Ваши кражби :)

Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Џамлија-многу беше убава и неможев да одолеам.Кражбата се случи кога имав 5 години.
 

Simona k

speechless
Член од
22 март 2010
Мислења
29
Поени од реакции
3
Никогаш не сум украла , иначе ако збориме за машки срца да :baeh: хахахах шала .... :smir:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Влегувам во огромен супермаркет и земам од тие големите колички за туркање. Почнувам да купувам од се што планирав и коа здогледувам една папка. Не дека ми требаше, ама решив да ја купам. Сум ја ставил вертикално и од едно металче што штрчи на количката се препокрил аголот од којшто можам да ја видам. Одам на каса пријавувам се, си плаќам, работите во кеси пак назад во количката и почнува да свири детекторот. Притрчуваат стражарите, јас знам дека ништо не сум украл им покажувам, ноншалантно отварам кесите и им давам сметката. Ги проверуваат едно по едно и не наоѓаат ништо украдено. Ме пуштаат и ми се извинуваат, продолжувам да ја туркам количката уште стотина метри до паркингот на супермаркетот, ги земам кесите и глеам папката задскриена:kesa: сум ја здиплил, грев сум сторил, а 5-6 евра дали кошташе. Па бар нешто поскапо да ми фатило рачето :)
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.552
Поени од реакции
840
У второ одделение со другар ми дигнавме по една гума од книжара:pos2:.
Исто така, пред некоја година на одмор најдов убав дрес од англиска репрезентација, си го собрав и мама го испра и си го носев дур не ми омале.
А земање на јаболки, малини, праски од комшиите и не го сметам за кражба, тоа ми е свакодневица у лето.
 
S

StereoLove

Гостин
:pos: :pos: :pos:

Се сетив на една моја кражба гога имав околу 4-5 години.Ми се јадеше киндер јајце ама тогаш беа околу 60 денари:nesvest:и седејкиу си во колата на дедо ми изигравав мала шоферка му го видов паричникот и го зедов и си извадив 100 денари и отидов до најблиската продавница за да си купам киндер јајце,кога се вратив веке се дознало.Дедо прашува кој ги украде 100 денари од новчаникот и нормалнно кон мене се заврте,морав да му признаам инаку немаше да добиам пакетче:pos: :pos: :pos:
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Не да имам како мала што се немам крадено кога ке помислам децата на охрид пред едно десет години беа големи крадачи знам брат ми цела мафија во осмо со шипка провалија во продавница ама дечишта до осмо не се важи :) зато и ко ги фатија и полицијата им опрости .. се секавам имав една будала другарка ко имав седум осум години влегувавме во една бавча и крадевме јаболка па ченки, еднаш продававме крастајци:) на пакети цел ден окапавме за 10 денари промет.. и другиот ден и викам кај се парите ?- ам јас си купив пом пом ми вели, јас збеснав не беа само твој и викам, ама џабе ...Еднаш ги зеде клучевите од гражата кај комшиите, па еднаш бевме кај Глигор школото со пони точаци :) и крадевме стари учебници под маица ги стававме демек никој не забележуваше.. а за салфетки секогаш ги мамев помалите и нормално крадев понекогаш :)
Јако беше еднаш со другарками ојме во продавница да купи пиво ај го купи од една па влеговме во друга да докупи нешто, брат и мало дете пет години со пантолончињата до газот гледам собрало едни бомбони ги држи ги стиска во рацете ама кутрото се сопна се препна некако, ко летнаа тие бомбоните на плочки на сред продавница го виде продавачката шо прајш бе ти тука :nenene:не ти е срам па го виде и пивото аха и пивото да не го украдивте? , а ние -не не:kesa::kesa: од др...уга продавница беше и магла да не немат.:)
После се опаметивме (не сите ама јас да ) :pipi:
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Му украдов на другар ми два монопола и едно нелути се човече.
А по маало сум крадел овошје па...прилично.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Со другар ми во една продавница дрпнавме по 2 пакетчиња петарди (од тие малите) :icon_lol: Тогаш копиљаци бевме... :helou:
 

DD

Член од
19 април 2010
Мислења
33
Поени од реакции
1
2 pistola marka Zastava, 7 avtomatski puski marka Kalasnikov i nekolku bombulinja.Gi najdov vo edno kese vo suma
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Како мал на 7-8 години една мастика и пред 3 години еден фудбал.Мастиката од продавница.Фудбалот од школо едни го имаа оставено во училница,училницата празна и оп фудбалот кај мене :)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Се сеќавам на малa кражбa кога имав 12-13 години. Хит стана на голем одмор секој по нешто да украде. Влеговме во продавница, па морав и јас нешто да чапнам. Памтам цела се тресев, уплашена, и зедов чоко бананче, мислам срцето ке ми излезеше од страв :pos: Додека пак другарките гајле си немаа, уште неколку пати го повторуваа истото. Деца :)
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Паааа....имам крадено прилично
У ракав чоколада и то зимно време ко си подебело облечен и по 10 наеднч е паѓало крадење.Иам и топки крадено(ама издишани сам да си ги напумпаш).А за овошје ехее колку иам украдено...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom