Да, по тренерки беше

тогаш стрикно ципела требаше за расчекор, а камоли тренерки, мислам дека настапваше Ребека, не сум сигурен, а Зеко беше на проверка да види кој се е внатре, е сега како шо рече по тренерки можи и да не влезе, не се сеќавам точно, знам само дека нареден ден бруеше градо за ова случка, ова треба да е негде после Лемго, 96-та ко веќе беше решено и првенството мислам.
Ако ме држи памтењето,
Мислам дека тој настан во Расчекор беше во вториот мандат на Зечевиќ во Битола,
Во сезоната 99/00, есенскиот дел, после за пролетниот дел, ко се смена управата на Циле и дојде Спиро го избркаја Зечевиќ и дојде Цане Цауро и ја освои титулата, петта по ред, понатаму се е историја.

Пред утакмицата со Ватростална во Битола, ко ги тепавме 10 разлика.
Целиот со фластери на глата беше Зечевиќ.

Па се скандираше в сала во прво полувреме "Играјте Пијаници", во моментите ко губевме, па кладоја после во брзина нашите и ги демолираа гостите, па после се смена скандирањето "
МАЈСТОРИ ПИЈАНИЦИ".
Ја имав и снимката на VHS, треба да избуричкам во архива, да се потсетам на тие убај деној.

Секој ден киснев на тренинзи таа сезона, без промаш.
Голмани- Мисовски, Дивио и Тосето
Леви крила- Аљушо и Злате Рамбо
Леви бекој- Раде Стојановиќ, Игор Тодоровски, Ќани ( дефанзивец), во есенска полусезона имаше еден Србин, Стевановиќ, солиден шут имаше, па го избркаја после ко се смена управата
.
Среден бек- Кире Поповски
Десни бекој- Кире Лазаров, Златко Апостоловски
Десни крила- Иве Марковски, Влатко Темелков
Пикери- Заре, Колтовски ( мислам дека беше ) и Папата ако не се лажам тогаш се пробиваше од младинци.
П.С.
Околу Зечевиќ.
Салам ќотек му даде на тие од Металопластика, уште го памтат, а уште појќе го памтат и Цане Цауро.
РУКУМЕТНОЈ ВАШАРИ У БИТОЉ
https://metaloplastika.wordpress.com/2016/05/13/secanja-pelister-metaloplastika-opsta-tuca/