Нешто со свеживе примери сум денес...
Упознавам еден тип, и ајде си викам да видам шо чоек е! Башка колега од работа, ми се виде интересен, зш секојпат трескаше зелени, на цела работа што ја имаше, со неговите зелени се поминвеше некако побрзо! И сега се договараме да се чекаме, и ми вика, таму и таму, ќе дојдам со МОЕТО СРЕБРЕНО БББЕЕЕММВВЕЕ, значи еве баш вака го нагласи, и ајде јас не придадов некое значење, си помислив нешо голтнал во меѓувреме. И иде тој, ме собира, и започнува трагикомедијата. Почна да шопа до максимум, Цеца, и остала багра музичка турбофолкерска, и му викам де, намали, крв ми потече од ушите. И почна да пее, да се се занесува нешто љубави, дрн мрн, мене па мрак пред очи. И ајде стигнавме што стигнавме в град, застана и ме прашува дали ми се свиѓа неговото Бееемвее (2 пат) и почна да објаснува дека имал он уште едно Ауди, и дека ги возел секое за различна прилика.
И така одиме во град, и на едно полуцркнато фонтанче, ми вика ајде сликај ме со новиов Галакси незнам кој, ај го сликав, одма на ФБ се залепи, видете ме кај сум. Мене дупли мрак ми падна пред очи. И седнавме на коктел, и таму се залепи на ѕид, и се отвори типот, имал он, куќа ваму, куќа таму, имот, две коли, во странство незнам што, бил искрен, 2 пати разведен
, со едно дете , дека ќе ме женел
...и да не должам, приказната заврши со една гооооолема корпа...
Сега сакам да прашам, па добро бе машки знајте вие нешто со други квалитети да се истакните или само тоа е, каква кола имам, телефон, висам по кладилници, сакам Цеца,знајте нешто друго освен да се лепите на фб??? Дури така прајте, на тие понуди со коли, телефони и имоти, само такви Дајпариженски ќе ви се лепат, после ќе липате по форуми. Ебаго