А да ве прашам. Нешто професорката по математика ни рече демек во диплома ќе ни влегуваат оценките само од четврта година. Дали имате нешто вие слушнато за ова?
Во дипломата влегуваат оценките од сите предмети кои си ги изучувал во текот на средното школо и тоа оценката од последната година во која си го изучувал предметот.
Погоре праша за проектните. Најдобро би ти било да си земеш проектна која е во врска со факултетот на кој сакаш да се запишеш. Во конкурсот лани за медицински факултет, стоеше дека ако има над 5 пријавени со ист број на поени, рангирањето ќе се врши и според видот на проектната задача. Е сега кај нас имаше четворица со ист број на поени. Ако истите беа на граница за квотите, проектната задача ќе имаше влијание.
Уште нешто. Сфатете ја матурата како озбилна работа. Познавам луѓе од моја генерација кои иако четири години беа со најголем просек, не успеаа да се запишат на факултетот што го сакаа баш поради бодивите од матурата.
Секако уште ви е рано за да почнете да учите сериозно, но барем соберете материјали. Ќе ви затребаат негде во мај кога ќе стане густо. Најмногу внимание обрнете на македонски јазик и англиски/математика. Децимали одлучуваат при уписот на факултет.
Ако некој има прашања, слободно нека ми се обрати. Го имам обработено целосно системот на државна матура