нови луѓе, но не и квалитет. Не прочитав ништо вредно освен речници. Изгубив личност која ме смееше и правеше да ми е убаво на душичката. Многу филозофирав, а многу малку живеев (еве како сега кога од "неколку" сумирани реченици излезе цело четиво...).
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
По неа.
Толку глупи ствари напраив годинава, што повеќе смеа ме фаќа отколку што стварно ми е криво за дел од постапките.
Поради тоа што после 23 и пол години изигравање џентлмен/папа/мировник ќе се најде некоја и ќе те праи глуп (не е никакво изневерување во прашање). Принцип е во прашање, чест, образ, при што веднаш ми иде на памет прашањето, што ако мене некоја мене некогаш ме изневери?

Поради тоа што свесно, најсвесно одбрав наивната детска искреност, финоќа, добронамерност, воспитание и да ги заменам со таков невиден инат, замарање (нормално до одредена граница, без никакви закани сепак не сум од планина симнат), Сето тоа беше со една цел, да направам да се осети барем приближно непријатно, како што јас се осеќав едно време.

Новиот тренд не сум го фатил јас изгледа. Ако некој дечко/дечковци те заебал/е, тоа го истрпуваш, море и плачеш некое време, ама затоа чекаш некој нов да дојде и да му го извадиш тоа низ нос и тебе да те запамти некој, да те разбере.
Конечно да ја покажеш во пракса tit for tat теоријата на Dawkins во Selfish Gene. :pos: (NOT)
Или телевизиската Nice guys finish first :pos:

Тој мој налудничав, идиотски потег не беше да се ставам во нејзина глава и да видам што може човек да добие од инат, своеглавост, лицемерие. Јас знам, убеден сум дека никогаш ништо нема да добијам од глумење лудило и сега после се пак се осеќам глупо.

И пак викам нималку не ми е жал, ако не се случеше она и нејзиниот магарешки инат (признавам и ја не сум поарен задниве 5-6 месеци), најверојатно ќе завршев со колешката на која и ги знаев, уствари пола дом и ги знаеше последните 5-6 мувачи (да бидам политички коректен де). Или со онаа што нормално е навикната да и се ставаат 3235325 во една вечер. Е кога ти нема да и се ставиш, чак што више и не ја ни приметуваш и некогаш додека прајш муабет со неа ќе се свртиш по некоја со огромно газиште, тогаш е проблем за неа и се ќе напраи да го напраи она женското од инат, од суета, на 99 мажишта им се дигна на мене, ама оној стотиот зш не ме приметува?
Ама среќа у несреќа...

Е ама со мене муабетите идат поинаку, посериозно (не знам дали е до наочарите). Нема тука многу шалење, туку да не забегувам ќе излезе дека и на овие им посветувам дел од моите мисли за годинава.
Праевме со едниот цимер лани муабет, кој ќе и биде следен дечко на оваа со мувачиве. Овој што го фати сеа мирен дечко од Виница, едниот цимер успеа да го погоди, ама не се обложивме на ништо, штета за него. Уште е млада си викам, не може на 23 да фати некој мирен, ама можда тоа што сестра и се омажи лани, ја премисли. Мy bad.

Имам уште 18 дена за глупирање, сељачење, aма врвот го достигнав. Не можам повеќе и да сакам. И не е ова поради премногу слободно време или што знам, денгубење. Сакав, морав да се глупирам, не за она да види или другарките нејзини, исклучиво ради мене и да видам некој месец како е да си со тој ментален склоп.

Од 1 јануари 2015 сум повторно стариот, мил, наивен и со заклучок дека од инат ништо не можеш да добиеш (не дека пред да се глупирам не знаев), подобро остај таму нека крши глава отколку да губиш месеци на докажување дека ете и ја можам да бидам глуп, море поглуп од тебе. :sramezliv:



Многу запознавања, кои да бидам искрен беа небитни за мене, затоа што бев фокусиран на инаетење и докажување на нешто што не се докажува.

И ќе забораев, тројца од шошонциве ме бркаа едно 100 метри. Еднаш ќе решам да поминав од другата страна кај што е помалку осветлено и каде што се движи помалку народ и којзнае што можеше да ми се случи, ако на пример извадеа пиштол или се сопнев при трчањето.
А денот беше баш таков, истиот ден кога инцестите протестираа против одлуката за Монструм.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Ништо посебно, нека си оди побрзо :)
Со науката, феноменално ми почна годината со факултетот реков така и ќе продолжи цела година, ама последните 2-3 месеци од годината закочи работата, па тука малку нервози, но што и да е ќе помине ;)
Запознав доста пријатели и пријателки, значи нови познанства, многу журки, алкохол низ венама до раните утрински часови со одлични луѓе околу мене...
Во коцката лошо ми одеше годинава и со сигурност ова ќе ми биди година каде што најмалку сум фатил спортска нека си ебе векот (n)
Преку летото 3 месеци работа, после парите ги поебав на одмор Бугарија :pijanco::sekcza:
Со спортот РК и ФК Пелистер срцето ќе ми пукни, тие шо го уништија спортот во Битола се да му ебам до 3 колено, градот чека ТИТУЛИ !

Се надевам 2015 ќе ми биди многу многу подобро !
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Позитива:

Добар старт на 2014, бев да го поддржам лавот Перо (Atlanta Hawks @ Chicago Bulls), убава атмосфера, црвено жолти бои, наши луѓе. Other than that, ме давале на Шител на спортски вести. :несвест:

Бев неколку дена на зимски одмор, се изрелаксирав до максимум, лабаво, опуштено, спортови, забава, скијање, пливање, пиење :pivo2:.

Како хајлајт ќе го издвојам 2 август, првиот меч во живо на мојот омилен клуб Манчестер Јунајтед и тоа против Реал Мадрид пред 110.000 публика.:oleee: Нормално победа, 3 пати го осетив адреналинот на скокање на публиката, преовладуваше црвената боја, феноменално патување...

Десетина концерти што ми ги полнеа батериите за секој нареден предизвик, држеа влага да се провлечам покрај секојдневните с***a. Dark Tranquillity, Moonspell, Children of Bodom, Dream Theater, Iced Earth, Sabaton, Korpiklaani, Amon Amarth, Arch Enemy, Kreator, In Flames, Opeth.... :roker:

Негатива:

Недоволно дружење, слабо нови познавства, освен некои пролазни. Настрана од најблиските исто така.
Недовршени лични планови околу работата како и надградба на образованието.
Неколку операции во краток временски период на личност која на некој начин се поврзува со мене.

Нормално очекувам подобра 2015! :toe:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom