Поздрав дечки... Пола од постовиве ги прочитав и само еден успеав да најдам за она мене што ме интересира.
Сакам да порачам книга (стручна литература од медицина) од amazon.com... Книгата е околу 1800 страни и пошто е толкава сакам hardcover да ја земам; Форматот е А4 и тежи 3,2кг или по нивно 7 lbs. Е сеа пошто книгата е нестандардна и кошта ~180$ за испорака ми го бараат она 2,99$ по 1 lbs... Настрана сето тоа, вкупно доаѓа околу 202$ да платам... Сеа пошто видов различни мислења во врска со царината и данокот... Сума сумарум ме интересира колку би платил јас и по кој основ нормално (испораката си е стандардна онаа од 18-32 business days)? Други податоци ако треба пишете. Поздрав и однапред благодарам