House of Cards

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.008
Поени од реакции
6.040
Ја си ја влечам, една дневно. До сега, сум стигнат со с2е7 изгледани и серијава е топ. Ја избегнував долго време, политичка, драма, бла бла бла и демек глупа. Трејлерчето го видов за 2 сезона, и некако интересна ми стана, чим има прљави работи, одма решив да ја гледам. Грешка, нема. Одлична серија. (y)
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Почна навистина супер сезоната со убиството на Зои Барнс, ама некако почна да ме нервира цела таа недопирливост на Френк и Клер.
Мислам му се сруши светот на секој еден карактер во серијата, ама нив и дури кога се најизложени да појдат надолу или пак да им се попречи барем малку планот и да стагнираат им се редат картите.
По мое втора сезона за нијанса послаба од првата, но во секој случај одлична серија.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Почна навистина супер сезоната со убиството на Зои Барнс, ама некако почна да ме нервира цела таа недопирливост на Френк и Клер.
Мислам му се сруши светот на секој еден карактер во серијата, ама нив и дури кога се најизложени да појдат надолу или пак да им се попречи барем малку планот и да стагнираат им се редат картите.
И мене ме нервира тоа, не може секогаш Френк да ги предвиви сите ситуции. Во трета сезона очекувам да се сврти тркалото или ќе биде ептен клише.

Сцената со телохранителот им беше непотребна, ми се згади.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Серијава е одлична, иако мислам дека претеран подем доживеа Френк, ама очигледно сакаат да ја завршат во 3 сезони. Се знае што е во следната - падот на Френк и Клер.

Околу бесчуствителноста, тоа е точно, но погледнете што направи човекот - го изманипулира најмоќниот човек на светот (што значи не заслужуваше да биде на таа позиција) и потоа во рок од 2 часа го реши проблемот што другиве се мачеа со месеци. Ако гледаме од таа точка, он е перфектниот за работата.

Инаку, не гледам како го испланирал сето ова, не само прва, туку и втора сезона. Имаше преголем број на непредвидливи случки и инстант одлуки, само неговата прагматичност и способност да ги сврти работите во своја корист се на високо ниво. Не верувам дека постои човек во реалноста како Френк, но интересно е да се гледа серијава. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Клер нема да падне како што мислиме. Солзите на крајот на сезоната кажаа дека сепак има нешто човечност во неа. Може и таа да се сврти против Френк некогаш.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Most fucked up psychopath on TV!

Првата сезона поставија одлична платформа за да вторава егзекутираат перфектно. Она што го прави Спејси е маестрално. После Брајан Кранстон, рамо до рамо перфектно изглумена улога. Го допре врвот, секоја чест. Предобра серија.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Сакам да ја терам полека втората сезона, ама не ми иде некако со планов...
Интересно интервју инаку, се збори на велико за House...
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Ја изгледав втора сезона, и ептен задоволен од крајот, иако очекувано. Ептен кул момент, и дел од оние сцени каде што се фаќаш како ти е мило што Frank успеал да си ја оствари целта. Иако поголемиот дел од серијата навиваш сето она што Frank и Claire го прават да им се одбие од глава. Ама тоа е, конфликтни чувства создава серијава и во тој сегмент најмногу сјае.
На пример, го сожалував претседателот Walker затоа што остава впечаток на добар човек, со интегритет и принципи. Ама пак од друга страна испаѓа многу наивен и слаб, се прашуваш како воопшто дошол до таа позиција да биде претседател на САД (Tusk секако).
Frank е псхихопат, а шансите се дека за еден мандат би направил многу повеќе од својот претходник. Politics, right?

Го очекувам падот на Underwoods во наредната сезона и мило ќе ми биде искрено. Заслужуваат, уништија се околу себе. И премногу нереалистично би било ако ништо од тоа не се разоткрие. Особено после она што се случи со Doug, и улогата која што Rachel и Gavin ќе ја имаат понатаму. Претерано би било и од ова да се извадат без некои поголеми последици.

Серијава си бара одредена доза на suspension of disbelief, ама не ми пречи воопшто, досега се се одвиваше глатко и без некоја огромна дупка во сценариото. Барем не таква што би ми ја уништила приказната. Ама трета сезона мора да е последна, се понатаму би било само развлекување на дејството.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Де бе еднаш да се натерам да ја почнам втора сезона па :( Чачкав изречици.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Конечно најдов време и ја догледав. Кевин Спејси е толку добар што успеа да направи од антипатичен лик да ми стане омилен. Едноставно човекот е на прво место, позади него заостануваат сите.
Френк и Клер за мене се најдобриот пар кој го имам гледано во серија. Фантастичен пар, со поставени цели, планови за реализација и контрола над истите.
Конечно дојдоа до она што го сакаа. Сега се на врвот. Тешко е да се предвиди што би се случило понатаму, дали сега после толку победи ќе се сврти кругот и ќе почне падот или ќе се задржат на врвот, останува да видиме.
Само искрено се надевам дека креаторите на серијава нема да ја продолжуваат во недоглед како последица на добриот рејтинг кој го имаат. Вакво ремек дело е најдобро да заврши без влечкање и со одлична приказна.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Само искрено се надевам дека креаторите на серијава нема да ја продолжуваат во недоглед како последица на добриот рејтинг кој го имаат. Вакво ремек дело е најдобро да заврши без влечкање и со одлична приказна.
Наредната сезона е последна, ако доследно држат до британската верзија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.569
Секако нема каде нагоре по пирамидата да оди, освен можеби да стане Папа ;-)
Ако им се види финансиски исплатливо може да забегаат во патетики како секоја сезона нов предизвик и така до недоглед. Сепак, за квалитетот на целината би било многу подобро да се држат до книгите и до минисеријата на ББЦ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom