Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Бидејќи те мрзи да дигнеш хауба и да видиш, или пак не знаеш што и како треба да видиш, некој не го мрзи да види на Гугл :)
Барај 74-77 амперски[DOUBLEPOST=1410813667][/DOUBLEPOST]
Де бе Џиш... на Рено 5 оди 55 амперски...
И више кога му кажа,нека фати со метро,или линијар,да го измери акумулаторот во должина,оти да не купи некој баш за 1 или 2 сантиметри да не може да го собере во кутијата..
 
Член од
26 август 2008
Мислења
134
Поени од реакции
24
Цилиндар за Ауди А4 1.6 бензин , каде може да се најде или да се смени гумица бидејќи тече глицерин? За нов ми рекоа дека може да се порача преку Porsche Македонија, ама било многу скапо.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Цилиндар за Ауди А4 1.6 бензин , каде може да се најде или да се смени гумица бидејќи тече глицерин? За нов ми рекоа дека може да се порача преку Porsche Македонија, ама било многу скапо.
Ако ти е извадено клипчето во било која продавница за АВТО ДЕЛОВИ ќе најдеш.
Ако не ти е извадено исто така во која продавница за АВТО ДЕЛОВИ ќе им кажеш модел,година,мотор....и по каталог ќе го најдат а ако го имаат ќе ти го продадат ако ти одговара цената која секако е мн.помала од таа во порше македонија
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Бидејќи те мрзи да дигнеш хауба и да видиш, или пак не знаеш што и како треба да видиш, некој не го мрзи да види на Гугл :)
Барај 74-77 амперски
Де бе Џиш... на Рено 5 оди 55 амперски...
Не ме мрзи бе, темница беше :D Помина времето кога дизелите беа проблематични за палење. Акумулаторот е идентичен со 55 амперскиот во димензии, а на него пишува дека е 61 ампери.

Aj vidi i kazi kolku pari e , mi treba itno izgleda ovoj e otiden mojov :(.
Цена незнам, можиш да си бараш по продавници. Оригиналниот е од Varta.

И више кога му кажа,нека фати со метро,или линијар,да го измери акумулаторот во должина,оти да не купи некој баш за 1 или 2 сантиметри да не може да го собере во кутијата..
Мислеле германчиштата на све, има доволно простор и за поголем (72А) само држачот се поместува потаму малку (има екстра дупки за заштрафување) и тоа е тоа...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Не ме мрзи бе, темница беше :D Помина времето кога дизелите беа проблематични за палење. Акумулаторот е идентичен со 55 амперскиот во димензии, а на него пишува дека е 61 ампери.
Не мислев на тебе него на @khz777 :cool:
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Заден десен трап на пежо 206 и поправка на централно колку ке ме кошта?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Заден десен трап на пежо 206 и поправка на централно колку ке ме кошта?
Само десен трап НАЈЕВТИНО 70 евра комплет.(РР и делови)
Што му е на централното?Фабричко е?Некогаш си сменил батерија на даљинското?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Само десен трап НАЈЕВТИНО 70 евра комплет.(РР и делови)
Што му е на централното?Фабричко е?Некогаш си сменил батерија на даљинското?
Фабричко е , не работи заглавено е на возачката врата , нејке ни со клуч ни на стискање ми стои отклучено цело време.
 
Член од
8 јуни 2006
Мислења
18
Поени од реакции
6
Kakov akumulator koristi passat B5 ? Pred nekolku dena zemav vakov pasat no izgleda akumulatorot e prazen i imam problem na palenje ,nekoj so slicnen problem ,nekoj sto koristi isto passat b5 mi treba itno .(izvinite za font ). Pasatot e 2002 ,131 hp ,1.9 TDI ako e i toa vazno .
Оргинално оди 85Ah/450A.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Фабричко е , не работи заглавено е на возачката врата , нејке ни со клуч ни на стискање ми стои отклучено цело време.
Во тој случај треба да се извади тапацирот и да се види дали е моторчето или полугата на клучот е откачена.
Патем на отклучување или заклучување дава ли ненаков звук моторчето?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Во тој случај треба да се извади тапацирот и да се види дали е моторчето или полугата на клучот е откачена.
Патем на отклучување или заклучување дава ли ненаков звук моторчето?
Не , неможам да ја отклучам ти кажувам заглавена е бравата , а кога пробувам да ја заклучам рачно да го стиснам тоа дугмето до прозорот да се затворат сите несака , го стискам надоле и се крева пак и ги отклучува сите други .
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Не , неможам да ја отклучам ти кажувам заглавена е бравата , а кога пробувам да ја заклучам рачно да го стиснам тоа дугмето до прозорот да се затворат сите несака , го стискам надоле и се крева пак и ги отклучува сите други .
Со пет или со три врати е?
Од од надвор сите врати се отвараат или има некоја заклучена па не се отвара
А да пробаш од внатре да се заклучиш и да се отклучиш со рачката за отварање.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Со пет или со три врати е?
Од од надвор сите врати се отвараат или има некоја заклучена па не се отвара
А да пробаш од внатре да се заклучиш и да се отклучиш со рачката за отварање.
кога сум внатре можам да се заклучам , ама што фајде? 5 врати, сите врати си се отвараат освен оваа возачкава кај што работи централното.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
кога сум внатре можам да се заклучам , ама што фајде? 5 врати, сите врати си се отвараат освен оваа возачкава кај што работи централното.
Од надвор не се отвара?
Дугмето до прозорот оди нагоре-надоле?
Клучот постојано се врти во круг?[DOUBLEPOST=1410902218][/DOUBLEPOST]Не сум сигурен за распоредот

1.Треба да е за вратата од внатре да се отвори
2.Треба да е за дугмето до прозорот
3.Треба да е за бравата на врата што се отвара од надвор

1.Ако оваа полуга е откачена не може од внатре да се отвори
2.Ако оваа полуга е откачена не може да се отклучи и заклучи од внатре
3.Ако оваа полуга е откачена вратата не може да се отвори од надвор.

Мене ми се има случувано полугата за дугмето до прозор да се откачи и заглави да ги блокира другите 2 па ни механички ни а втоматски не можело да се откучи и заклучи вратата

бтр.JPG
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите .Имам еден проблем ако може некој да помогне при решавање ќе му бидам благодарен .
Купив алумински бандажи на старо со све гуми,и откако ги намонтирав почна да ми тресе цела кола и воланот да ми тресе лево десно при која и да е брзина,испадна дека се криви бандажите коишто одма ги однесов да ги исправат и ги намонтирав на колава и се изгуби тресењето .Од како ги избалансирав гумите пак почна да ми тресе при брзина од 80 до кај 120км воланот пак почна да ми тресе лево десно,а да го пуштам на право колата си иде право не губи правец,а тресењето како да доаѓа од позади .Ако имал некој сличен проблем или знае што може да биде нека пише .Фала ви :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom