Напишав дека она е единствената институција со таква надлежност, авторитет и кредибилитет. Другото стои. Не знам што не е јасно.
Ти кажав дека сум одел и ќе одам кога сакам на влечки, ти кажав дека и претходно работев цела година од дома од инает, ќе ти кажам за облека дека и во основно не ме примаа цел месец на настава поради неносење училишна униформа која смрдеше, ќе ти кажам и дека имам потпишувано опомена пред исклучување оти не сакав да се истрижам. Просто е, дрескод органски настанува кај што има цивилизирана потреба, а не да биде флекс од неспособни кои не знаат како авторитет функционира. И не мора да ти кажам дека немам некоја особена почит за нашиве институции, и дека мене не ми е воопшто гајле дали враќаат на врата да подигнеш пасош ако си на кратки бидејќи јас последен пат си побарав луѓе и ми го направија во Недела и го земав за два дена уште пред да отвори полиција сабајлето на кратки и влечки, јас ја бранам тука идејата, бидејќи со нефункционална држава која не ти дозволува да излезеш од истата со валиден пасош само оти не пишало Северна не можеш поинаку. И најмалку има смисла да некој губи денови од работа за да пресоблекува за да си земе документ, а некоја Маре на шалтер го врати оти денес не ѝ се погодило кафето на пауза, и самата е боса зад биро. Сум бил на пракса во суд, сум видел за кого треба да се дотерувам, и не ми е некоја особено реномирана институција за јас да облечам нешто кое можеби во тој ден можеби
не сакам да го носам, за да извадам парче хартија која вели дека не сум осудуван, хартија која е должна да ми ја издадат. Промаши ме со тие бесмислености.
Ако бе, ја мислам дека е баш слатко, и убаво тоа што госпоѓа вот го советува а он ја послушува, иако он тука се задева.
Тоа е љубов.
Јас имам проблем со авторитет и ќе умрам на најмалата планина воопшто како што е дрескод и кога некој неосновано сака да ми го наметнува надвор, особено вака at scale, но дома си важат други природни закони и ако ми каже облечи најновиот костум за да идеме до некоја институција - само ќе прашам во кои ципели мисли дека би изгледал подобро, без да се залетам одма по тие од кои не болат нозе. Ама да, да го оставиме тоа за "Во врска со љубовта сакам да ти кажам дека....".
Така е, најслатко е кога мажот кима со глава и вика “да драга”. Нема ништо посимпатично од добро дресиран…упс, сакав да кажам послушен маж.
А како ти би ме издресирала вака да бев твој?