Ненад, чудото од Македонија

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
А од кога за плејмејкер ти треба висина???
Јас им ја посакувам сета среќа и успех и на Андреј и на Кристијан и на сите дечиња што тренираат напорно. И уште подобро за нив што нема медиумско големо врз нив. А ова не е индивидуален спорт па да фалиме само едно дете. Ова се деца кои можеби ќе бидат следните наши кошаркари кои ќе ги бодриме на првенствата. И нека има што повеќе деца што ќе тренираат кошарка, деца кои се талентирани и кои ќе се трудат да бидат дел од првиот македонски тим во иднина.
А сами знаеме какви се работите кај нас, може да си одличен кошаркар а да не те викнат во репрезентацијата, наместо тоа да викнат некои си кошаркари кои цело првенство ќе го преседат на клупа и ќе и мафтаат на камерата, но тоа се деца со врски. Секогаш и секаде ги има таквите.
Но сепак тоа не значи дека на децата со познати родители треба да им ставиме рампа и да не го пофалиме нивниот успех. Јас ќе го фалам, сеедно дали му е родител Трајко, Петко, Саше, Маше. Го имам гледано и одличен е. Не знам дал е најдобар, но за негова возраст е супер.
А сите талентирани деца имаат подршка без разлика кои се.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845

извини али ти планираш да правиш маркис грин ? ја имам да ти набројам 10 деца кој се 100 пари подобри пелејмејкери од него и на инивидуален план и на тимски план.. а се гледа дека врска си немаш кога збориш дека плеј е тој кој треба да ја гради играта а не да ми глуми решавач на натпревар.. Па и ален ајверсон е 183цм и е најдобриот плеј поентер во нба а нено со оваа висина непроменета нема да израсне повеќе од 175.. 2ца играчи играле во нба лигата кој биле просечни или потпросечни со таа висина.. Тоа се Ерл Бојкинс и Багзи вон или така нешто не ми текнува како се презиваше точно..

а да на кажам дека класичен пример за форсирање е нено..
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Добро фала јас си немам врска само ти се разбираш секако.
Ок очигледно е не го цениш ова медиумско внимание и ок е. Нено е форсиран ок.
Тоа не значи дека некои луѓе нема да се радуваат на успеси на млади таленти. И да бе имам право и така сакам да го викам талент. Не само него, туку децата кои се секаде околу мене ги подржувам а кои се занимаваат со спорт.
Нема да подржам да речам дека некој е талент а цел ден седи пред компјутер.
А да јасно ни е, не само тука, секаде во светот има деца таленти кои не успеале од х причини, а деца кои успеале ради форсирањето. Времето ќе покаже се.
Ти кажуваш за едно дете од 13 години колку ќе пораснел. Баба Ванѓа си изгледа штом во сантиметри кажуваш колку ќе израсне. Те молам кажи ми и во кој тим ќе игра во 2018та година ако може?
 
запознај се со биологоијата и ќе видиш .. А за тоа дека врска немаш за кошарката се гледа по твоите изјави со тоа дека е супер ‘‘кошаркарче‘‘, поголем трошач на топки немам видено, да се разбираш од кошарка ќе знаеш што е тоа. Да го имаш гледано повеќе од 3 пати се ќе ти стане јасно, а ја го имам гледано повеќе од 20 пати.. Така да не ми филозофирај многу..Очигледно ти е некоја роднина или си тежок упикувач чим не сакаш да гледаш објективно.. Дека ја имав играно во јуниор и ги имам гледано неговите натпревари од најмали нозе па до пред 2-3 месеци. Растено имам со кошарка од сите страни и верувај ми во ништо поврзано со кошарка не може да ми парираш.. Само сум реален да беше и некое друго исфорсирано дете на кое цело време требаше да му се дава пас или нема да играш кај тато во тимот немаше да биде тоа ситуацијата. Гледаш дека не сум единствен кој го кажува тоа, напротив ја се нафаќам да ти објаснам да не си го плакнеш мозокот.. :tapp:
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062
Aко прават трансфери на млади години лошо било, млад бла бла, форсиран дрн дрн јариња ...
Ако прави трансфер на постари години стар бил, кај бил досега, што правел, џабе е добар трансфер кога порано требал да направи.
Едни исти муабети се вртат во круг, крај неможе да им се најде на луѓево.

Нено е талентирано кошаркарче, кое има супер позадина зад себе, има кој да го гурка. И дали поради тоа што има родител бивш кошаркар, тренер и сопственик на тим треба да ги ругаме неговите успеси? Не бре луѓе, треба да се радуваме, батали иднина, не знаеме што ќе биде, не знаеме со нас што ќе биде утре, не знаеме Антиќ дали утре ќе игра кошарка, не знаеме Нено за една година кај ќе е. Но барем нека си ужива во сегашноста, а таа е дека тој е вундеркид, со фантастична игра, дриблинг и одлично поентира и со трансфер на кој му се воодушевува цела нација. Детето го бива.

Тоа што е син на Саше е само предност за него. Но за сите други луѓе е мана и доволно за да трачарат. Нено вајда прво даде кош па после прооде. Го гледав како мал како игра, за него кошарката е се, тој по 12 часа тренираше на ден. Никој не му забранува на ниедно дете да тренира, треба само да сака. А Нено ги има сите услови. На 5 години даваше кошеви назачки, а јас се комплексирав :icon_mrgr:

Јас само ќе му посакам многу многу среќа и здравје.
Со талентот негов може многу да успее, само ако тој е доволно паметен да го искористи талентот но и трудот што го вложува.
Ги има сите предиспозиции, треба само да се покаже одлично.
Со среќа Нено :pipi:
На колку години има тренирано 12 часа на ден?
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Уф извини експерту, стварно извини :vozbud:

Да бе дете ми е Нено затоа вака зборам, побогу. A oд такви мрчала ко тебе и навредувачи не ни влагам повеќе во дискусија, не вреди. Изгледа сите ние имаме проблем психички што подржуваме младо дете и ние и шпанците и телевизиите и новинарите и многу лица од страна, а ти си експертот. Браво. А и чао.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826

Не, него сака да ти каже дека тоа дете уште пред да прооди е форсирано од татко му и покажувано по медиуми. Што мислиш ова што излегува по весниците за него дека некој новинар го приметил и напишал за него? Или си плаќа Саша Димитријевиќ па си доаѓаат новинари и си прават стории за него. Тоа е муабетот, неможе за дете на 12 години да се дига толкава фама, пишав и погоре ништо не се знае во животот, може проблем со срце ќе му најдат, проблем со колена(не дај боже)... Да ти набројувам колку таленти имало во Македонија ехееееееее. Зошто за мене некој не напиша во весник? Точно 10 години играм во МЗТ и оваа година ми е последна од младинска лига. Еве зашто не се најде некој паметен и не напише Стефан, долгогодишниот член на МЗТ Скопје направи тоа и тоа? Па наравно татко ми е обичен смртник. Тоа сака да ти го каже Доктор Хаус, луѓе што биле или што се во кошарката најдобро знаат како стојат работите и кој е со врски, кој е талент. По мене од сите деца што се надвор од Македонија најталентиран е Андреј Магдевски, детето што потпиша у Партизан, а и на Шиљо син му, Кристијан не е воопшто лош.
 
М

Мартин`

Гостин
извини али ти планираш да правиш маркис грин ? ја имам да ти набројам 10 деца кој се 100 пари подобри пелејмејкери од него и на инивидуален план и на тимски план.. а се гледа дека врска си немаш кога збориш дека плеј е тој кој треба да ја гради играта а не да ми глуми решавач на натпревар.. Па и ален ајверсон е 183цм и е најдобриот плеј поентер во нба а нено со оваа висина непроменета нема да израсне повеќе од 175.. 2ца играчи играле во нба лигата кој биле просечни или потпросечни со таа висина.. Тоа се Ерл Бојкинс и Багзи вон или така нешто не ми текнува како се презиваше точно..

а да на кажам дека класичен пример за форсирање е нено..
13 години има детево и уште не е влезено ни во пубертет а ти кажуваш дека немало да израсне повеќе од 1.75 браво за тебе Македонска Баба Ванѓо, него ќе правиме муабет има време ама глупи ви се овие предпоставки колку ќе бил а колку не.. и да било исфорсирано или незнам ти што гледам пишувате. Ваљда татко му е толку моќен што дури и сега во Шпанија го форсира да дава 30+ коша, ја плаќа и Марка да пишува за него :ROFLMAO:

Не викам дека нема други добри, ама дека има талент детево има тоа неможе да се негира ..
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062
Уф извини експерту, стварно извини :vozbud:

Да бе дете ми е Нено затоа вака зборам, побогу. A oд такви мрчала ко тебе и навредувачи не ни влагам повеќе во дискусија, не вреди. Изгледа сите ние имаме проблем психички што подржуваме младо дете и ние и шпанците и телевизиите и новинарите и многу лица од страна, а ти си експертот. Браво. А и чао.
Росонерка ќе можеш ли да ми кажеш на колку години тренирал по 12 часа на ден?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
12 часа не тренираат ни во НБА, немојте такви муабети, особено за дете од Македонија кое има 13 години. 12 часа тренираат гејмери пред ТВ или монитор, друг никој.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
12 часа не тренираат ни во НБА, немојте такви муабети, особено за дете од Македонија кое има 13 години. 12 часа тренираат гејмери пред ТВ или монитор, друг никој.
Како не, Pistol Pete по колку време трењираше? :D
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
A да ве прашам вие да сте сопственик на клуб и имате син кој е супер кошаркарче, ќе ги форсирате другите деца, за нив прво ќе гледате трансфер да направите? Ќе го ставите синот позади другите? Па и ќорко да е секогаш прво за синот ќе гледате, потоа за другите.
Секој родител така постапува.
Крушка под крушка паѓа секаде, не само во спортот.
Дали тоа значи дека ако татко ви е адвокат нема да ве вработи во адвокатската канцеларија и нема да ви обезбеди најдобро образование? А ќе форсира друго дете и за него ќе плаќа? Не бре, прво за вас ќе гледа. Сеедно што бизнис работи, прво за вас ќе гледа.
Секогаш и секаде се форсирале децата на познатите родители или самите родители си ги форсираат или тренерите ги форсираат децата на родителите со добра позадина.
Но времето покажува кој ќе успее, некои успеваат, некои стануват клошари.
Но неможеш да му ставиш рампа на дете и да не го подржуваш а игра одлично само зашто е дете на познат родител.

Сетете се еве кои се децава.

Децата на Бобан Бабунски играат во Реал и Барса, нормално татко им ќе ги фати сите врски што може и се ќе направи за нивна иднина. Мож не се најдобри, ама ако биле заникаде немало ни во Вардар да играат после детството.

Така што не само кај нас секаде во светот едно исто е, полесно е да успееш ако имаш добри родители кои ќе те туркаат, но ако си торко ништо џабе гуркање кога тогаш ќе те исфрлат.
Во сите наши репрезентации од сите спортови пола деца а и возрасни репрезентативци се деца на некои поранешни познати спортиски.
А вистинските таленти без позадина секогаш имаат пострмен пат за одење кон успехот, некои се откажуваат, најдобрите успеваат.
А времето ќе покаже кои се најдобри, јас не дискриминиран во однос на презимето кое го носат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Епа драга моја росоњерке, баш затоа што децата на познатите татковци МОРА да станат некој и нешто, па макар биле и со две леви нозе Македонија никогаш нема да иде нагоре и да просперира. Ај кажи ми зашто јас би го форсирал син ми ако он е дудук? Не алудирам тука на Нено него општо зборам. Нормално би го тренирал и све тоа, ама ако е дудук сигурно нема да го пуштам пред некое друго дете кое заслужува. Ако не му иде спортот си има други работи, школо, месара, рампар може да биде... А за жал кај нас таа е работата, биди син на познат и ќе станеш нешто, без разлика на тоа дали си добар или се сопнуваш од линиите на теренот.

Што ми значат на мене и Бабунски и Св. Бабунски кога ги немам видено како играат, а за нив само се пишува таленти таленти. Не викам дека не се добри, али сето тоа е платена реклама од некои моќни луѓе, да не ти објаснувам пак ти пишав погоре зошто е тоа така.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Не, него сака да ти каже дека тоа дете уште пред да прооди е форсирано од татко му и покажувано по медиуми. Што мислиш ова што излегува по весниците за него дека некој новинар го приметил и напишал за него? Или си плаќа Саша Димитријевиќ па си доаѓаат новинари и си прават стории за него. Тоа е муабетот, неможе за дете на 12 години да се дига толкава фама, пишав и погоре ништо не се знае во животот, може проблем со срце ќе му најдат, проблем со колена(не дај боже)... Да ти набројувам колку таленти имало во Македонија ехееееееее. Зошто за мене некој не напиша во весник? Точно 10 години играм во МЗТ и оваа година ми е последна од младинска лига. Еве зашто не се најде некој паметен и не напише Стефан, долгогодишниот член на МЗТ Скопје направи тоа и тоа? Па наравно татко ми е обичен смртник. Тоа сака да ти го каже Доктор Хаус, луѓе што биле или што се во кошарката најдобро знаат како стојат работите и кој е со врски, кој е талент. По мене од сите деца што се надвор од Македонија најталентиран е Андреј Магдевски, детето што потпиша у Партизан, а и на Шиљо син му, Кристијан не е воопшто лош.
се сложувам а сакам да надополнам дека за децава на бабунски без да се дигне фама на секој можен медиум од нивниот татко беа земени во барселона и реал.. Тоа е сон на секој млад надежен фудбалер.. И тоа што сакам да го кажам е дека овие веќе со 16 или 17 години ги пишува весеникот марка без да ги пишува по сите македонски портали.. Децата на бабунски се имаат докажано за разлика од нено кој само е исфорсиран.. Тоа е тоа што сакам да го кажам цело време.
П.С. ај те молам покажи ми кога сум го навредил Нено во било кој пост ? ја го почитувам како познаник и не се замарам со него за разлика од магдевски и кристијан кој ми се другари и со нив имам тренирано и имам видено што е ствано шампионски да се тренира.. За Кристијан знам со “тапија“ дека тренира по 4 саати на ден и мило и драго ќе ми биде да успее стварно (y)
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Епа драга моја росоњерке, баш затоа што децата на познатите татковци МОРА да станат некој и нешто, па макар биле и со две леви нозе Македонија никогаш нема да иде нагоре и да просперира. Ај кажи ми зашто јас би го форсирал син ми ако он е дудук? Не алудирам тука на Нено него општо зборам. Нормално би го тренирал и све тоа, ама ако е дудук сигурно нема да го пуштам пред некое друго дете кое заслужува. Ако не му иде спортот си има други работи, школо, месара, рампар може да биде... А за жал кај нас таа е работата, биди син на познат и ќе станеш нешто, без разлика на тоа дали си добар или се сопнуваш од линиите на теренот.
Се согласувам јас со тебе, јас не реков мора да стане некој, реков времето ќе покаже, а секој родител ќе се потруди да направи се за своето дете. Сеедно дал е Нено, дал е Трајко, дал Кристијан нема да го земе странски тим ако не е добар, ама контактот со странство е полесен на родители со врски.
Времето покажува дали децата со познати родители ќе станат некој и нешто, или ќе ја прокоцкаат шансата што им се дава.
И не се сложувам дека е само кај нас така.
Мислиш полесно е синот на Малдини да го викнат во прв тим или синот на некој си земјоделец Лучијано што има нива во Тоскана и сади лозје? Или ќерката на Анџелина Џоли ќе стане актерка потешко од некоја си Митра? Или на Мадона ќерката полесно ќе стане пејачка или некој си што има перфектен глас и цел живот се труди?
Секаде е така, дал е Македонија, дал е Балкан, дал е Европа, дал е свет подобри предиспозиции да стане некој популарен се децата на познатите.
Некои од тие деца се навистина таленти, но некои само се шлепаат со тоа презиме и кога тогаш ќе се види дека не ги бива и чао приетно, ќе станат џет сетери :icon_lol:

А оние талентираните со непознати и скромни родители, сеедно дал се децата спортисти, дал музичари, дал актери, дал балерини, дал водители само на нив останува дали ќе се откажат пред рампите кои им ги поставува животот и ќе се откажат од својот талент а ќе им го отстапат местото на помалку талентираните или пак ќе се борат до крај и ќе успеат во тоа.
Неможам да успеам ради тоа што познато дете ставаат место мене во тим ми е клише, зашто ако си стварно најдобар кога тогаш правдата доаѓа на крај.

Секаде е едно исто.
А ние вака гледачите од страна или ќе сме рамнодушни и ќе им дадеме шанса на сите деца да се докажат или ќе ги дискриминираме по разни основи некои деца.
Сеедно темава е за талентирано дете, а јас на ниедно дете не би се бунела што потпишал договор во Шпанија. Напротив ќе му посакам се најубаво и да го искористи тоа, а не да го прокоцка. А шансите се 50-50.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom