Постои колективна свест! Само што таа е наметната, како што често е и индивидуалната.
Свеста не е колективна категорија!!! Исклучиво индивидуална е. Не може колектив да се карактеризира како живо суштество и да му се припишуваат емоции или желби.
Будалаштината наречена колективизам се обидува антропоморфност да припише на група занемарувајки ја индивидуата!!!
Ти колективист ли си? Ми треба одговор на ова прашање за да знам дали комуницирам рамноправно со личност бидејки не може да се разговара со колектив.
Кога ќе ја слушнеш фразата „колективна свест“ знај дека пропагандна шема следува со цел да се манипулира.
Всушност комунизмот е една политичка и општествена форма која е пренапредна за нас луѓето денес. Премногу е рано донесена на виделина. Комунизмот е најдобрата идеологија. "Работиш колку можеш(еднакво како и сите), имаш колку ти треба."
Се согласувам со тебе! Комунизмот е најдобра идеологија само затоа што нема допирни точки со реалноста. Ниту ќе има некогаш во човековото постоење. Некој те излажал тебе па сега се лажеш себеси и при тоа ги лажеш другите.
Од човек кој е на милост и немилост на навиките на мачката Гарфилд и е фан на Хомер Симпсон ми доаѓа порака дека шемата работи колку што можеш, земи што ти треба е најдоброто нешто што е измислено од човекот. Ај биди сериозен, жиф ти се`.
Премногу пати ја имам оваа шема објаснувано за да ти ја навредувам интелегенцијата и повторно да ја објаснувам сега.
Треба да знаеш дека шемите на соц. и комунистичкото уредување на едно општество може да им биде привлечно само на неспособните, медиокритетите и мрзливите.
Ти не спаѓаш во ниеден од дадените параметри. За тебе такво уредување би било смрт за тебе, односно на твојата индивидуалност. Според многу нешта кои ги имам читано од тебе дојдов до заклучок дека не си тоа што се претставуваш преку потписот и сликичката.
Да скратам. Ти си жртва. Си бил надарено дете во медиокритетски ориентирана образовна средина. Те имаат мавано со разни форми на психолошки ќотек за да те апатизираат. Самиот ќе се сетиш какви се` неправди си истрпил во основното школо кое си го посетувал.
Не си имал подршка од никого и си морал да се адаптираш, односно не можеше да ги победиш па затоа си им се придружил преку самоубедување заради опстанок.
Верувај дека не си единствен!!! Кај нас најголемо проклетство е да се родиш како надарен. Против такво дете се другите деца, особено насилниците, а обврзно се изнаоѓа и некој учител кој се обидува да те стави во „ред“.
Проблемот денес е што планетата се пали на Bling bling, biches in bentlies and parties with Paris Hilton. Работи кои ако размислиш поубаво воопшто не ни се потребни.
Можеби тебе и мене не ни се потребни, но секој си е приказна за себе. Сличности постојат, но не се сите исти.
Ова што го кажа е предиграта на левичарската пропаганда.
Знај дека тие што се палат ќе бидат првите кои ќе прифатат офчар над нивната глава тоа и го прават со описот што го даде. Потоа тие офчари ќе ти се свртат тебе и таквите како тебе со користење на принуда ќе те изедначат со нив, а каде постои принуда не постои слобода. Каде не постои слобода нема ни индивидуалност и на крај и ти ќе се палиш на тие глупости само за да опстаниш.
Докажана формула е ова!!! Што мислиш кој прв прифаќа офчар. Интелелегентен човек или овците кој се во панична потрага по некој кој ќе им го води нивниот живот.
Не си ти метата на левичарот и неговата пропаганда, тие се. Тие му се потребни за да се стекне со власт врз сите останати бидејки таквите како тебе се во мал број, тие се многу побројни. Потоа... беее беее беее
Човечкиот мозок е задоволен со љубов, меѓучовечко разбирање и поддршка. Тоа е комунизмот.
Мозокот се задоволува со повисоките мотивации, ова се подразбира, но сепак, ова е полувистина, а знаеме дека полувистина е целосна лага, нели? На мозокот му е потребна исхрана, безбедна околина и материјална благодет за да функционира на повисоките нивоа. Комунизам е шема, милозвучна утопија, лага неостварлива ниту во иднината.
Блинг Блинг е капитализмот. Затоа што луѓето се алчни и злобни, и тоа со тек на вековите треба да се надмине.
Не се луѓето алчни ниту се злобни!!! Ме мрзи да објаснувам повторно. Ова е само твоја перцепција на сопствената околина можеби поради причини кои веќе ти имам напишано.
Удобствата кои сега ги уживаш се токму од трулиот капитализам. Кажи еден изум кој го подобрил човековиот живот а е измислен од комунистичките режими.
Има само еден факт кој е доволен зошто капитализмот не е добар. Затоа што богатите се богатат, сиромашните осиромашуваат. Или како бројот на богатите се смалува а тие стануваат се побогати, така бројот на сиромашните се зголемува и се се` посиромашни. Африка, Азија, Ј. Америка наспроти светот. Или 5 милијарди сиромашни наспроти милијарда така-така, и неколку илјади богати. Смешно е...
Навистина е смешно тоа што го напиша!!!
Дали знаеш колку меѓународни пари се истурени во тие држави за да се подобрат без успех?
Не ќе да е до богатите што тие се сиромашни ами ќе да е до тоа што во ниедна држава од спомнатите континенти нема капиталистичко уредување. ОК во Азија има нешто налик. Мислам дека ги викаат азиски економски тигри, така некако.
Ако ти си измисли подобар генератор на струја и си се збогатил од тоа тогаш што зло си им направил на сиромашните?
На светот си му дал поефикасен енергенс од кој најголема корист имаат токму сиромашните.
Батали ги лагите со кои те пораснале. Почни да размислуваш со сопствен ум наместо со фрази и проп. шеми кои ти биле наметнати.
Време ти е.
Поздрав:helou: