Скутерчиња: Се за и околу нив

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
не сетив разлика еве го моторчето и ден денеска си тера, три години само една свеќица му имам сменето и тоа пред недела дена :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Дечки значи вака има и уште една забелешка моторчето кога не е загреано работи под многу многу мала гас под 1000 обртаи и ако не давам на гаста гас, а кога ќе загрее работи на 2700+ обртаи. Како што знам секоја машина со внатрешно согорување треба да работи под поголема гас кога не е заграна односно да биде под саух, ама кај мене е обратно. Значи кога не е загреан иде максимум до 4500-5000 обртаи и трокира ненормално значи колку и полека да му ја даваш гаста премногу трокира. И кога не е загреано трокира едно 3-4 минути потоа оди супер..
вака кога ке опишеш, тогаш лесно се локализира проблемот.. има можни 2 проблеми:

- со автоматското електронско саухче.. заглавено е на затворено
- со количината на гориво во карбураторчето-дизната, пушта превише гориво...

однеси го, под гаранција е, ке го средат... сите симптоми што ги кажа-напиша повтори ги таму, секако почни со потрошувачката, па после ова со обртаите, палењето и гушењето...

и нагласи им дека немаш намера да го возиш, тутни им го гарантниот лист под нос, завртен на страната кај што пишува за ПРАВИЛНО РАБОТЕЊЕ НА МОТОРОТ и повторувај дека моторот не работи правилно...

ако почнат да се инатат, закани се со инспекција... немој одма да спомињаш инспекција туку од сам старт ИНСИСТИРАЈ на цивилизирано решавање на проблемот...
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940

Кај може така..Тој уште од улица не влезен внатре ќе им писка дека ќе им викне инспекција..Ќе ја оплеска гарант..
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
е па ако се заканува напразно, таков однос и ке добие.. јас со гланц си имав ПОТПОЛНО ИСТИ ПРОБЛЕМ... му го носам моторот, со непројдени 500 километри и му викам, абе брат, ова троши 7,5 на 100.. почна да ми изведува нешто, абе во милји мери километражникот не во км... ок сега ке проверам му викам, излегов и точно знам колку се 3 километри на едно место, во лисиче, зашто кога возев такси на времето, тука се проверуваа таксиметрите ако некој поднесеше приговор... и излезе дека е во километри, пак се вратив, па почна нешто одоколу одоколу, во суштина вработен е тој таму, и гледа што помалку занимација да си има... иако под нос му ја туткам гаранцијата цело време, и му кажувам дека знам што е проблемот, дека е до саухот елкетронски, он на крај ми вика, дека тоа ке ме коштало 2500 денари, да го смени... аха... ок, ај да размислам па ке дојдам накнадно...

фино лепо, вечерта, за претставништвото на гланц, пишав цивилизирано писмо-меил со сочна закана.. следниот ден добив по меил одговор дека ме очекуваат во сервисот да ми го средат моторот... да видиш како типот од врата полета накај мене да го придржи моторот, додека се симињам од него...

ако кренеш бука во прв момент, и вработениот ке има оправдање пред директорите дека си се заканувал, на висок тон си зборел и слично... и пак ке те заебат... пред твои очи ке го извади делот и ке ти тури ист таков, расипан.... едно време во гаранциите пишуваше и очекувана потрошувачка... после тоа го избришаа, во понудите им го пишуваше... како и да е и тој документ му го пикнав под нос... изволте пиле, направи да троши 3-3,5 како што пишува и да иде до 80-90 како што пишува (за 150-ка се работеше)... и го направи,нормачно смени саух, штелна карбуратор, тоа можев и јас нели, ама под гаранција си е, нека си средат, зашто ако чепкам, ке изгубам гаранција за другите работи...

а кога истече гаранцијата после знаев што да му правам јас за да иде 110, ама до тогаш се занимав со нив...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
а кога истече гаранцијата после знаев што да му правам јас за да иде 110, ама до тогаш се занимав со нив...
Oстај ти прпалава, мене ме интересира шо напрај со Катаната? Кај заврши тој мотор?
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247
Да не знае некој колку кошта срдување на замрзната километража, ми застана на 1999-2000km. А метрите сеуште одбројуват
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Oстај ти прпалава, мене ме интересира шо напрај со Катаната? Кај заврши тој мотор?
го склопив, повозев малку и паркирав, зашто почна да завлекува и третата машина... моментално возам кавасаки, скоро олдтајмер, 1000 RX GPZ од 1986-та година е во релативно одлична сосотјба.ако идеш по мото собириве, сигурно си го видел. како злато ми е моторот, топ ган серија...

катаната со се сите делови ја продадов на мусо, кој фати од корен да ја средува... ја “соблече“ до последен штраф, и почна со пескарење на рамот... само што, тој мотор нема да биде оригиналниот. ке трпи измени, значи човеков ке направи сагалам машина од него (за 2-3 години) ама нема да биде во оригинална состојба...

еве го “сакито“.. на долната слика е со старите ауспуси... само тоа му сменив, канта беа тие...

Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247
Да не знае некој колку кошта срдување на замрзната километража, ми застана на 1999-2000km. А метрите сеуште одбројуват
Ок е се среди ова само хаха

Него да ве прашам неш др

Доколку извадам свекица и не го палам 2 месеци после ке може ли пак со таа свекица
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Ок е се среди ова само хаха

Него да ве прашам неш др

Доколку извадам свекица и не го палам 2 месеци после ке може ли пак со таа свекица

мислам дека ќе може, што да неможе... А зашто да извадиш свеќица ?
 
Член од
13 септември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Dali nekoj znae kolku e carina za skuter 50 cc od italija da receme ili dali moze da se vozi u mk na italijanski dokumenti :D
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247
Веројатно така мисли дека ќе ја заштити :D
Пошто овоа лето не беше пален така и некеше никако да запали
Земав од еден другар неговата свекица ја ставив и запали
После пак ја врнав старата..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Ако можи малку помош.
Неколку дена со ред одев со скутерот впланина и имаше места со вода каде што поминував низ неа. После неколку дена одење кога влегов во вода ми изгоре осигурачот но го запалив со курглата, немав ни светло ни контакт ништо.Го заменив и си беше ок 2 дена па повторно кога отидов поминав низ подлабока дупка и ми се исклучи моторот. Бидејќи не ми се најдуваше осигурач пробував со 3 жички направени како една да ги поврзам за да има контакт но ми ги гореше штом ќе пуштев контакт. Кога си дојдов дома после некој сат пробав повторно со жици и на секои 10мин ги гореше. Купив 2 осигурачи но истото. Најмалер за се е сега што чим го свртам клучот осигурачот одма пука. Реглерот е исправен, не знаш што можи да биди, го расклопив цел да барам да не има спој некоја жица но засега не најдов. Доколку знае некој нешто нека кажи ќе пробам, друга алтернатива немам :D
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580

Како провери дали реглерот е исправен?
Откачи го реглерот и пробај дали ќе гори! Си направил спој кој прв на мета е реглерот ако продолжува да гори откачи го палењето(калемите,намотки) пробај со секој дел....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom