Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

Член од
17 јуни 2007
Мислења
24
Поени од реакции
2
Зато и велам јас секој со максимум АМА НЕ ЗА НЕКОЈ ДА СЕ БОГАТИТ ОД ТОЈ МАКСИМУМ.Еве уба мисла имаш напишано "Можеш да ја колнеш темнината која те опкружува,а можеш едноставно да запалиш свеќа".То ми е и идеата.Наместо секој ден да гледаме на телевизија како луѓето молат за помош и како нивни добродатели се јавуваат истите тие што предизвикале малите луѓе да немаат топол дом,доволно храна или да не может да појдет на операција во странство.Свештата ја претставуват јавната свест.Ако таа се кренит на повисоко ниво,луѓето ќе престанат да кукаат во темницата,и ќе се кренет против нивните врагој и да се изборет за ДОСТОИНСТВЕН живот
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
ВЕЛИКА СЛАВИЈА напиша:
Зато и велам јас секој со максимум АМА НЕ ЗА НЕКОЈ ДА СЕ БОГАТИТ ОД ТОЈ МАКСИМУМ.Еве уба мисла имаш напишано "Можеш да ја колнеш темнината која те опкружува,а можеш едноставно да запалиш свеќа".То ми е и идеата.Наместо секој ден да гледаме на телевизија како луѓето молат за помош и како нивни добродатели се јавуваат истите тие што предизвикале малите луѓе да немаат топол дом,доволно храна или да не может да појдет на операција во странство.Свештата ја претставуват јавната свест.Ако таа се кренит на повисоко ниво,луѓето ќе престанат да кукаат во темницата,и ќе се кренет против нивните врагој и да се изборет за ДОСТОИНСТВЕН живот
ВЕЛИКА СЛАВИЈА,
Баш левичарски кажано!!!
Исклучиво слаткоречиво кажано без конкретно спомнување на начините како да се постигнат зададените цели, ниту пак се дефинира што значат термините кои ги користат.
Ќе се кренеш против враговите? Како? Со оружје?
Кои се тие врагови? Ако за тебе се едни за мене се други, за трети се трети.
Ќе се избориш за „ДОСТОИНСТВЕН живот“? Како? Со што? Од каде? За кого?

Патем, свест не може да има колектив. Свест поседува индивидуата и исклучиво индивидуата, личноста. Ако зборуваме за менталитет... Е, тоа е друга работа.

Како и да е, не мора да одговориш на поставените прашања бидејки се поставени реторички. Исто така, однапред знам како ќе одговориш. Со слаткоречивост бидејки само повторуваш левичарска пропаганда без да навлезеш во значењето или пак во суштината на тоа што го кажуваш.

П.С.
Уште не си се запрашал зошто продолжуваш да редиш црвени? Та нели си „за народот“. Како ќе направиш нешто добро „за народот“ ако на обичен форум те редат со црвени укажувајки ти на несоодветно однесување?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Знаете што...онака сите оние што се против комунизмот (односно социјализмот) своите „знаења” ги темелат на она што се случувало во СССР од група мегаломани кои ја злоупотребувале идејата за социјализмот за свои цели. За разлика од тоа, капитализмот е тој, никогаш не се сменал само од едно руво во друго и секогаш паѓа на грбот на најниската класа!

Така што ако не ја знаете теоријата и замислената пракса на социјализмот не продавајте памет, јас сум за таа идеја, не за мегаломаните што пустошеа низ светот злоупотребувајки го комунизмот за свои цели...

Се разбира секој систем си има свои маани, сепак мислам дека социјализмот има помалку маани од капитализмот. Единствена предност во очите на светот што ја има капитализмот е онај садомазохистички елемент на богатење преку „трудот” односно „снајди се па живеј убаво” односно "Get rich or die trying" нели е така мои капиталистички другарчиња? :) хехе
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Volkswagen напиша:
Знаете што...онака сите оние што се против комунизмот (односно социјализмот) своите „знаења” ги темелат на она што се случувало во СССР од група мегаломани кои ја злоупотребувале идејата за социјализмот за свои цели. За разлика од тоа, капитализмот е тој, никогаш не се сменал само од едно руво во друго и секогаш паѓа на грбот на најниската класа!

U princip, kapitalizmot tie e noviot vid na ropstvo. :)
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Volkswagen напиша:
Знаете што
Без капитализам, нема социјализам.
Не знам кој ви кажувал дека се овие работи спротивни.
Па погледни ја Европа, има горе-долу фин социјален систем, што се оди понасевер, тоа подобар станува, а општеството им е капиталистичко и се базира врз пазарна економија.
Добро, има и субвенции и протекционизам и молзење од колониите, тоа треба да се надмине, инаку не се лоши.
Исто и Јапонија, Канада, Австралија, Јужна Кореја, Тајван итн.
Силни економии, можат да си дозволат добар социјален систем.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Капитализмот „ги купи” тие елементи од социјализмот (пензија, осигурувње, синдикат), за народот во тие земји не крени револуција како таа во Русија, односно да ги стиши народните маси.

И не знам овде кај нас сите што се прават сезнајковци и политички едуцирани што се против социјализмот, не гледаат како што кажа Никола за земјите од северот (Шведска, Норвешка) колку елементи од социјализмот односно социјал-демократија владее ...е сега тие земји нечинат (а народот е еден од најбогатите во светот) а ние чиниме оти ние сме hardcore капиталисти!

Дечки ај чукнете ја главата! Ќе може?:tapp:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Volkswagen напиша:
а ние чиниме оти ние сме hardcore капиталисти!

Дечки ај чукнете ја главата! Ќе може?:tapp:
Македонија е една од најсоцијалистичките држави во светот, половина од буџетот ни оди за социјала, но за жал, немаме економија со која тоа ќе биде визуелно.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Мислев на народот кој има таков однос...демек ние сме hardcore капиталистички настроени контиња...
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Volkswagen напиша:
Мислев на народот кој има таков однос...демек ние сме hardcore капиталистички настроени контиња...
За оној данок кој го плаќаат Македонците, треба да бидеме подобри од Шведска. Али не сме, бидејќи немаме развиена економија и работна етика, првенствено зошто во 1 саат напладне, наместо да работиме, пишуваме постови на Кајгана:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Volkswagen напиша:
Капитализмот „ги купи” тие елементи од социјализмот (пензија, осигурувње, синдикат),
Јас повеќе го гледам тоа како почеток на преобразбата на општеството капитализам -> социјализам
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Мое социјалистичко другарче,
Како слаткоречив реторик, манипулатор, ти оддавам признание за начинот на кој ги пренесуваш своите мисли, карактер и намери преку пишаниот збор. Одлично напишано, мислам во делот на скривањето на својот вистински лик, карактер. Ако не си учел како ова да го правиш тогаш имаш апсолутно право да се сметаш себеси како надарена личност.
Сепак, ќе ти одговорам на ист начин за самиот да си видиш дали сопствениот камен боли врз сопствената глава. Ако сум во право со моите претпоставки за тебе тогаш сам ќе ги увидиш грешките во твоето однесување без да ги напишам отворено.


Знаете што...онака сите оние што се против комунизмот (односно социјализмот) своите „знаења” ги темелат на она што се случувало во СССР од група мегаломани кои ја злоупотребувале идејата за социјализмот за свои цели. За разлика од тоа, капитализмот е тој, никогаш не се сменал само од едно руво во друго и секогаш паѓа на грбот на најниската класа!
Знаете што...онака сите оние што се против комунизмот (односно социјализмот) своите „знаења” ги темелат врз откритијата на научните дисциплини како социологија, психологија и социопсихологијата. Знаењето е засновано врз моралот и етиката, односно начините на однесување кои ја донеле човековата цивилизација до овој степен на развој. СССР е само пригоден пример кој се дава како аргумент, но не е единствен. Тука ги имаме Кина, Куба... Што има да набројувам? Секаде каде што се организирало едно општество според правилата на левичарската идеологија е добиен истиот резултат. СЕКАДЕ!!!
Патем, капитализмот е природен процес!!! Се` останато е филозофија, размисла на умни и не толку умни, убедливи и не толку убедливи.

Така што ако не ја знаете теоријата и замислената пракса на социјализмот не продавајте памет, јас сум за таа идеја, не за мегаломаните што пустошеа низ светот злоупотребувајки го комунизмот за свои цели...
Така што ако не ја знаете теоријата и замислената (реалната) пракса на социјализмот не продавајте памет. Немојте да ја пролиферувате оваа гнасна форма на власт врз луѓето која има убиено стотина милиони луѓе низ светот. Нејзината замислена пракса споредете ја со квалификуваната, потврдената, пракса на капитализмот па сами видете под кој систем би сакале да живеете.
А мегаломаните како Сталин, Че Гевара, Кастро, Мао, Тито, Хитлер, Маркс, и други докажаа дека секој обид да се менува природен процес резултира со катастрофални последици. Исто така, можеме само да им се заблагодариме бидејки ни покажаа како изгледа гнаса човечка, убиец немилосрден и манипулатор од големи размери.
Заради неоспорните постоечки докази јас сум против идејата наречена социјализам.

Се разбира секој систем си има свои маани, сепак мислам дека социјализмот има помалку маани од капитализмот. Единствена предност во очите на светот што ја има капитализмот е онај садомазохистички елемент на богатење преку „трудот” односно „снајди се па живеј убаво” односно "Get rich or die trying" нели е така мои капиталистички другарчиња? хехе
Само да те потсетам дека заборави да кажеш кои се тие маани. Слаткоречивоста не те оправдува од одговорноста да се изразуваш со факти и аргументи.
Патем гледам како сите умреле обидувајки се да се збогатат во државите каде што никогаш не владеел комунизмот (социјализмот). А бе,лешеви каде што ќе погледнеш, а кај нас и останатите поранешни соц. реалистички држави... Што да ти кажам радост, просперитет, човекови права, еднакви можности, рамноправност и среќни граѓани кои се чувствуваат сигурни за својата иднина. Им се чудам како не им текна да се огледаат на нас и да си го уредат своето општество според благородните левичарски правила. Наместо тоа се обидуваат на секаков начин да се преселат кај нас. Навистина неразбирливо.

Капитализмот „ги купи” тие елементи од социјализмот (пензија, осигурувње, синдикат), за народот во тие земји не крени револуција како таа во Русија, односно да ги стиши народните маси.
:pos2:

И не знам овде кај нас сите што се прават сезнајковци и политички едуцирани што се против социјализмот, не гледаат како што кажа Никола за земјите од северот (Шведска, Норвешка) колку елементи од социјализмот односно социјал-демократија владее ...е сега тие земји нечинат (а народот е еден од најбогатите во светот) а ние чиниме оти ние сме hardcore капиталисти!

Дечки ај чукнете ја главата! Ќе може?:tapp:
И не знам овде кај нас сите што се прават сезнајковци и политички едуцирани што се за социјализмот зарем не знаат дека за да постои капитализам потребно е да постои СЛОБОДА, ИНДИВИДУАЛИЗАМ, ПРАВНА ДРЖАВА И ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА што и е всушност вистинското име на ова уредување. Капитализам е термин кој го измислил Маркс!!! Каде што постојат овие елементи не постои социјалистичко уредување. Левичарите не поседуваат монопол врз хуманоста, напротив.
Ако недостасува еден наброените елементи целата низа ќе се руши, тогаш нема да станува збор за тнр. капитализам туку за лажен капитализам (CRONY CAPITALISM).
Зошто не читате пред да пишувате?
Веќе имам пишувано за ова на темава.

Дечки ај чукнете ја главата! Ќе може?:tapp:


П.С.
Доколку сметаш (или кој било на форумов) дека имаш познавања на политичките филозофии и нивното влијание врз општествените и цивилизциските текови на човековиот развој тогаш ајде, да видиме кој се разбира, а кој е само приучен позер кој всушност чул, а не разбрал за тоа што го промовира.:duel:

Има само едно правило. Избраната филозофија да не е таа која ја промовираш.
Јас избирам да ја бранам позицијата на левичарите, истата таа која принудно ја промовирав пред да се родиш (ако навистина имаш 21 година возраст), а ти која ќе ја избереш?
Ќе видиш дека јас говорам/ пишувам од позиција на паталец, а не од позиција на гаталец.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
protivpropaganda напиша:
Патем, свест не може да има колектив. Свест поседува индивидуата и исклучиво индивидуата, личноста.
Постои колективна свест! Само што таа е наметната, како што често е и индивидуалната.
Никола напиша:
За оној данок кој го плаќаат Македонците, треба да бидеме подобри од Шведска. Али не сме, бидејќи немаме развиена економија и работна етика, првенствено зошто во 1 саат напладне, наместо да работиме, пишуваме постови на Кајгана
Баш така, за ова и доказ имаме нели... :wink: А може и да искочиме до кеј, секој работен ден од пладне до полноќ... :je:
protivpropaganda напиша:
Патем гледам како сите умреле обидувајки се да се збогатат во државите каде што никогаш не владеел комунизмот
Всушност комунизмот е една политичка и општествена форма која е пренапредна за нас луѓето денес. Премногу е рано донесена на виделина. Комунизмот е најдобрата идеологија. "Работиш колку можеш(еднакво како и сите), имаш колку ти треба." Проблемот денес е што планетата се пали на Bling bling, biches in bentlies and parties with Paris Hilton. Работи кои ако размислиш поубаво воопшто не ни се потребни. Човечкиот мозок е задоволен со љубов, меѓучовечко разбирање и поддршка. Тоа е комунизмот. Блинг Блинг е капитализмот. Затоа што луѓето се алчни и злобни, и тоа со тек на вековите треба да се надмине. Има само еден факт кој е доволен зошто капитализмот не е добар. Затоа што богатите се богатат, сиромашните осиромашуваат. Или како бројот на богатите се смалува а тие стануваат се побогати, така бројот на сиромашните се зголемува и се се` посиромашни. Африка, Азија, Ј. Америка наспроти светот. Или 5 милијарди сиромашни наспроти милијарда така-така, и неколку илјади богати. Смешно е...
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Постои колективна свест! Само што таа е наметната, како што често е и индивидуалната.
Свеста не е колективна категорија!!! Исклучиво индивидуална е. Не може колектив да се карактеризира како живо суштество и да му се припишуваат емоции или желби.
Будалаштината наречена колективизам се обидува антропоморфност да припише на група занемарувајки ја индивидуата!!! Ти колективист ли си? Ми треба одговор на ова прашање за да знам дали комуницирам рамноправно со личност бидејки не може да се разговара со колектив.
Кога ќе ја слушнеш фразата „колективна свест“ знај дека пропагандна шема следува со цел да се манипулира.


Всушност комунизмот е една политичка и општествена форма која е пренапредна за нас луѓето денес. Премногу е рано донесена на виделина. Комунизмот е најдобрата идеологија. "Работиш колку можеш(еднакво како и сите), имаш колку ти треба."
Се согласувам со тебе! Комунизмот е најдобра идеологија само затоа што нема допирни точки со реалноста. Ниту ќе има некогаш во човековото постоење. Некој те излажал тебе па сега се лажеш себеси и при тоа ги лажеш другите.
Од човек кој е на милост и немилост на навиките на мачката Гарфилд и е фан на Хомер Симпсон ми доаѓа порака дека шемата работи колку што можеш, земи што ти треба е најдоброто нешто што е измислено од човекот. Ај биди сериозен, жиф ти се`.
Премногу пати ја имам оваа шема објаснувано за да ти ја навредувам интелегенцијата и повторно да ја објаснувам сега.
Треба да знаеш дека шемите на соц. и комунистичкото уредување на едно општество може да им биде привлечно само на неспособните, медиокритетите и мрзливите.
Ти не спаѓаш во ниеден од дадените параметри. За тебе такво уредување би било смрт за тебе, односно на твојата индивидуалност. Според многу нешта кои ги имам читано од тебе дојдов до заклучок дека не си тоа што се претставуваш преку потписот и сликичката.
Да скратам. Ти си жртва. Си бил надарено дете во медиокритетски ориентирана образовна средина. Те имаат мавано со разни форми на психолошки ќотек за да те апатизираат. Самиот ќе се сетиш какви се` неправди си истрпил во основното школо кое си го посетувал.
Не си имал подршка од никого и си морал да се адаптираш, односно не можеше да ги победиш па затоа си им се придружил преку самоубедување заради опстанок.
Верувај дека не си единствен!!! Кај нас најголемо проклетство е да се родиш како надарен. Против такво дете се другите деца, особено насилниците, а обврзно се изнаоѓа и некој учител кој се обидува да те стави во „ред“.

Проблемот денес е што планетата се пали на Bling bling, biches in bentlies and parties with Paris Hilton. Работи кои ако размислиш поубаво воопшто не ни се потребни.
Можеби тебе и мене не ни се потребни, но секој си е приказна за себе. Сличности постојат, но не се сите исти.
Ова што го кажа е предиграта на левичарската пропаганда.
Знај дека тие што се палат ќе бидат првите кои ќе прифатат офчар над нивната глава тоа и го прават со описот што го даде. Потоа тие офчари ќе ти се свртат тебе и таквите како тебе со користење на принуда ќе те изедначат со нив, а каде постои принуда не постои слобода. Каде не постои слобода нема ни индивидуалност и на крај и ти ќе се палиш на тие глупости само за да опстаниш. Докажана формула е ова!!! Што мислиш кој прв прифаќа офчар. Интелелегентен човек или овците кој се во панична потрага по некој кој ќе им го води нивниот живот.
Не си ти метата на левичарот и неговата пропаганда, тие се. Тие му се потребни за да се стекне со власт врз сите останати бидејки таквите како тебе се во мал број, тие се многу побројни. Потоа... беее беее беее


Човечкиот мозок е задоволен со љубов, меѓучовечко разбирање и поддршка. Тоа е комунизмот.
Мозокот се задоволува со повисоките мотивации, ова се подразбира, но сепак, ова е полувистина, а знаеме дека полувистина е целосна лага, нели? На мозокот му е потребна исхрана, безбедна околина и материјална благодет за да функционира на повисоките нивоа. Комунизам е шема, милозвучна утопија, лага неостварлива ниту во иднината.

Блинг Блинг е капитализмот. Затоа што луѓето се алчни и злобни, и тоа со тек на вековите треба да се надмине.
Не се луѓето алчни ниту се злобни!!! Ме мрзи да објаснувам повторно. Ова е само твоја перцепција на сопствената околина можеби поради причини кои веќе ти имам напишано.
Удобствата кои сега ги уживаш се токму од трулиот капитализам. Кажи еден изум кој го подобрил човековиот живот а е измислен од комунистичките режими.


Има само еден факт кој е доволен зошто капитализмот не е добар. Затоа што богатите се богатат, сиромашните осиромашуваат. Или како бројот на богатите се смалува а тие стануваат се побогати, така бројот на сиромашните се зголемува и се се` посиромашни. Африка, Азија, Ј. Америка наспроти светот. Или 5 милијарди сиромашни наспроти милијарда така-така, и неколку илјади богати. Смешно е...
Навистина е смешно тоа што го напиша!!!
Дали знаеш колку меѓународни пари се истурени во тие држави за да се подобрат без успех?
Не ќе да е до богатите што тие се сиромашни ами ќе да е до тоа што во ниедна држава од спомнатите континенти нема капиталистичко уредување. ОК во Азија има нешто налик. Мислам дека ги викаат азиски економски тигри, така некако.
Ако ти си измисли подобар генератор на струја и си се збогатил од тоа тогаш што зло си им направил на сиромашните?
На светот си му дал поефикасен енергенс од кој најголема корист имаат токму сиромашните.
Батали ги лагите со кои те пораснале. Почни да размислуваш со сопствен ум наместо со фрази и проп. шеми кои ти биле наметнати.
Време ти е.

Поздрав:helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ах тоа слепило... на очите како лепило... :pos: Види сега, тема за анализирање имаш [thread=8633]ТУКА[/thread] но сепак фала што одвои време на мене.
protivpropaganda напиша:
Свеста не е колективна категорија!!! Исклучиво индивидуална е.................. Ми треба одговор на ова прашање за да знам дали комуницирам рамноправно со личност бидејки не може да се разговара со колектив.
Прво... во општествените науки има една фраза која се вика колективна свест сакал ти тоа да биде така или не, и не ја измислија комунистите. Подразбира размислување на група луѓе и не мора да значи дека тие луѓе размислуваат прокомунистички или се поклоници на идеологијата на Хитлер или сеедно. Колективна свест имаат фудбалски навивачи на пример, кои на домашен терен сигурно нема да видат пенал иако објективно постоел. Заедно нема да размислуваат дали треба да се степаат со противничка група и заедно ќе пијат и ќе пеат и ќе го обожуваат својот фудбалски клуб. Ако мене не ми веруваш, прашај некој друг. :wink:
Вториот дел, седам пред монитор сам, значи не сум колектив, не бери гајле.
protivpropaganda напиша:
Треба да знаеш дека шемите на соц. и комунистичкото уредување на едно општество може да им биде привлечно само на неспособните, медиокритетите и мрзливите.
Гледаш, проблемот со тебе е што си ти премногу инертен да размислиш колку би можел да биде убав овој свет, наспроти тоа, кога ќе се спомне комунизам веднаш во глава ти се мота Голи Оток, Сталин и недемократија. Ако си малку пофлексибилен со размислувањата, ќе сфатеше и прифатеше воедно... дека мојата идеја за комунизам воошто нема допирни точки со режим на владеење. Но, добро, немаат сите капацитет да бидат и паметни и способни да прифатат дека некој друг може да каже нешто спротивно од нивното мислење и да биде во право. Мрзливите денес се сиромашни и треба да бидат во ова општество кое сега владее. Треба да бидат и во “мојот идеален комунизам“, само во него свеста на луѓето треба да биде на доволно високо ниво(а за тоа луѓето се способни, само не денес) и да немаат потреба да бидат мрзливи. Од друга страна во капитализмот и да не си мрзлив можеш да бидеш згазен како бубашваба од еден Доналд Трамп кој ќе дојде со сите свои пари и тотално ќе ти го уништи она за кое си работел вредно. Ем вреден ем сиромашен. Тоа не е убаво!
protivpropaganda напиша:
На мозокот му е потребна исхрана, безбедна околина и материјална благодет за да функционира на повисоките нивоа. Комунизам е шема, милозвучна утопија, лага неостварлива ниту во иднината.
Исхрана = љубов , безбедна околина = човечко меѓуразбирање , материјална благодет = поддршка(иако јас мислев на човечка поддршкаа не пари). Плус, комунизам не е шема, утопија Е... но денес. Утре нема да биде. Како шема ја гледаш ти, бидејќи твоите родители незадоволни од национализацијата те увериле дека треба да го мразиш системот кој се вика к-о-м-у-н-и-з-а-м. Викај го шаблшизам или Моронизам, ама битна е идеологијата, а не насловот. Текстот, а не корицата. Не викам дека национализацијата во тоа време била паметна работа... ама ај да не го затерувам тој сериозен муабет. Не сега.
protivpropaganda напиша:
Не се луѓето алчни ниту се злобни!!! Ме мрзи да објаснувам повторно. Ова е само твоја перцепција на сопствената околина можеби поради причини кои веќе ти имам напишано.
Удобствата кои сега ги уживаш се токму од трулиот капитализам. Кажи еден изум кој го подобрил човековиот живот а е измислен од комунистичките режими.
1. Луѓето се алчни и злобни, факт!
2. Ако те мрзи, легни си.
3. Удобствата кои јас сега ги уживам не се тема за дебата, а и не знам дали е тоа иронично трулиот капитализам, или што сакаш да кажеш со тоа? Биди појасен за мое добро, те молам.
4. Ниеден, поента?
protivpropaganda напиша:
Ако ти си измисли подобар генератор на струја и си се збогатил од тоа тогаш што зло си им направил на сиромашните?
Парите на светот се ограничени. Значи, ако фатиме да принтаме уште банкноти, нивната вредност се намалува, што значи доаѓа на исто. Хипотетички, ако имаме 10 луѓе и 100 банкноти, и ти со генераторот им земеш на сиромашните 90, останатите 9 ќе имаат по една банкнота. Тоа е наједноставно објаснување како капитализмот работи нели? Од друга страна, во комунизмот, ти ќе го измислиш генераторот, нема да земеш 90 банкноти туку ќе имаш исто, јас ќе орам по нива цел ебан ден, Петко и Трајко ќе пишуваат книги за наша занимација кога не работиме, ама сите ќе имаме исто пари. Проблемот е што, јас работам во нива, се печам на сонце и имам завист кон тебе, зошто ти не се печеш на сонце. Тоа размислување, пријателу, е капиталистичко, што луѓето ги прави злобни и алчни. Комунистичкото размислување е дека сите сме еднакви, како што и треба да бидеме.
А сега ти биди умен и почни да смислуваш начин како повеќе да ме навредиш бидејќи само тоа ти останува. Време ти е...
поздрав :helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Тие што мислат дека комунистичките режими во средна Европа се исклучиво творба на злочинци, ја превидуваат основната вистина - злосторничките режими не се создадени од злочинци, туку од ентузијасти убедени дека го откриле вистинскиот пат кој води до рајот. Го бранеле храбро и затоа осудиле на смрт многу луѓе. Потоа на опш очиглед излегло дека не постои никаков рај и дека ентузијастите всушност се убијци. - Милан Кундера, роден во Брно 1929 година.
Оваа изјава не ми оди многу во прилог на она што јас сакам да го кажам, ама го докажува фактот дека режимот пропаѓа затоа што луѓето не го знаеле патот до рајот, кој патем може да постои (само не во онаа форма која ние сите ја имаме замотано во глава). Доколку не би имало потреба некој да не води, се би било розево. Затоа комунизмот е многу близок до позитивните страни на анархијата како политичко уредување, за кое исто така многу филозофи се убедени дека е идеалното уредување. Но, реков, сеуште планетата не е спремна да се ослободи од мааните на човечкиот мозок. Алчност, злоба, завист... итн, итн...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom