Македонско фудбалско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата Prime
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Македонија во сезоната 2023/24?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Конечно изедоа убава казна. Наредно непочитување на химна или слична глупост, бркање од лига. Се надевам нема да ја преиначат одлуката до наредна сезона.

normalno deka ke ja smenat. vtorostepenska e so sipo glaven, bar taka bese porano.
Автоматски споено мислење:

Сериозен си или само мал не паметиш ?
А помирување нема и нема да има Пелистер мора во прва лига !

ne mora. i da go kaznat baskimi ohrid e slesen na listata a prosiruvanje moze samo 12 meseci unapred da se dogovri spored status na ffm i uefa.
 
normalno deka ke ja smenat. vtorostepenska e so sipo glaven, bar taka bese porano.
Автоматски споено мислење:



ne mora. i da go kaznat baskimi ohrid e slesen na listata a prosiruvanje moze samo 12 meseci unapred da se dogovri spored status na ffm i uefa.
Никој не рече за проширување на лигата колку шо разбрав пролонгирање на кратењето а не знам како се рачуна дали охрид или последниот од прва лига односно тој шо беше 8 место има кој да му ја дума ;)
 
Никој не рече за проширување на лигата колку шо разбрав пролонгирање на кратењето а не знам како се рачуна дали охрид или последниот од прва лига односно тој шо беше 8 место има кој да му ја дума ;)

ohrid e sleden vie se racunate kako ispadnati i so toa nemate pravo na vlez nazad u takva situacija.

prolongiranje mozebi mozese pred da se igraa barazite sega bi bilo tesko.

koj od kaj vas bi mozel ova da go izlobira? se vrakame na ona sto ti pisav u drug post nemate asalni luge za bilo sto vakvo. plus u momentov brkate krivci i sto ti ne, ke projde vremeto duri se sredite. kolku i da e smesno ova milenko 100 pati posposoben e za bilo sto od site kaj vas sto se vrtat u klub sto e pokazatel na toa kolku ni e tragicna sostojbata so administrativci u drzavata.
 
Последно уредено:
Screenshot 2026-06-05 095708.png



zlatan-ref.gif


Ајде гитла
 
Само претат у празно и вршат притисок. Никад нема да ја напуштат лигава. Ама ако сакаат да играат во неа ќе треба да се научат на памет. Се гледа дека немаат воља за такво нешто. Иначе да се сериозни во намерата, уште утре нека напуштат.
 
Само претат у празно и вршат притисок. Никад нема да ја напуштат лигава. Ама ако сакаат да играат во неа ќе треба да се научат на памет. Се гледа дека немаат воља за такво нешто. Иначе да се сериозни во намерата, уште утре нека напуштат.
Mnogu se silni demek vo kosovo i albanija ke igrale a tamu sonuvaat evropa da izlezat.
 
xrfpp2E.jpeg



Соопштение во врска со реакцијата на ФК Шкендија: Нема повеќе како досега. Интегритетот на натпреварувањата нема цена

Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки.

Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во намерата да стави крај на дивеењето на трибините, без разлика од кого доаѓа. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите и нема да има исклучоци. Правилата мора да важат подеднакво за секој клуб, секој поединец и секој субјект во македонскиот фудбал.

Настапите и финансиската корист од пласманот во европските натпреварувања не се обезбедени преку која било друга држава или федерација, туку преку учеството и успесите во македонското првенство и натпреварувањата организирани од ФФМ. Сите привилегии, придобивки и финансиски бенефити што ги уживаат клубовите се резултат на учеството во македонскиот фудбалски систем и натпреварувањата во рамки на ФФМ.

Уште понејасно е како денес се оспорува начинот на водење на федерацијата, кога токму со истото тоа раководство клубот минатата сезона ја освои шампионската титула и оствари историски резултати на европска сцена. Ако тогаш системот бил добар и праведен, тешко е да се објасни зошто денес е проблематичен само затоа што е донесена одлука што некому не му одговара.

Од првиот ден, новото раководство и претседателот на ФФМ подаде рака за соработка кон сите клубови и чинители во фудбалот. Намерата беше да се градат партнерски односи, меѓусебна доверба и заедничка визија за развој на македонскиот фудбал. За жал, од раководните структури на Шкендија во повеќе наврати добивме арогантен, самобендисан и потценувачки однос, кој не придонесува за градење партнерство и меѓусебна почит. Но, тој избор е нивен. Иако, би било добро да знаат дека ароганцијата понекогаш се враќа како бумеранг.

Во јавноста слушаме амбициозни најави за големи засилувања, европски успеси и нови проекти. Но, истовремено слушаме и закани за повлекување од фудбалот секогаш кога дисциплинските органи ќе донесат одлука што не е по нечии очекувања. Таквиот пристап остава впечаток дека некои лесно ги прифаќаат придобивките од системот кога победуваат, а многу потешко ги прифаќаат правилата и одговорноста кога ќе се соочат со санкции.

Во однос на најавите за можно повлекување на спонзорот, тоа е нивна деловна одлука и ФФМ ќе ја почитува. Но никој не треба да очекува дека преку такви пораки ќе влијае врз одлуките на федерацијата или нејзините органи.

Правилата се исти за сите клубови, без разлика како им се вика спонзорот, колкава е неговата финансиска моќ или какво влијание некој верува дека поседува. Потенцирањето на името на спонзорот во соопштенија, јавни настапи и заеднички состаноци не го фасцинира ова раководство на Федерацијата, ниту претставува аргумент што може да влијае врз дисциплинските одлуки. Интересно е што и последното соопштение беше подготвено и објавено во доцните вечерни часови, во стил кој очигледно треба да демонстрира сила и важност, „типично за голем клуб“. Но, големината на еден клуб не се докажува со соопштенија, притисоци или повикување на финансиска моќ, туку со одговорност, достоинство, скромност и почитување на правилата.

Нема повеќе како досега. Завршено е времето кога некој можеше да верува дека неговата позиција, влијание или финансиска поддршка му обезбедуваат поинаков третман. Денес важи само еден принцип. Исти правила за сите. Тоа е основата на спортската правда и единствениот пат по кој ќе се движи ФФМ.

Со години во јавноста се пласираше порака за посебна моќ и влијание. Но, времето кога некој можеше да верува дека за него важат поинакви правила е завршено. Доколку некој смета дека неговото име, финансиска моќ или придонес му обезбедуваат привилегиран третман, тогаш суштински не го разбира принципот на спортската правда. Во македонскиот фудбал нема недопирливи.

ФФМ нема да носи одлуки под притисок, ниту ќе дозволи уцени да влијаат врз работата на нејзините органи. Сите клубови се важни за македонскиот фудбал, сите имаат свои заслуги и сите заслужуваат почит. Но, никој не е над правилата.

Со ова ја сметаме темата за затворена. Интегритетот на натпреварувањата, почитувањето на законите, достоинството на спортот и еднаквиот третман за сите остануваат принципи од кои ФФМ нема да отстапи. Правилата ќе важат за сите, вклучително и за ФК Шкендија и нејзиниот спонзор. Без исклучок.
 
Само претат у празно и вршат притисок. Никад нема да ја напуштат лигава. Ама ако сакаат да играат во неа ќе треба да се научат на памет. Се гледа дека немаат воља за такво нешто. Иначе да се сериозни во намерата, уште утре нека напуштат.
Абе какво искачање од лига, кај ќе идат на мајка им? Конечно некој да им покаже заби, се надевам само дека ФФМ нема да попушти и ќе останат на зборот. Нешто што требаше сите институции да го прават во последните 25 години, казни, лупај ги по џепот и ќотек. Тоа е јазикот на племето.
 
Абе какво искачање од лига, кај ќе идат на мајка им? Конечно некој да им покаже заби, се надевам само дека ФФМ нема да попушти и ќе останат на зборот. Нешто што требаше сите институции да го прават во последните 25 години, казни, лупај ги по џепот и ќотек. Тоа е јазикот на племето.
Се слагам. Секој кој не почитува закони почнува да ги почитува коа ќе добие по џеб. И тоа не минимални казни, туку баш дебели да го осетиш до грло. И не само за нив и не само во фудбалот, него генерално во цела држава на секое поле. Да видиш како ќе почнеме да цветаме.
 
Какво црно напуштење на лига, можат да сонуваат за тоа. Сместа ќе попијат казни од УЕФА и они ко клуб и лигата која би ги примила, без разлика дали албанска или косовска на база на политички сецесионизам, ниеден клуб нема да смее да им игра Европа, кој би си дозволил такво нешто? Класичното нивно силење е ова како и во секоја друга ситуација во која се силат во државава, а се тотално немоќни освен ако не начекаат на толерантност/попуштање/предавство од наша страна, што мислам дека нема да го добијат во оваа ситуација, без разлика дали на второстепена комисија главен бил Албанец.
 
Back
На врв Bottom