Ако човекот природно не е моногамен, дали бракот е лицемерие?

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Бракот е бизнис.Две странки склучуваат договор дека со заеднички средства и нерви ќе формираат нов живот.Постои почит и подршка.Толку.
За се друго постои швалер/швалерка :)
Leandra, Do you want to marry me?
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
232
Поени од реакции
41
Leandra, Do you want to marry me?
Леандра, во тој случај, може ли да кажеш до која мера е важечки бракот кога се работи за секс. Дали ти мислиш дека во брачната заедница не треба да постои сексуална привлечност?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Брак = алиментација доколку на едниот му текни дека не сака да биде повеќе во брак а притоа имаат малолетни деца
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Познавам многу луѓе кои се во брак, а кои отворено говорат дека имаат швалери/швалерки и дека немаат сексуален ексклузивитет во бракот. “Во брак сум 12 години, ама секој ден не се јаде иста манџа“ -коментар на еден од нив.

Неодамна еден мој близок пријател ме праша за совет како да запознае некоја со која би се гледал за секс, ама да биде ептен дискретно. Во брак е веќе 6 години. Имаат две деца и среќен брак, барем така ги перцепирам.

Многумина од луѓето кои ги познавам, иако се веќе во зрели години, воопшто немале врска. Не било природно да се посветиш само на една/еден, при толку многу можности да се биде со повеќе.

Се прашувам: ако човекот, во својата суштина и битие, не е суштество кое може да одолее на секојдневните искушенија, тогаш која е целта на бракот?

Дали стапуваме во брак само затоа што “така треба“ или “за да се има деца“ или “така функционира општеството“... Една моја другарка, коментирајќи искуство од животот дури и рече: “Љубовта и бракот не мора да се една иста работа“.

Кога не би задирале во моногамноста/полигамијата на човекот и би се воделе од фактот дека, ете, многу мажи и жени имаат сексуални и љубовни афери надвор од бракот, го поставувам прашањето: нели е бракот лицемерен во таков случај?

И ако е, тогаш на кој начин човекот може да го отстрани (лицемерието)? На кој начин би требало да се преструктуира општеството, за да потребите на човекот не доаѓаат во судир со “прифатените“ морални норми и правила на однесување?
Абе знаевме дека си оштетен, ама сега гледам и зошто.
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
За ова читав едно истражување неодамна,

во кое се велеше дека моногамијата оди правопропорционално со степенот на интелегенција, имено колку повисок степен на интелегенција има една индивидуа толку е посклона кон моногамен живот, исто така промискуитетниот ген така да го наречам бил наследен и ова го имам читано исто како што е наследен и степенот на интелегенција :)

неможеме ништо против нашите пориви и генетски код, што сме наследиле од нашите предци тоа ќе ни биде:)
Јас читав едно истражување, исто беше дека колку повеќе жена се е*е со повеќе различни мажи, толку тоа е пропорционално со големината на нејзиниот IQ :P

on the serious side...

Бракот го одржува прогресот во општеството. Ако нема моногамија = 10-20% од мажите ќе ги зимаат повеќето од жените, тоа значи дека повеќето мажи ќе останат без жени, се создава тензија, војни, стануваме дивјаци итн...бракот е доста важна работа IMO гледано од перспектива на прогрес.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Бракот го израмнивте со хорор филм, мада не ме чуди зашто и врските почнаа да ги изедначуваат со затвор. Не е лицемерие да се влезе во брак при тврдење дека човекот е немоногамен, ко што ви кажа еден форумџија, се учи тоа , на помош ја имате здравата логика и емоцијата за да излезете од рамките само на страста.
Со ова дека бракот е договор и само тоа не да не се согласувам , туку мислам дека е комплетна глупост. Ајде ќе седнеме јас и било кој друг, и ќе речеме слушај јас имам такви барања, ти какви имаш за да утврдиме основна рамка на постоење.
Верувале или не, познавам бракови кои траат со години и се функционални и има љубов во нив, тоа не значи да се лебди на облаче ама сигурно нема еден идеалист чиј брак му се распаднал да ме убеди дека човекот кој ќе биде покрај мене до крајот на мојот живот ќе го гледам како потенцијален измамник и дека треба да се пазам од него. Заборавивме на довербата и тоа очигледно ко бумеранг ни се врати.
Јас "договор" нема да склучувам тоа сум сигурна кога ќе дојде време за тоа, нема да гледам низ призма на понуда и побарувачка. Го сакам човекот, можам да се видам себеси на долга патека и толку.
 
Rocknrolaa луѓето погоре не сакаа да зборуваат против бракот. Не би можел да зборувам за другите, но ако добро сфатив, повеќето сакаа да кажат дека и покрај бракот човекот има желба да проба секс со други луѓе. Јас ја разбирам потребата на човек да проба нешто друго, но и ме плаши.
Во бракот верувам дека и понатаму љубов, па и покрај секс со некој друг човек. Љубовта не може да се израмни со секс. Бракот е според мене договор, кој се изградил како општествена форма за подредување на животот на луѓето. Носи бенефиции и има врска со даноците. Затоа бракот е институција.

--- надополнето ---

Јас читав едно истражување, исто беше дека колку повеќе жена се е*е со повеќе различни мажи, толку тоа е пропорционално со големината на нејзиниот IQ :P

on the serious side...

Бракот го одржува прогресот во општеството. Ако нема моногамија = 10-20% од мажите ќе ги зимаат повеќето од жените, тоа значи дека повеќето мажи ќе останат без жени, се создава тензија, војни, стануваме дивјаци итн...бракот е доста важна работа IMO гледано од перспектива на прогрес.
сакаш да кажеш МАЖИТЕ стануваат дивјаци. Војните се најчесто масло на мажите. Иако жените подмолно исто може да соучествуваат:) Не би рекол дека бракот би направил неред. Зошто тогаш нема неред кај животните кои се врзани со територија првенствено. Мажјаците држат територија и на таа територија им припаѓаат одреден број женки. И тоа е вид подредување.
 
L

Liberation

Гостин
Абе знаевме дека си оштетен, ама сега гледам и зошто.
Извини што отворив тема што за тебе може е табу... Упс, сега заради неа ќе мора да мислиш на нешто за кое самиот си забранил да мислиш, пошто се плашиш од вистинитоста на тезата...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Бракот го израмнивте со хорор филм, мада не ме чуди зашто и врските почнаа да ги изедначуваат со затвор. Не е лицемерие да се влезе во брак при тврдење дека човекот е немоногамен, ко што ви кажа еден форумџија, се учи тоа , на помош ја имате здравата логика и емоцијата за да излезете од рамките само на страста.
Со ова дека бракот е договор и само тоа не да не се согласувам , туку мислам дека е комплетна глупост. Ајде ќе седнеме јас и било кој друг, и ќе речеме слушај јас имам такви барања, ти какви имаш за да утврдиме основна рамка на постоење.
Верувале или не, познавам бракови кои траат со години и се функционални и има љубов во нив, тоа не значи да се лебди на облаче ама сигурно нема еден идеалист чиј брак му се распаднал да ме убеди дека човекот кој ќе биде покрај мене до крајот на мојот живот ќе го гледам како потенцијален измамник и дека треба да се пазам од него. Заборавивме на довербата и тоа очигледно ко бумеранг ни се врати.
Јас "договор" нема да склучувам тоа сум сигурна кога ќе дојде време за тоа, нема да гледам низ призма на понуда и побарувачка. Го сакам човекот, можам да се видам себеси на долга патека и толку.
За да останеш заедно со некого, за да живееш заедно со некого 30-40-50 години не мора да бидеш во брак.
Потписот на матично само дава право на половината (во некои земји жената добива и повеќе од половина) од тоа што го стекнале додека биле во брак и алиментација за децата додека станат полнолетни или додека старателот не стапи повторно во брак
 
KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
сакаш да кажеш МАЖИТЕ стануваат дивјаци. Војните се најчесто масло на мажите. Иако жените подмолно исто може да соучествуваат:) Не би рекол дека бракот би направил неред. Зошто тогаш нема неред кај животните кои се врзани со територија првенствено. Мажјаците држат територија и на таа територија им припаѓаат одреден број женки. И тоа е вид подредување.
Да де, мажите стануваат дивјаци. Но тоа не ги прави на никој начин да се 'полоши' од жените...и мажите и жените имаат предности/недостатоци, делење на подобар и полош е доста едноставна и неточна делба.

За тие животни што држат територија, зарем нема некој што постојано се обидува да им ја земе таа територија и животниве мораат редовно да се тепаат за да ја зачуваат таа територија?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Бракот е бизнис.Две странки склучуваат договор дека со заеднички средства и нерви ќе формираат нов живот.Постои почит и подршка.Толку.
За се друго постои швалер/швалерка :)
Токму така! Доколку го сфатиме бракот како нешто поразлично од постот на leandra што го цитирав, е тогаш станува бракот лицемерие :salut:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, во тој случај, може ли да кажеш до која мера е важечки бракот кога се работи за секс. Дали ти мислиш дека во брачната заедница не треба да постои сексуална привлечност?
Сексот е дел од брачниот живот,со потписот се обврзуваат дека ќе ја „топлат“ и постелата,сексот е и брачна обврска.Не би бил паметен потег да влезеш во брак со човек кој не те привлекува сексуално,бидејќи ќе треба да глумиш оргазми.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
.Не би бил паметен потег да влезеш во брак со човек кој не те привлекува сексуално,бидејќи ќе треба да глумиш оргазми.
Мене не ми смета и да глуми
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Човекот не е ниту моногамен ниту полигамен биолошки.
Нема дефиниција.
Може да има сексуални односи со било кој даден број партнер/ки.
Не е ниту ограничен само на луѓе во сферата на сексот.Може да има секс и со офци,кози,творови,крави,крокодили,лами,песој...
Ниту пак биолошки е спречен да има коитус со неживи објекти...лешеви,огради,радиатори...сексуално да го привлекуваат измет,кукли во излог,роботи и било што друго.
Не е биолошки ограничен ниту во тоа да има потомство со една жена,а жената да има деца само од еден партнер.
Не барајте одговор во биологијата.

Се зависи од тоа каква перцепција имаме за самите себе,што и како сакаме во животот и дали сме спремни да преземеме одговорност за својот избор.
Моногамијата е практична и прагматична,посебно во делот на одгледување здраво потомство и постигнување на некои цели во животот.
 
cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
идиотски е да тврдиш дека човекот природно не е моногамен и дека бракот е лицемерие.
давате примери каде некој од партнерите изневерува, во кој процент е тоа присутно?
тоа е исто како да кажете ние сме природни самоубици пошто секој ден некоја будала се самоубива, мислам секојдневно стотици или иљадници будали се самубиваат ама колкав е процентот на тие што го прават тоа и дали е тоа вродено и природно за човекот?
има многу, милиони примери каде има неверства во брак(најчести причини се каде е брак од интерес, еден од сопружниците е педер или лезбејка, или има сексуално пореметување, или е морон да мисли дека така треба за да е фраер или фраерка или пак се земале за материјална и каква ли сеуште не корист), но никој не спомнува за милијарда други бракови каде такви девојантни појави нема.
трулежите на општеството и девијантните појави на луѓето не ги сврстувајте во природни работи, природат не е совршена и грешки се случуваат, но немојте да генерализирате или да тврдите дека некои работи се природни или нормални.
ако се вредностите отидени у к**ац не е тоа грешка на природата туку наша
 
Kajgana Shop

На врв Bottom