Ако е до мене, јас би одел со Мерцедесот.
201 линијата ми се мене прекрасни возила, без оглед што се веќе во години, но од друга страна и Астрата не е баш млада
, а и 1,7 ужасот од нафтена печка го носи...
Но... Мерцедесот е класа погоре од Астрата, поголем конфор, поубава изработка према Астрата.
Годините кај овие возила ти се веќе релативна работа. Зависи како биле одржувани, колку поминале, како и каде ги поминале тие километри.
Кога ќе купиш така старо возило, ако сакаш да те служи, ќе треба да фрлиш сериозна сума пари за да биде како што треба.
Мислам дека 201 Мерцедес би бил убава инвестиција и во иднина, не толку далечна, ако планираш да го чуваш, би бил интересен класик.