Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Трагично е што сите тие квази барок градби ќе ни останат засекогаш. Мене таа помисла ме ужаснува, не друго...:вонзем:
Мислиш ќе траат толку?
Сѐ ми се чини дека за некоја година ќе почнат да се распаѓаат како и сите новоградби.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
S

Sagan

Гостин
Плагијатерството продолжува во полна пареа.
Бедни копии и имитации го кичосуваат градот на велико.





Па и скулптура на маж со факел во рака...
Die Reich der Grujo.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Не мешај сега такви работи. Он си е Груј Први Велики.


Изволте сами проценете ја успешноста на скулптурите.
Каква врска има ова со успешноста на скулптурите? Ебате простиот народ.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Каква врска има ова со успешноста на скулптурите? Ебате простиот народ.
Oh, the irony...
Очигледно е дека се фрлени парите за дебилни скулптури кои се користат како канти за ѓубре. Одвратни, екстремно скапи канти за ѓубре. На што друго би можела да те поттикне скулптура со изглед како онаа?
* My work here is done *
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Oh, the irony...
Очигледно е дека се фрлени парите за дебилни скулптури кои се користат како канти за ѓубре. Одвратни, екстремно скапи канти за ѓубре. На што друго би можела да те поттикне скулптура со изглед како онаа?
* My work here is done *
Начинот на изразување на вкусот на луѓето во земјава е дебилен. А да ни беше пописмен народов немаше ни во вакви гомна да бидеме ама ај, не смее да се меша политика на форумов.

И да, I solved the case, my work is done.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
40
Над Скопје блескаат златни коњи, а во внатрешноста се патува по Турска калдрма која за среќа ни останала од Османлиите, па сега ја користиме наместо асфалт.
Денес во паркот Жена борец во Скопје заблескаа четири златни скулптури на коњи. Златните коњи блескаат на градската панорала, а во истовреме во останатите градови од Македонија се создава бес и револт бидејќи не се инвестира речиси во ништо, па така за да дојдете до Охрид од Битола на пример, нема да најдете ни 100 метри пат без дупки, а на некои места асфалтот целосно го нема па се вози по макадам пат поставен во турско време.
Мегаломанското трошење на разубавување на Скопје по се изгледа опустоши се околу центарот на овој град, па се надвор од центарот на главниот град се дави во беда и мизерија. Додека во Скопје беска злато државата скрати милиони евра во здравството, родилките не примаат пари со месеци и на крај ги оданочуваат, а инспекциските служби секојдневно се на терен во акција на зборање данок и пишење казни.
Харангата која ја спроведува државата за да си ја пополни касата која е испразнета на бронзени и златни статуи во Скопје ги доопустошува фирмите, а генерален впечаток е дека приватниот секотр во земјава е пред колапс.
ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА СЕ ГЛЕДА МАКАДАМ КОЦКИТЕ ОД ОСМАНЛИСКО ВРЕМЕ КОИ ИЗЛЕГЛЕ ПОД РАСПАДНАТИОТ АСФАЛТ

http://ohrid1.com/makedoniјa/vo-skopјe-besnaa-zlatni-kiњi-vo-makedoniјa-mizeriјa
 
Член од
17 април 2012
Мислења
19
Поени од реакции
17
Маме ебаа со воа споменициве,полесна пара здравје
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
ГРАД СКОПЈЕ СКЛУЧИ УШТЕ ЕДЕН ДОГОВОРОТ ОД ПРОЕКТОТ "СКОПЈЕ 2014"

Околу еден милион евра ќе чини новата ограда за мостот кај "Холидеј ин". Град Скопје склучиле договор со група понудувачи: Рудници и железарница - Институт од Скопје и белградската леарница "Јеремиќ", кои за 1.140.000 евра треба да ја изработат и да ја монтираат заштитната ограда и да набават и да постават канделабри на мостот.

Новата ограда на мостот кај "Холидеј ин" е двапати поскапа од онаа на мостот кај МАНУ, за која беа потрошени околу половина милиони евра, а чини трипати повеќе од оградата за мостот Гоце Делчев, за која беа одвоени 370.000 евра.
Од Град Скопје не објаснуваат зошто оградата на овој мост е двојно, односно тројно поскапа од останатите огради.
"Со склучениот договор е предвидено да се изведе втората фаза од реконструкцијата на мостот кај 'Холидеј ин'. Рудници и железарница - Институт и уметничката леарницата Јеремиќ треба за предвидената сума да изработат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мостот и да ги инсталираат", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Автор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Јанев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според проектот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури. (А.А.)

ФОТО:Б.Грданоски (Вест)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Дали знаете дека покрај кафиќите во ГТЦ ќе си поминува улица? Онака си седиш на пивце на кеј, си грицкаш пилешки прсти и пред тебе ти чади од коли, комбиња итн. Ужасија..
Кутрата буржоазија, што ќе прај сега.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Плагијатерството продолжува во полна пареа.
Бедни копии и имитации го кичосуваат градот на велико.





Па и скулптура на маж со факел во рака...
Die Reich der Grujo.


Фали човекот столб од рендерот, вака циркузот не е комплетен. :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Кутрата буржоазија, што ќе прај сега.
Ако за тебе пиво е буржоазија, секоја чест! И од цел коментар се фати за споредното, и занемари што ќе поминува улица на најнелогично место.
Многу си огорчен човеку..
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ако за тебе пиво е буржоазија, секоја чест! И од цел коментар се фати за споредното, и занемари што ќе поминува улица на најнелогично место.
Многу си огорчен човеку..
Не, ти објасна дека „ќе сметала улицата на тие што ке грицкаат пилешки прсти и ке дрмаат пиво“. Ова да не ти беше замерка на урбано - плански - архитектонски уснов случајно? М?

Него, шо ми беше муабетот. Не до пивото. До паметот е.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Не, ти објасна дека „ќе сметала улицата на тие што ке грицкаат пилешки прсти и ке дрмаат пиво“. Ова да не ти беше замерка на урбано - плански - архитектонски уснов случајно? М?

Него, шо ми беше муабетот. Не до пивото. До паметот е.
Што им фали на тие ако им смета тоа? :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom