Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Во моментов во МЛС игра Меси ФЦ проти Филаделфија Унион. На дресовите на Филаделфија играчите имаат знаме од каде потекнуваат

1779667777374.png

на ПОЛУВРЕМЕ, резултатот е 4-4

Два гола за Бертераме и Луис Суарез, а Меси има една асистенција.

За Филаделфија, стрелец е Дамиани...
...
..
...
...

И ХЕТ-ТРИК НА МИЛАН ИЛОСКИ

:vozbud:
 
Џабе му е се, кога одби да игра за нас!
 
Џабе му е се, кога одби да игра за нас!
Зашто му е џабе? Да прифати да игра за нас и да го дупи некој ропак како Седлоски?
 
Не игра он за Гоце, него за Македонија и македонскиот народ!
А бе какви шеми има во федерација овие 30 години, нема да игра за Македонија и македонскиот народ дефинитивно. Од најмали категории играат телефоните, врски се бараат за деца кои не знаат два паса да направат, одат деца на екскурзии, тренери со родители во шеми за пари итн. итн. има уште многу за пишување. Деца квалитетни од најмали генерации не ги земаат затоа што немаат врски и после на 18/19/20 години кога ќе направи некој трансфер оп одеднаш повик за репрезентација да игра, па што не го висделе претходно дека вреди детето а не чекаат трансфер да направи па да го викнат. И таму како и во секоја пора од општеството наше се напикани паразити ништо не работат. Се надевам син ми ќе успее во фудбалот и ќе гледам колку што можам да влијаам врз него да не игра за репрезентација доколку го побараат.
 
Деца квалитетни од најмали генерации не ги земаат затоа што немаат врски и после на 18/19/20 години кога ќе направи некој трансфер оп одеднаш повик за репрезентација да игра,

На пример?
Јас не познавам македонски фудбалер кој играл за сениори а да претходно нема настапувано во младинските категории.
 
Игор Митрески е еден од нив, требаше да на прави трансфер во Русија па да го викнат во репрезентација, додека беше во Силекс никој не го знaеше, одеднаш он стана играч, претходно не го биваше или тие што треба да работат и да гледаат играчи никаде ги нема. Значи ај да не се правиме многу паметни, како да не знаеме како стојат работите во федерацијата.
 
Последно уредено:

Не сум бил доволно стар за да знам за ова, ама можам да проверам дали е точно. Игор Митрески бил повикан за У21 уште како играч на Напредок, значи пред да игра сениорски фудбал со Силекс. После трансферот во Русија веќе и бил скоро стандарден за А селекцијата на 22 години а пази, тогаш веќе имало солидни одбранбени и плус е генерација со едни од најдобрите дефанзивци во историјата на Македонија - Новески и Васоски.

Друга работа е што и да е точно, во 35 години фудбал во Македонија како независна држава, нема ниту еден друг пример.
Не тврдам дека нема никакви менаџерски игри, дека не се повикуваат одредени играчи за да си прават трансфери ама сакам да кажам дека немаме ниту еден играч кој имал солидна кариера без притоа да не настапувал за репрезентација. Кој го бива, добивал шанса. Имаме и многу дрва кој добивале шанса ама никогаш на сметка на многу поквалитетни од нив. Барем ја не помнам, нека пише некој друг пример ако има, мене не ми текнува.
 
А бе какви шеми има во федерација овие 30 години, нема да игра за Македонија и македонскиот народ дефинитивно. Од најмали категории играат телефоните, врски се бараат за деца кои не знаат два паса да направат, одат деца на екскурзии, тренери со родители во шеми за пари итн. итн. има уште многу за пишување. Деца квалитетни од најмали генерации не ги земаат затоа што немаат врски и после на 18/19/20 години кога ќе направи некој трансфер оп одеднаш повик за репрезентација да игра, па што не го висделе претходно дека вреди детето а не чекаат трансфер да направи па да го викнат. И таму како и во секоја пора од општеството наше се напикани паразити ништо не работат. Се надевам син ми ќе успее во фудбалот и ќе гледам колку што можам да влијаам врз него да не игра за репрезентација доколку го побараат.
Се убаво објаснето и со последната реченица си го извади цел каурлук и ова е само доказ зошто не не бидува со ваков менталитет и дефетизам.
 
Ај бе не објаснувај ти, немаш поим низ што поминуваат некои од децата и како ги дупат со години, им поминуваат годините туку така, нема кој да ги види, да работи со нив, вложуваат во себе, трошат и време и пари. И сега ќе дојде тука некој потпишан Ернесто Че Гевара и ќе мудрува. Гледај што прават со сениорската репрезентација не па со младински категории, татини и мамини синчиња, за пример ќе ги дадам Омерагиќ и Зајков, првиот да е во нормална држава ни во 3 лига не би играл, овој вториот пола кариера на клупа беше во клубовите, ама и двајцата играат за репрезентацијата затоа што на првиот татко му е претседател на ФФМ а на вториот сестра му е влијателен политичар. Поштеди ме од морализирање, ниту ме знаеш ниту ме познаваш па да збориш ти за мојот однос према Македонија, тоа каурлук и такви глупи изрази на друг да му ги кажуваш. Ние немаме држава од 2001 наваму и се друго е живеење во илузија и не прифаќање на реалноста. Ајт сега поздрав премногу драгоцено време изгубив.
 
И со тоа што ти ќе пробуваш да го убедиш син ти и да му влијаеш да не заигра за репрезентацијата, ќе ги смениш работите на подобро.

Каурлук и дефетизам на најјако!
 
Па нема да ги сменам, ама нема да бидам дел од тој каурлук што го кажуваш ти. Види колку си ти само забеган, тоа што сакам јас да го направам е каурлук и дефитизам ама тоа што разно разни копачи 30 години си ги бутаат дечињата во репрезентацијата иако не се способни за да бидат дел од истата тоа е во ред? Ај изгуби се и не ми реплицирај повеќе петарда една. 30 години шупаци ја ебат државата а во случајот фудбалот во Македонија и сега јас сум виновникот. А бе да си ми тука до мене ќе ти кажам јас убаво, ама вака мангупи на тастатура ве има еден куп.
 
Абе ќе го даваат фудбалот на МТВ или само на Арена ќе оди ?
 
Dva dobri igraci so poteklo od Makedonija koi igraat momentalno evropsko u17 za drugi reprezentacii, koi mora FFM barem da gi kontaktira, Dino Trajanovski od Hrvatska i Blagoje Uzunovski od CG
 
Back
На врв Bottom