Различна маржа за лебот во различни маркети?

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Најпрвин едно извинување доколку веќе има некакви дискусии во врска со темава но иако сум нов го листав форумов и не наидов на ваква тема (сепак треба и нешто да се работи нели? :))...
Како што вели насловот случајно наидов на тоа да во Тинекс маркет лебот грахам од жито лукс што обично го купувам е 33 ден. а во Кам на 150 метри да е 29 ден истиот... Ова е за Тинекс маркетот на Теодосиј Гологанов до Веро и Мекдоналдс а Камот е оној преку улица буквално на 150 метри.
Колку што знам иако не сум пушач за цигарите и за лебот маржата треба да е иста и за цигарите колку што знам е, но сепак за лебот како основен производ нема иста цена во сите продавници.
Е сега моето прашање е дали сум во право и ако сум нормално каде би можел да се обратам за да се исправи оваа "ненамерна" грешка? И доколку некој има слични искуства да подели...
Благодарам однапред за сите што ќе одвојат малку време за оваа тема и голем поздрав до сите учесници на форумов бидејќи иако не сум го користел порано најдов многу корисни информации на него што во иднина ќе ја зголеми мојата посетеност (y).
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ќе идеш кај што има најефтино, кај мене е 18 денари за леб со грамажа од 470 gr.
А цената најчесто сами ја одредуваат самите маркетите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Друже мене ми е за тоа што ист производ (леб) се продава со различни цени во различни маркети а колку што знам тоа не би требало да е така за одредени типови на производи како што напоменав меѓу кои лебот и цигарите... Али ок сигурно е дека од сега ке си го купувам во Кам :pos:
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Прво нов си и би боло добро кога отвараш теми да ги пишуваш со нормален фонт, вака очиве ме заболеја.:mad:
Лебот, цигарите и млекото колку што јас знам треба да се со иста цена. На лебот и млекото ке најдеш различни цени, на кој како му е ќеф така ги реди. А за цигари мислам дека секаде се исто освен во некои екстремни случаји каде за купен производ не добиваш фискална.:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Значи прво има разлика меѓу мора да се и треба да се... Јас како нов мислев дека тоа е нормален фонт и ако мора да се пишува така тогаш така ќе пишувам а ако треба тогаш на мене е оставено дали јас ќе изберам да пишувам вака или онака исто како со цените кај сакаш какви сакаш можеш да начекаш... Друго да се вратиме на темата ако мора да се исти тогаш не е во ред некој да ќарува на лебот така? И каде да се пријави тоа
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Зависи што сакаш момак ако сакаш квалитетен леб ќе си платиш поскапо ако сакаш квалитетен и ефтин ќе одиш во Пекара.

Ама ако немаш време и одиш во Тинекс ќе си платиш поскапо МАРЖАТА си ја одредуваат самите Трговци различно до одредена граница на МАРЖА точно бидејќи лебот е основно средство кој го субвенционира Владата односно има ингеренции ограничени се разбира.

И не знам зошто си отворил ваква тема па прашај некој во твое мало шо има продавница ќе ти каже се.

Ако немаш друга работа за 500ден ќе ти најдам нешто да работиш во денот.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
[quote="Martinc0, post: 4486886"]Значи прво има разлика меѓу мора да се и треба да се... Јас како нов мислев дека тоа е нормален фонт и ако мора да се пишува така тогаш така ќе пишувам а ако треба тогаш на мене е оставено дали јас ќе изберам да пишувам вака или онака исто како со цените кај сакаш какви сакаш можеш да начекаш... Друго да се вратиме на темата ако мора да се исти тогаш не е во ред некој да ќарува на лебот така? И каде да се пријави тоа[/quote]
Море нормално дека на тебе е оставено, но поетички е да пишуваш со нормален фонт. Право што сакакш не ич не ме боли таквото како ке пишуваш, а верувам и тебе за моите совети.
А за цените ние сме таква држава. Кај нас шиптарине не ни имаат фискални сметки и никој збор не им викат. Каде за тоа да се обратиме. Нема, ненормална држава сме ние секој прави како ке му текне.:mad:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
Не сте ми јасни и двајцата...
Зависи што сакаш момак ако сакаш квалитетен леб ќе си платиш поскапо ако сакаш квалитетен и ефтин ќе одиш во Пекара.
И ти и Зелен велите ако сакаш поефтин поквалитетен оди на друго место... Не сте ја разбрале суштината на темата... Јас ви велам за ИСТИОТ производ ваму се плаќа една таму друга цена. Друго нема одредена "граница на маржа" тоа како такво не постои... Заради тоа и цигарите имаат иста цена секаде освен на места како што напомена Зелен екстремни случаи каде нема да добиеш фискална.
За Зелен етика нема врска со тоа каков фонт сум пишувал бидејќи иако сум напишал со поголем пак не си разбрал што всушност барам...
За Љупчо немај гајле ти за мене ја сум си среќно вработен а ако сакаш ја можам да ти најдам за 1000 ден дневно да заработуваш + бонуси ама пошто гледам дека си зафатен со други работи и многу си прашувал по продавници подобро на некој друг да му се понуди...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
А ти зошто мислиш дека е така со цигарите а не е со лебот ,од едноставна причина што во Државата во која живееш владее една Фирма Тутунски Комбинат која држи монопол.

А со лебот имаш 100 приватни пекари Жито Лукс си има една цена ,Димче фурна си има друга јасно.

Не се лути ама ако стварно имаш работа за 1000 денари давај тоа е повече од 25000ден месечно супер сон на секој Македонец.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
И сеа повторно по незнам веќе кој пат... Истиот леб друже незнам како да ти објаснам дека станува збор за ИСТИОТ производ ИСТА грамажа ИСТА фурна.... Значи истиот производ... Ај сеа пошто викаш Жито Лукс си има една цена а Димче фурна друга... Овој и во Кам и во Тинекс е од Жито Лукс човече незнам како да ти кажам истиот леб во Кам е 4 ден поефтин. Ако е од иста фирма нели е логично да го продава по иста цена??? Значи дека од тинекс ќаруваат од чиста причина што им се може нели?... Добро доволно се разјаснувавме мислев доколку има некој да ми каже каде да пријавам или нешто слично дали е тоа некое друштво за заштита на потрошувачите или незнам што веќе чисто да видам дали нешто ќе се смени.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
И сеа повторно по незнам веќе кој пат... Истиот леб друже незнам како да ти објаснам дека станува збор за ИСТИОТ производ ИСТА грамажа ИСТА фурна.... Значи истиот производ... Ај сеа пошто викаш Жито Лукс си има една цена а Димче фурна друга... Овој и во Кам и во Тинекс е од Жито Лукс човече незнам како да ти кажам истиот леб во Кам е 4 ден поефтин. Ако е од иста фирма нели е логично да го продава по иста цена??? Значи дека од тинекс ќаруваат од чиста причина што им се може нели?... Добро доволно се разјаснувавме мислев доколку има некој да ми каже каде да пријавам или нешто слично дали е тоа некое друштво за заштита на потрошувачите или незнам што веќе чисто да видам дали нешто ќе се смени.
ОК,

Еве последен одговор од мене секој трговец има право сам да си ја одреди МАРЖАТА на лебот никаде не пишува дека цената треба да биде иста за лебот.

За цигарите друга приказна.

Позз
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.547
Поени од реакции
2.117
Добро бе толку сте глупи да му ебам мајката!? Толку не контате шо ви вика новиот!?
Ви вика фино лепо и човек со 40 IQ да може да свати. Една фирма испорачува исти либ на повеќе продавници. Финтата е тоа што во продавниците си редат цена каиква сакаат. По некое непишано(или запишано е шознам јас) еден тип на леб, од една фирма треба да има иста цена по сите продавници.
Контате сега...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
0
ФАЛА БОГУ некој да ме разбере конечно... Тоа е тоа што не ми е логично а мислам и дека е незаконски... Пошто за леб станува збор не е да речеш зејтин, шеќер или незнам што веќе. Ќе се распрашувам наоколу па ако има нешто ново ќе ве информирам ;)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
лебот е социјална категорија и не треба секој да си игра со цените....значи на било какви производи може да се калкулира и заработува,но тоа не смее да биде во случај со лебот !
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Во ниеден закон нема точно одредено дека лебот мора да има иста цена во сите маркети. Пекарите, кои ги има илјадници низ државава, одредуваат цена кон продавницата, а натаму колку пари ќе заработи трговецот зависи само од неговата способност. Цигарите се друга приказна. Политиката на дистрибутерите е дека иста цигара мора да има иста цена во сите продавници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom