МРТ од следната година (2011) во HD?

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
МРТ од следната година во HD?



Македонската Радио Телевизија дефинитивно не престанува да изненадува. Веќе некој период таа е излезена од пасивноста во која беше долго време. Ова неколку пати го напоменавме затоа што во изминатиов период тие навистина активно работат во подобрувањето на државната телевизија. Процедурата се одвива полека, но промените се видливи. Најновата вест поврзана со оваа телевизија ја пронајдовме во дневниот весник "Нова Македонија". Ви го пренесуваме целиот текст за да погледнете и самите за што се работи. Покрај тоа што најверојатно оваа телевизија од наредната година ќе се дигитализира, тука дознаваме и дека МРТ планира да набави најсовремена опрема која ќе овозмжи неограничен простор за емитување.


Преземено од "Нова Македонија"

Во рамките на реформите на националниот радиодифузен сервис и на глобалното исклучување на аналогниот сигнал, кај нас предвидено за 2012 година, прифатен е планот за инвестиции, според кој треба да се набави современа опрема што многу наскоро ќе емитува дигитален сигнал во висока резолуција

Македонската радио-телевизија во 2011 година ќе почне да емитува дигитален сигнал, и тоа во ХД т.е. висока резолуција, вели Слободан Чашуле, член на Советот на јавниот радиодифузен сервис.

- Советот го поддржа предлогот на извршните органи на МРТ да купат најсовремена опрема, која истовремено ќе овозможи неограничен простор за емитување - вели Чашуле.



Тој додава дека, за да бидат целосни реформите, ќе треба да се измени и програмската шема, а советот веќе ги задолжил програмските уредници да излезат со нова шема и со нов пристап кон зголемените обврски. Од нив се очекува широк разновиден опсег на квалитетни содржини, кои ќе кореспондираат со новото време. Оваа фаза ќе следува откако ќе бидат завршени претходните чекори, а тоа се финансиското, политичкото и технолошкото осамостојување. За финансиското осамостојување веќе е поднесен предлог-закон, според кој Управата за јавни приходи ќе ја врши наплатата на радиодифузната такса. Потоа следува измена на Законот за радиодифузија, кој, според Чашуле, е пресликан од британскиот и кој ќе и овозможи на МРТ целосна правна независност. Третата фаза е купувањето современа опрема, наместо дотраената, која, пак, е клучниот елемент за дигитализацијата односно за пуштањето ХД-сигнал во етерот.
- Со помош на новата опрема, ќе им се овозможи онолку простор во програмата на сите етнички заедници колку што можат да произведат и да консумираат, ограничени само од буџетот, а не и од времето и од просторот - објаснува Чашуле


НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА?

Проектот за дигитализација се спроведува во рамките на глобалното укинување на аналогната телевизија. За Македонија предвидениот рок за гаснење на аналогниот сигнал е крајот на 2012 година.

- За спроведување „свич-оф“ на аналогниот сигнал Македонија добила мултиплекси, дигитална опрема за емитување. Од тие мултиплекси, секој може да емитува по осум канали, а еден е само за Македонската телевизија.

Тие може да пуштат дигитален сигнал и порано, но за тоа треба да биде изградена целосна мрежа на предаватели и приемници, за сигналот да биде достапен на целата територија бесплатно (фрее то аир), а не преку кабелски оператор. За тоа треба многу пари. Приказната за ХД-сигнал во 2011 година во Македонија е само паушална оцена на дилетанти, кои не разбираат ништо од радиодифузија, каква опрема е потребна и колку чини целиот процес. Од каде пари? Нели МРТ е презадолжена? - вели Виктор Грозданов, долгогодишен медиумски работник и познавач на состојбите.

Тој објаснува дека постои огромна разлика од ХД-сигналот што беше пуштен за време на Светското фудбалско првенство пред неколку месеци, бидејќи тоа е готов ХД-сигнал што го емитува некој друг, а МТВ преку ХД-енкодерот на „Ти-хоум“ го емитува само за одредени корисници (во случајов на пакетот „Макс“ на „Ти-хоум“).

Во однос на проширувањето на програмата, односно овозможување продукција неограничена од просторот и од времето, Грозданов објаснува дека за тоа се потребни дополнителни комплементарни програмски сервиси, за кои најпрво е потребна измена на законот за радиодифузија. Ваквите сервиси би функционирале слично на принципот на видеотеките што ги нудат операторите што и сега нудат дигитална телевизија.

- Ако МТВ побара дополнителни програмски сервиси, ќе се јават и А1 и Сител и сите други приватни телевизии. А тука веќе се поставува прашањето дали пазарот има такви потреби - смета Грозданов.



ПЛАНОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Е ПРИФАТЕН


Петар Каранаков, еден од извршните директори на МРТ, објаснува дека дигитализацијата на МРТ се спроведува со поддршка на Европската Унија и на Владата. Процесот на набавките веќе се подготвува и ќе се одвива преку тендер.

- Планот за инвестиции е прифатен и по 30 години Македонската радио-телевизија конечно ќе има можност да ја обнови старата опрема. Сé уште не знам колку ќе чини сето тоа, бидејќи не знам какви ќе бидат понудите што ќе ги добиеме на тендерот - објаснува тој.

Каранаков додава дека МРТ треба да го набави само својот дел од опремата, додека предавателите се обврска на Советот за радиодифузија.

- Преку истите предаватели својот сигнал ќе го емитуваат и приватните телевизии, кои исто така ќе треба да се дигитализираат. Проблемот, пак, со корисниците што поседуваат аналогни приемници ќе се реши со бокс-сетови, апарати што се приклучуваат на телевизорот за да примат ХД-сигнал - додава Каранаков.

Дополнителна придобивка што ќе произлезе од целиот проект за дигитализација на МРТ е пренесувањето во нов формат и на архивата на националниот радиодифузен сервис. На 19-от кат во зградата на МРТ ќе се отвори дигитална библиотека, која ќе биде отворена за пребарување за новинарите од сите медиуми.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Дали конечно ќе се смени бајатата боја, и тие студијата со коцки во позадина бљак :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
А прво да купеа асални репортерски коли..?? На што личат тие сега,па ни Џерманците не се возеле у такви за време џерманско
 
P

Princ

Гостин
Јас пак по ова гледам дека ама ич не се опаметиле и уште живеат во она југословенското. Наместо да прават и купуваат програма, тие трошат пари (наши) на опрема. Македонски народни приказни, Бушава Азбука, Трст Виа Скопје... и во жљакD изгледаа прекрасно.
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Јас пак по ова гледам дека ама ич не се опаметиле и уште живеат во она југословенското. Наместо да прават и купуваат програма, тие трошат пари (наши) на опрема. Македонски народни приказни, Бушава Азбука, Трст Виа Скопје... и во жљакD изгледаа прекрасно.
Yeah, луѓе гледаат програма заради содржината не заради квалитетот на сликата (мада и тоа има влијание али како дополнување на убава содржина не замена за грда !!!)
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Не се секирајте, ќе се оправат со тек на време, штом почнаа со присилна наплата на радиодифузната такса ќе имаат пари и за опрема и програма и коли и тн :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Во рамките на реформите на националниот радиодифузен сервис и на глобалното исклучување на аналогниот сигнал, кај нас предвидено за 2012 година, прифатен е планот за инвестиции, според кој треба да се набави современа опрема што многу наскоро ќе емитува дигитален сигнал во висока резолуција
Дали постарите телевизори (кои немаат дигитални можности) се способни да го обработат дигиталниот сигнал или ќе мора луѓето да докупуваат уште по некој уред?

Инаку за темата, можеби законот ги притиска, но сепак треба да ја подобрат програмата...макар едукативни серии (као што беа оние од типот на Опстанок). Ваљда не се туолу скапи...или као што правеа порано -размена со одредени куќи од други држави.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Дали постарите телевизори (кои немаат дигитални можности) се способни да го обработат дигиталниот сигнал или ќе мора луѓето да докупуваат уште по некој уред?

Инаку за темата, можеби законот ги притиска, но сепак треба да ја подобрат програмата...макар едукативни серии (као што беа оние од типот на Опстанок). Ваљда не се туолу скапи...или као што правеа порано -размена со одредени куќи од други држави.
Проблемот, пак, со корисниците што поседуваат аналогни приемници ќе се реши со бокс-сетови, апарати што се приклучуваат на телевизорот за да примат ХД-сигнал - додава Каранаков. (во уводниот текст е напишано во насловот ПЛАНОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Е ПРИФАТЕН)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Упс, не го приметив :) Како што го разбирам ова, корисниците ќе мора некому да платат за апарат за да може да гледаат тв во Македонија. Ако цената му е повисочка не знам како граѓаните ова ќе го регулираат...добар дел од нив имаат постари телевизори.

Не знам зошто брзаат со оваа техника

Во рамките на реформите на националниот радиодифузен сервис и на глобалното исклучување на аналогниот сигнал, кај нас предвидено за 2012 година, прифатен е планот за инвестиции, според кој треба да се набави современа опрема што многу наскоро ќе емитува дигитален сигнал во висока резолуција

Македонската радио-телевизија во 2011 година ќе почне да емитува дигитален сигнал, и тоа во ХД т.е. висока резолуција, вели Слободан Чашуле, член на Советот на јавниот радиодифузен сервис.
кога претходно беше од самиот министер објавено дека за земјите еу членки, рокот е 2012, а за кандидати 2015 година.

Според Јанакиески, земјите-членки на ЕУ имаат обврска да ја завршат дигитализацијата до 2012, а земјите- кандидати членки до 2015 година.
Уште да има што да пренесуваат, некоја програма, таман ќе биде.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
Не се секирајте, ќе се оправат со тек на време, штом почнаа со присилна наплата на радиодифузната такса ќе имаат пари и за опрема и програма и коли и тн :)
ако можат да ги наплатат :)

само едно не ми е јасно кога гледам тв преку кабловска нели треба кабловската да го подмири долгот кон МРТ
пошто ја прикажува нејзината програма :O
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
и кај нас ќе го гасат аналогниот сигнал до крај на 2012, што значи до тогаш сите тв канали мора да емитуваат дигитален сигнал (немора да е HD)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
епа супер, ќе ги глеаме збрчканите фаци на водителите од МТВ во HD xD :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.868
Поени од реакции
7.554
и кај нас ќе го гасат аналогниот сигнал до крај на 2012, што значи до тогаш сите тв канали мора да емитуваат дигитален сигнал (немора да е HD)
Сите телевизии во Македонија до крајот на 2012 ќе се изгасат од аналогниот сигнал
така во Хрватска месецов го прекинаат тој аналоген сигнал и сега кај нив е се дигитално па некои мораа да купуваат бокс-сетови и ресивери за да имаат добар прием инаку ништо нема да гледаат

исто Хрвативе имаа и реклами и емисии скоро цела година на HTV како се поврзува ресивер и како да добијат дигитална слика:aplauz:

а мене ме интересира со ова дали ќе прекине и кабелска телевизија да емитува сигнал
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ќе биде дигитализација без сомнение до крај на 2012. Мислам дека МРТВ напреднува али кај народот останува тоа мислење од порано дека немаат програма. Ок зависи за што се мисли али мислам дека има големи промени овие две години па сега уште ако се спроведе законот мислам дека ќе бидне дигитализацијата со антена наскоро.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
а мене ме интересира со ова дали ќе прекине и кабелска телевизија да емитува сигнал
Ќе си продолжат кабелските и макств (која е еден вид кабловска) со дигитална тв, бумтв ќе си биде официјален понудувач на dvb-t на територија на македонија, а во 2012 ќе се издаде и уште една лиценца за дигитален оператор како што е бумтв.
во хрватска макс-тв лансираа и дигитална преку сателит, и кај нас може ќе се деси истото со максв, пошто во руралните средини уште немаат техничка можност за ИПТВ (а со тоа ќе изгубат иљадници корисници).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom