Абе шо се замарате со нив не ми е јасно.
Џабе е, не можиш да се разбериш со нив, тие се најпаметните, најекспертите, се знат, цел ден киснат на нашиот форум.
Ниту имале некогаш јадро на редовна публика, ниту ќе го имат, па и 10 евротитули да освојат
Зошто ја немаат?
Едноставно е, ја немаат таа страст, пасија, зависност кон ракометот која ја има Битола.
На тренинг ние имаме појќе гледачи од тие шо имаат на лигашки утакмици.
Ми текнува Богдан Маковеј ко дојде во 2001, прв тренинг, гледа в сала преку 300 луѓе, излегва на тренинг, му шлукат сите, се чудеше чоеко кај дојде.
Таква пасија за ракомет има во малку места во светот, Унгарија ( Веспрем, Сегедин), Германија ( Кил. Фленсбург), Франција ( Монпеље, Нант)....
Таа шминка на утакмиците со нас, во Европа, не можи да го прикрие фактот дека Скопје НЕ Е РАКОМЕТЕН ГРАД, џабе се школи на секој чекор.
На толку народ шо живеј таму, треба секоја утакмица најмалку по 3 000 гледачи да имат, ако се толку по ракометот ко шо глумат експерти на интернет.
Ама не се по ракометот, зато џабе му се муабетите, се е празна слама то.
И зато му сме трн в око и нив и на слугите нивни од Охрид, кои не хејтаат кај стигнат, ама во нивните соништа сакаат да бидат како нас, АМА НЕ МОЖАТ, оти ракометен град и центар не се станва преку ноќ, за то треба историја, генерации навивачи, а кај нас поминале многу генерации навивачи, од времето на ракометното игралиште, па после генерацијата навивачи од 80итите, Мате Шундовски, за која знаеше цела Европа, па времињата во 90ите, и после то, заради политички игри и незаинтерисираност на тајкуните да дојди период од скоро 18 години гла да не крениме, ама пак, и во моментите ко сме немале дресој, ко сме немале прашок за перење на опремата, ко сме немале котизација да платиме, пак имаше солидна посетеност на трибини, имаше убај атмосфери, со Дукла Прага, со Адемар, со Брест.
Било која екипа да беше на наше место, да го поминеше се шо поминавме ние овие 20 ина години, ќе се распаднеше сигурно, и зато немат право да мрчат.