Сонови, толкување на сонови

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Веројатно можам сега да се убацам у темава и да си побарам толкување на нешто што ми се случува веќе три години... Еве ја последната ситуација, од пред два дена...

Се наоѓам во римско време, се движам по дрвен мост. Од мојата лева страна - војник, кој ме води на мојата венчавка. Под мостот еден куп војници, а истиот е соединет со една огромна палата. Спуштам поглед надолу и гледам дека ја немам десната нога - него некој железен уметок. Тоа е првата аномалија по која сваќам дека сум во луциден сон, па се обидувам да превземам контрола и да креирам нова ситуација, но не успевам, па единствено решение ми е да се разбудам. Креирам дупки во мостот и намерно рипам од едната. (Рипање секогаш ми резултира со будење ).

Еве го чудното: Добивам неверојатно реално чувство дека сум будна. Си велам ок, будна си. Кога се обидувам да ги отворам очите, тоа е невозможно, толку многу ми се тешки. Се обидувам да викам, но немам глас, тоа го правам со некој внатрешен. Добивам чувство на вкочанетост, тотална парализа на телото, како некој да стои над мене, болка во градите, забрзано дишење, страв дека умирам, немир, тежина. Слушам се што се зборува околу мене, будна сум, а не сум, а будењето е невозможно. Најневообичаено од се, е тоа што некој или нешто како да извлекува дел од мене, на надвор.
.
Се до овде што имаш напишано го имам почуствувано повеќе пати,да не ме сватиш погрешно не зборувам за сон со иста содржина. Секогаш кога можам да го контролирам сонот ми се јавуваат работите кој ѓи имаш опишано,забрзано дишење,вкочанетост итн. Но секогаш сум се изборувал да се разбудам (освестам) дали наредниот пат да се опуштам да не се борам ? Дали свесно се предаде или не можеше да издржиш ? Имам доживејано многу чудни сонови понекогаш и кошмари но со текот на времето се навикнуваш да уживаш. Понекогаш од некои сонови кој така да речам можам да ѓи контролирам се разбудувам полн со енерѓија тогаш сум навистина среќен. Некогаш имам проблеми со будењето.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
1
Сонував малце глуп сон, како ми се скршила личната карта на 4 дела :toe: Што би можео да значи?
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Ај некој нека ми го протолкува сонов.
Сонував како татко ми ми дал златна бурма и ја ставив на средниот прст ама ми беше мноооогу голема и ми падна, т.е. ја загинав.
Некои ми кажаа дека златна бурма значело бременост, али дека ми се загина не знаеа што би можело да значи.
Некој знае?
 
V

Viktor g

Гостин
вака се сеќавам дека сонував како се враќам дома и сетрами оди некаде ама ниш не ми кажува се движам кон нашата куќа а на прозорот седнале татко ми , мајка ми и другата сестра и ми викат нешто кај сум до сега гледаш дека врне? Еве сеа дојдов а што правите вие тука ? ( а татко ми цел насолзен во очи ми вика ) пукна негде нешто изгледа тв експлодираше ! Јас само викам ај па ти сите сме здрави и живи и се разбудив! Некој
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
28
Поени од реакции
0
значи сонував еден многу чуден сон но на целиот не можам да се сетам па ако некој може нека го протолкува барем следното ... значи во сонот дознав дека некој човек ( непознат ) дома чува мршојадци исто така во сонот имаше крв и по некој лилјак :toe: главно ме интересира како се толкува мршојадецот , крвта , и лилјакот , и да во сонот не ги видов овие работи со свои очи него бев во стан ( на непознат човек со кој правев муабет како да го знам ) чув некаков звук и прашав од што е и ми кажаа дека соседот чувал мршојадци и имало насекаде многу крв и поради крвта имало лилјаци кои се криеле по дупнатини од ѕидовите
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Дали пистои еден соновник кој е општо прифатен ? Сонував гулаб, што значи ? На ова прашања зависи во кој соновник читаш има различно толкување. Соновите неможат да се толкуваат преку еден или неколку предмети или суштества кој ни оставиле впечаток или едноставно сме ѓи запаметиле.
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Хммм вака....во сонот ја прашав мајками коа ќе си купам јакна...а она ми рече во Среда после 6...има нешо значење ова? :uvo:
 
С

Спенсер

Гостин
Првпат ми се дешава ова....

Сонував личност,која ја знам "виртуелно",некое време се допишуваме преку мсн.... зезање ова она... лично не ја познавам... и ја сонувам,и тоа кај неа дома,муабет си прајме... :pos2: пример ако ми кажала си купив црвена јакна,јакната ја има у сонот и сл... :vozbud:

има значење нешто///? :vozbud:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.732
Првпат ми се дешава ова....

Сонував личност,која ја знам "виртуелно",некое време се допишуваме преку мсн.... зезање ова она... лично не ја познавам... и ја сонувам,и тоа кај неа дома,муабет си прајме... :pos2: пример ако ми кажала си купив црвена јакна,јакната ја има у сонот и сл... :vozbud:

има значење нешто///? :vozbud:

Има има, гарант си преоптеретен подсвесно со неа, или ептен многу ти се бендисува, фати си ја за девојка барем на јаве ќе ја имаш место да се мачиш на сон:smir:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Сонував како постоела опасност фамилијата да ми ја киднапираат вонземјани. Може вака звучи смешно ама сонот стварно беше језив.
Толкување?

Еве и друг сон, сонував како одам по тротоар и видов другар со мотор, ама возеше во обратна насока, во погрешен правец и кога и тој ме здогледа ниту се поздрави ни ништо туку само изненадено подзина.
И на овој исто сакам толкување.
 
L

Liberation

Гостин
Сонував како постоела опасност фамилијата да ми ја киднапираат вонземјани. Може вака звучи смешно ама сонот стварно беше језив.
Толкување?

Еве и друг сон, сонував како одам по тротоар и видов другар со мотор, ама возеше во обратна насока, во погрешен правец и кога и тој ме здогледа ниту се поздрави ни ништо туку само изненадено подзина.
И на овој исто сакам толкување.
Потсвесно насетуваш дека има тема околу која во брзо време ќе избие жолчна кавга кај вас дома :(

А второто, другар ти има открадено нешто, а ти чеш да сазнаш :)
 
Член од
15 ноември 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Sto znaci da sonuvas zmii vo pestrera , sitni, mali, se otcepuaa od klopcinja slicni na torba , imase poveke takvi klopcinja , megutoa nakraj jas sekoe topce go poleav so benzin, i ja zapaliv celata pestera , i sonot zavrsi.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.700
Поени од реакции
19.732
Sto znaci da sonuvas zmii vo pestrera , sitni, mali, se otcepuaa od klopcinja slicni na torba , imase poveke takvi klopcinja , megutoa nakraj jas sekoe topce go poleav so benzin, i ja zapaliv celata pestera , i sonot zavrsi.
Си имал/имала бааги душмани, арно што си ги изгорела ќе се куртулиш и на јаве.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom