Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Еи!
како беше оној Марсел-прустовски синдром? :) се повеќе се сеќавам на работите кои сум мислела сум ги заборавила, нели? :) Џизс! Се сеќавам дури и на боите на вечерта, мирисите, зборовите, на све, дури и на сите песни се сеќавам:) Колку пријатна, смирувачка вечер беше тоа, чудно како баш топлиов чај ме потсети на све тоа


нели? :)
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
ДК.

- Уште пар денови ми останаа, до 2-та највазни настани за овој месец, во еден викен 2 Натпревара за Коктел Мајстори, Сабота и Недела, тука е и бела ноќ, а јас сум толку смирен и ладнокрвен, само кога ќе помислам што ме чека, не знам каде ми е почетокот а каде крајот, но ги финиширам рецептите за моите коктели, со кој ке се преставувам, а и го креирам аутфит-от , како би требало да изгледам.
- Што и да е ќе помине искуство плус, некоја награда, и да се видам со моите колеги бармени.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
ДџК

Нервоза е кога чоек се нервира. Екстра голема нервоза е кога се нервира за нешто безвезно. Преку курот веќе. Доста ми беше.

Over and out!
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Kaјгана

Тоа е, се е минливо во животот, сјебан е некогаш ненормално и нелогички.
Само ...нема предавање.
Никогаш не се откажувај, никогаш!
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Драга,
Знаеш дека сабајле на непланирано си бевме заедно до Скопје. Колку само се изненадив кога го видов како излегува од такси и влегува во автобусот. Душиче мое :back: Наслонета глава на неговото раме, мојата рака во неговата :прваче: Моја среќа што се успал. И утре заедно идеме :wub:
На факс првите 20тина минути додека да се расонам намќорев се околу мене, али после...мака мачев да замолчам. И да, пак не издржав до крај да седам :Ѕ
Кога дојдов бев да прошетам. Имаше доста луѓе, ваљда излегле да поуживаат на септемвриското сонце.
И така. Утре ваљда ке го земам Фламинго:je:

Него еве ти песна, таман погодена. Diary of jANe

Ajт.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.393
Поени од реакции
2.430
Драга
Петок не идам на школо,сабота на Таламаска ..Лудницаа :vozbud:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ооооооо ај ем вокинг он саншајн оооо ај ем вокинг он саншааааааааааааајн! :vozbud:

И како сега да не ја цитирам Бриџит Џонс, КАКО?? :vozbud:

It is a truth universally acknowledged that when one part of your life starts going okay, another falls spectacularly to pieces. :pipi: Или па обратно кажете го (It is a truth universally acknowledged that when one part of your life falls to pieces , another spectacularly goes okay) , како сакате, ама успева и е непобитен факт!!


и још једном... АЈ ЕМ ВОКИНГ ОН САНШААЈН!
 
С

сашенко

Гостин
Се чуствувам како калимеро кајги...нема правдина за мене..Зашто луѓето секогаш ме забораваат?.Денес се чуствував како идиот.За што сум трчал и сум се замарал не ми јасно кога сега тие луѓе не ме ни препознаваат денес?Можеби беше само моја лоша проценка, можеби се збуни или пак не ме виде ИЛИ се препозна ама чуството беше ужасно.....се чуствувам како идиот.Гоооооооооооооолем идиот....и сега нема да можам да заспијам..ке мислам цела вечер и ке се превртувам во кревет.Ке барам логична причина зашто се случи денес така и дали можеби јас само лошо разбрав или......ах саше, саше.....ги заболе к_рот за тебе...:(:(:(_:cry::cry:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
What Goes around comes around.
Беше време.
I've been waiting so long!
А сега кулирам.
И да знајш дека го сакам.

Ај сега мрш.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

ме фаќа криза, гооооооооооолема криза .... ама нели сеа да кажам на некој, нема да го интересира ... ај преку такво веќе ... :/
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Senor Documenti!

Еве од работа се вратив денес. Денес 8 и пол саати бев. А глупак, се пријавив за уште обврски. Али интересно е. Ке ме нема од светов т.н. свет.
Почнав и серија нова да гледам. Легни 2 јас. Барем така мислам дека е преводот на Lie to me.
Абе таа саркастичната нешо ја нема во последно време. Ме избриша од ФБ, на мсн ја нема, некад коа се шетам низ населба слушам трчање во далечината...Изгледа ме сака. Најчесто така е.
И да. Некад муабетите за shemales се најсмешни на предавање. Shemale invasion!
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Е ако отидам уште еднаш да ја пасам оноа џукелана дома еве на.
Што куче ќе беше бе?
Него како што сум затната цела како ги имитирам шмизлите сеа, пф! :)
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Има работи во животот кои мораме да ги поминеме, ако не порано тогаш подоцна.Велат дека некои работи во животот се `ко сипаниците, подобро е да ги прележиш додека си млад. Некои, пак, како старо добро одлежано вино, колку подоцна се случат, толку подобро. Сега кога ми се случуваат толку многу работи, се осеќам исполнето. Имам супер луѓе околу мене кои навистина ми помагаат да поминам некои работи, па и оние кои не помагаат ми покажуваат нешто за кое треба да им бидам благодарна. Денес сфатив дека сме исти. Некој повеќе дава, некој повеќе зема, ама во глобала тоа е тоа. Секој прави онака како што знае. Прекрасни млади луѓе, кои прават прекрасни дела. Млади дечки кои на крајот од денот се чувствуваат прекрасно, оти не само што не го преспале денот, туку направиле некој друг да има прекрасен ден, па денот им минал прекрасно. Времето минува само со смеа и песни. Зар има нешто поубаво?! (ОК има... семејство! Семејството исполнува многу повеќе, ама Господ си има план за сите)
Драга ова се спомени! Спомени кои ќе траат цел живот. Оваа дружба на сите ни значи многу. Денов е прекрасен! Драга учам да преќутувам за некои работи, учам помалку да алапачам, не заради мене, туку заради другиот. До сега се бунтував, терав правда, сакав да им вратам на оние луѓе кои не заслужуваат добрина, ама се лажев. Секој заслужува добар збор и Драга... сите во себе носиме нешто кое вреди внимание, нешто кое треба другите да се потрудат да го пронајдат (кој колку повеќе ќе продре во нашата душа, тој ќе ни биде подраг со секој изминат миг). Никогаш времето кое ќе му го посветиш на некого не е џабе потрошено време. Колку повеќе си дал, толку поубаво за тебе. Денес размислував за толку многу работи. За минатото... за сегашноста... за иднината... Денес имав напорен ден, ама прекрасен ден. Се чувствувам толку посебно!
Денес научив толку многу нови работи и денот го поминав со толку многу нови луѓе. Драга знам дека бев решена да се променам, но... донесов сосема спротивна одлука. Не менувам ништо! Можеби ќе бидам уште повесела, ќе се смеам многу повеќе, ќе му се радувам на животот уште повеќе. Времето минува! Дедо ми велеше овде сме станари и сме само малку, затоа потруди се да те памтат по добро. Драга имам прекрасен период во живот! Сакам цел живот да ми биде вака... Пошто зашто цело е кога има се`, а мене ми фали една работа :pos: ќе треба малку поактивно да се поработи на тоа, ама има време. Од денес нема повеќе брзање, од денес имам време за се` и за сите, а најмногу за себе! Драга јас денес си поминав ТОП, не знам ти како си помина.

Ај да не те гњавам повеќе, те поздравувам со песнава :smir:

 
Х

Ханзо

Гостин
Ми се допаѓа бројот 36. Не, нема во продолжение да составам листа на идолизирани фаци самоукинати или раскинати на 36 години, ниту некакви референци кон нумерологија и астрологија. Онака си го сакам. Доколку го залепев постов во онаа тема за љубовни исповеди, испади и вентилирање штотуку набацан гнев од кон кого и да се поларизираат хормоните во тој момент, ќе му се обратев директно, и со срцепореметувачка трема и привидна самоувереност ќе му кажев колку е убав. Повторно го забележав денес во школскиот ходник, како фраерот со чопер на својата страница. Неговите правилни црти го возбудија мојот лаички осет за естетика како никогаш досега, а се ова го прави постов погеј од влажните соништа на Иан Меккелен. Беља, ја уништив романтиката, откако ја исклоцав, исплукав, полив со бензин, и фрлив запалено зипо од Мустанг од 1960 и злокобна насмевка под брк. Но, доста за мојата чисто платонска љубов (honest, I swear) кон арапски бладања уредно отпечатени на хартија во новинарски фонт. Јас, мила моја, сум тука од за тебе познати причини. Моја драга оросписка утехо, со тебе уживам во мојата беда, споделувајќи ја. Недрага безгрижничке, јас изневерив некого. Немаше да биде толку дипломатски некоректно кон најзасегнатата страна, иако за заедницата важи обратното, доколку се работеше за било која друга погрешно срамнета со земја болница, под сомнение дека кај тетките во сопче има нуклеарни боеви глави. Генералот си го дотркала сиренцето до глувчјата дупка и молкна. Тоа беше неговото обезглавување, не одмаздата, не формалниот суд, не неформалниот суд, туку непознатата дупка каде ќе си го грицка сиренцето додека дојде времето кога ќе може повторно да излезе надвор, овој пат без своите еполети и заповедничкиот глас. Слободата е поужасна од тиранијата. Така беседеше овој овде под трагите од фетишот на Артур, оковувајќи се во сопствените пранги. Недоволна е јагленисаната метропола за огорчениот кој повторно се изживува врз мравјата популација со лупата од раните школски денови. Алберт е гениј, тоа му дава слобода да не биде во право. Овој пат не е во право. Удобно ми е во јамката на Јосаријан, ми дава неразумен изговор за самотија, иако пештерецот успева и без неа. Палка?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom