Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

што направи Југославија за правата на нејзините граѓани Македонци кои живееа надвор од нејзините граници?
Н-И-Ш-Т-О
Зајко направи се.... конечно се откажа од македонците надвор.
Станаа тоа таму некои луѓе кои се различни и зборуваат различно од мнозинството.
Автоматски споено мислење:

Абе ај не зезај. Ској ден се пераа мозоци. Ко бевме деца на школо обавезно имаше слика од Тито. Учителките ни викаа Тито ве гледа.
:pos: :pos:
 
За судбината на Егејска и Пиринска Македонија се виновни Југославија и тартаро-монголската куротресина, како и сите нивни подржувачи во Вардарскиот дел

Сите што пипувате на темава сами си кажавте дека цената за мир на Балканот е платена на сметка на нашиот народ во сите делови од географска Македонија.
Вистината е дека ни едните ни другите ни третите ништо не направија за народот кој масовно излезе во борба против фашистите..
Геноцидот врз Егејците никогаш не запре, напротив истиот продолжи и после војната.
Ајде ќе речеме земјата е изгубена, ама народот кој остана после '48 беше оставен на милост и немилост и никој од таа мочана Југославија ни со прст не мрдна за нив... Тие што се отселија се спасија, но што со тие што останаа, што направи Југославија за правата на нејзините граѓани Македонци кои живееа надвор од нејзините граници?
Н-И-Ш-Т-О
Што направи Југославија кога продолжи трендот на менување на имиња и презимиња? Н-И-Ш-Т-О

Кога го спомена Колишевски, демек така дојде како ослободител и не беше пратен???

За време на војната ајмо брача Македонци, па после тоа кој ве ебе Сталин и Черчил сакаат друго.
Значи прво се удира на патриотизам па после на геополитика, ете толку поштен бил браварот и та Југославија!
За мене не е ништо поразличен од Љупчо, Киро, Бранко, Грујо, Заев и Мицковски

Сите имаат едно нешто заедничко - клекнуваат
Ти рече дека Македонија не сакаш да биде во федерација никогаш повеќе.
Еве сега не е.
И?
Јас само ти опишав како е во и надвор од.
Без намера да се враќам назад, уште помалку да прогнозирам за напред.
Остај се со истории, тие се само за поука. Ако твојот заклучок е дека Македонија треба да е надвор од некакви федерации, сојузи, заедници, Ок, поштувам.
Не влегувај во муабети од типот кој е Тито и колку прсти имал.
 
Точно е

Немало многу филозофии како денес, или ќе прифатиш тоа што ти е кажано , или ќе го јадеш

Денес ти даваат права на изразување и со помош на медиуми истите ги искористуваат против целиот колектив
Ова е најголемата мантра ...... ќе го јадеш.....
кој ли ве затру со тоа?

Еве јас на пример не сум го јадел и покрај тоа што четири пати одбив да влезам во СКЈ.....
прво во 4 година средно.... ме натераа да идам на партиски состанок после седми час демек ќе примале нови членови, не знам кој ме пријавил за такво нешто, некој таму нешто дрндаше јас под клупа си читав стрип, ме видоа и ме избркаа :D
...втор пат во војска .... мораш да одиш на состанок , досада жива и заспав ..па сунце ти јебем... и ме избркаа
трет и четврти пат на факултет... буквално ги одјебав....
.....и што ни влакно не ми фалеше.
 
Твое право да си тераш по свое без да имаш аргументи ама го забораваш следново:
Македонија стана (СЕ ВОЗОБНОВИ) држава во 1944 година, во таа СФРЈ имаше каков таков развој ама опстана како држава и се развиваше подоцна со овие кои си ги наброил со секој од нив постепено почна да умира (како на рати) се откажаа од Македонците во Беломорска и Пиринска Македонија колку што знам ехЈУ тоа не го направи.
Како не се откажа ..?
Како Југославија (после '48) помогна на тие што останаа?
Автоматски споено мислење:

Ти рече дека Македонија не сакаш да биде во федерација никогаш повеќе.
Еве сега не е.
И?
Јас само ти опишав како е во и надвор од.
Без намера да се враќам назад, уште помалку да прогнозирам за напред.
Остај се со истории, тие се само за поука. Ако твојот заклучок е дека Македонија треба да е надвор од некакви федерации, сојузи, заедници, Ок, поштувам.
Не влегувај во муабети од типот кој е Тито и колку прсти имал.
Во ред

Иначе за последново само Ска има дискутирано си ме помешал..
Автоматски споено мислење:

Ова е најголемата мантра ...... ќе го јадеш.....
кој ли ве затру со тоа?

Еве јас на пример не сум го јадел и покрај тоа што четири пати одбив да влезам во СКЈ.....
прво во 4 година средно.... ме натераа да идам на партиски состанок после седми час демек ќе примале нови членови, не знам кој ме пријавил за такво нешто, некој таму нешто дрндаше јас под клупа си читав стрип, ме видоа и ме избркаа :D
...втор пат во војска .... мораш да одиш на состанок , досада жива и заспав ..па сунце ти јебем... и ме избркаа
трет и четврти пат на факултет... буквално ги одјебав....
.....и што ни влакно не ми фалеше.
Во 50/60/70 си бил во школо и во војска?
 
Последно уредено:
Во ред

Иначе за последново само Ска има дискутирано си ме помешал..
Не сум те помешал, само реков да не влегуваш во такви муабети, знам дека е негов тој муабет за тајни заговори.
Млад си, не ја троши силата на обиди за враќање на тркалото назад. Не се враќа.
Македонија едноставно немала грб кој ќе ја препознае како медиум за остварување на своето влијание на овие простори. Смири се со тој податок. Нит Пиринска е дадена на бугарија поклон, нит Егејска на африканциве одоздола.
А над фактот што Вардарска Македонија станала составен дел на ФНРЈ, покасно СФРЈ, за на крај да стане и самостојна држава, треба да се замислиш, оти така?
Оти нашиот народ со право вика, од лошо има и полошо. Ние во Вардарска само сме поминале лошо, другите два дела мноогу полошо.
 
Не сум те помешал, само реков да не влегуваш во такви муабети, знам дека е негов тој муабет за тајни заговори.
Млад си, не ја троши силата на обиди за враќање на тркалото назад. Не се враќа.
Македонија едноставно немала грб кој ќе ја препознае како медиум за остварување на своето влијание на овие простори. Смири се со тој податок. Нит Пиринска е дадена на бугарија поклон, нит Егејска на африканциве одоздола.
Не си во право

Ниту во едниот, ниту во другиот дел некој добил права

Историјата вели дека се на тацна сервирани

А над фактот што Вардарска Македонија станала составен дел на ФНРЈ, покасно СФРЈ, за на крај да стане и самостојна држава, треба да се замислиш, оти така?
Во ред, што понатака?
Или Киро Миро Бранко Трајко Петко случајно станаа власт?

Оти нашиот народ со право вика, од лошо има и полошо.
Не знам како да го сфатам ова
Треба да ќутиме?

Ние во Вардарска само сме поминале лошо, другите два дела мноогу полошо.
Точно, јас сум приврзан за Егејците и затоа и ваквиот одговор
 
Како не се откажа ..?
Каде си го слушнал ова, има некој податок да прочитаме сите, само немој од оние извори со 11 прсти.

Како Југославија (после '48) помогна на тие што останаа?
На Македонците-Македонија е тоа прашање таа е засегната а не на некои други или очекуваш Србија, Хрватска Словенија да се грижи за Македонците во Беломорска и Пиринска Македонија!
 
Историјата вели дека се на тацна сервирани


Во ред, што понатака?
Или Киро Миро Бранко Трајко Петко случајно станаа власт?


Не знам како да го сфатам ова
Треба да ќутиме?


Точно, јас сум приврзан за Егејците и затоа и ваквиот одговор
Во животот никој никому, а најмалку на бугарија и грција некој нешто на тацна им дал. Се раздолжиле и се раздолжуваат тие сеуште. Не само за Пиринска и Егејска.
Никој случајно не иде на власт, Црпе е најфлагрантен пример.
Не треба да ќутиме, ама не треба напорите да ги насочуваме кон расчистување меѓу себе, на нешто што е јасно ко бел ден. Џабе мене ми објаснуваш, земи стори нешто за Македонија, постави клупа некаде, направи мост, стори нешто реално. Оди во на дедо ти селото, направи слики... потомството да знае.

П.С. Јас неколку години бев на Крит, сеуште има сведоштва за регрутацијата на критјани од страна на андартите. Ми се превртуваше во стомакот од сето тоа. Луѓето се ѕверови. И тоа луѓе кои имаат преживеано десетина масовни колежи.
 
Ја има ли ваквата лузна и кај подоцнежните генерации?
Јас кај мене немам ваква лузна, иако сум вакциниран со сите вакцини според програмата на ,, независнава '' држава.
Не сум забележал и кај другите да има ваква лузна па затоа и прашувам.
... белегот на раката што го имаат постарите генерации во поранешна Југославија може да е од вакцина против големи сипаници (Вариола Вера) или од БСЖ (BCG) вакцината против туберкулоза.

1000_F_500270195_Na4BI0Vrutm8d0A0OvwmeVzKLq6h2L5q.jpg images.jpgцвб.jpg

... знакот на раката „како изгребан круг“ е поради специфичниот метод на боцкање со игла со два краци која постојано ја боцкала (гребела) кожата во мал круг предизвикувајќи локализирана инфекција, меур, па краста и на крајот карактеристичен вовлечен белег - лузна во форма на круг.

... големите сипаници (Variola Vera) биле целосно искоренети во периодот меѓу 1978 и 1980 година, откако Светската здравствена организација (СЗО) официјално прогласила дека вирусот бил искоренет на глобално ниво, бидејќи болеста веќе не постоела во природата, вакцинирање против големи сипаници прекинало да се дава во раните 1980-ти години, така подоцнежните генерации веќе не ја примале вакцината против големи сипаници, туку само за мали сипаници.

...вакцина против мали сипаници позната како МРП (против морбили/мали сипаници, заушки и рубеола) во Македонија е задолжителна и бесплатна според Националниот календар за имунизација, а првата доза се прима на возраст од 12 месеци, па највероватно оваа ја имаш примено.

... 1972 година, Југославија се соочила со последната голема епидемија на големи сипаници во Европа, вирусот бил внесен од Косово и Метохија од страна на поклоник кој се вратил од Ирак, па за само неколку недели, воените и здравствените власти успеале да вакцинираат 18 милиони граѓани од вкупно 22 милиони жители во државата, тоа била една од најбрзите масовни имунизации во светска историја.
... поради оваа вонредна ситуација, сите генерации родени до крајот на 1970-тите години биле строго вакцинирани (и ревакцинирани), поради што речиси секој човек роден пред 1980 година го носи карактеристичниот лузна-белег на раката,

... но, има и случаеви на понови генерации од 1980 годиште со ист белег од вакцина, но малку помал од таа на Вариола Вера, а тоа е од другата вакцина што ја спомнавме погоре т.е. од бе-се-же БСЖ (BCG) вакцината против туберкулоза, така да постарите генерации имале два слични лузни една поголема и една помала, а тие помладите генерации после 1980 година имале слична лузна, помала лузна без зраци од БСЖ вакцината, отприлика нешто вака:

Untitled.jpgбсг.jpgimages.jpgвб.jpg

... денешната БСЖ вакцина против туберкулоза сè уште се дава на новороденчињата во родилиште со многу помал белег со современите игли и техники на апликација кои се многу попрецизни и се инјектираат под кожата, што кај повеќето луѓе денес остава само минимален или речиси незабележлив белег во споредба со минатото на тие генерации после 1980 година.
 
Последно уредено:
... знакот на раката „како изгребан круг“ е поради специфичниот метод на боцкање со игла со два краци која постојано ја боцкала (гребела) кожата во мал круг предизвикувајќи локализирана инфекција, меур, па краста и на крајот карактеристичен вовлечен белег - лузна во форма на круг.
Имаше два начина на вакцинирање...
првиот .... точкест..... лесно боцкање во неколку ...десетина точки во круг
Вториот. со двокрак скалпел парален рез од околу сантим .... јас тој белег го имам.
Она за туберкулозата ,.... вакцината е давана вертикално право во левото раме, така да белегот е во повеќето случаи таму.

Машката популација добиваше и една специфична „коњска“ вакцина.... тоа во јна ..... директно одоздола во трицепсот отпозади .... ја викавме коњска зошто после неа... пиеш и јадеш се, конзерви десетини години стари па и камења , спиеш на земја, ништо не те фаќа итн.
 
... на денешен ден, роден бил Петре Тодоровски (01. 06. 1971, Кавадарци - 26. 07. 1991, Љубљана), војник на ЈНА од Македонија, кој бил убиен во касарната "Љубљана поље", во Словенија, и бил втората жртва на распадот на Југославија.

712644394_26393027513709585_1230728265704757498_n.jpg
 
1000019312.webp

... пред некој ден рибарите во хрватското крајбрежие уловиле покрај рибите и две пластични чаши, од време на Југославија едната сеуште цела како нова, иако временски од осумдесетитте - јасно се чита натписот „Јадролинија“, Риека – Југославија.

... што ти значи стандарт и квалитет џабе немаше мерило дали е по ,,ЈУС" (Југославенски универзален стандарт, денес све е рециклирано изработено, неквалитетно и оштетено уште во самото производство.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom