16V моторите бараат држач додатен. Ако имаш салам мајстор или си имал искуство не е проблем ова да се направи.
После треба да направиш зацврстување на кошот со точкесто заварување. Има мислам некаде по темата како изгледа тоа (цртеж е).
Треба да ставиш „санки“ на двете греди одоздола под моторот и коска горе на амортизерите.
Најубавиот дел од цела работа: МЕЊАЧОТ ПАСУВА ОД 101/128 на 16V мотор (било кој, барем за 1.6 сум 100% сигурен).
Прашање бр.2 колку тој ќе издржи постојано да се шлајфова и сл.
Еве илустрација како изгледа 1.6 16V во шасија на Југо
А АКО ме прашаш мене јас би одел со 1.4 турбо од Уно.
П.С Не сакам да напоменувам (бидејќи се подразбира) дека треба да смениш кочници, дискови назад и сл. Не сакам да налетам на тебе со Југо 55 кочници. Сериозен сум!