И кај мене оригиналниот е варта, а по интернет гледам на исти модел како мојот ставаат варта H3 95Аh и се задоволни. Да сум во Европа би земал варта, но кај нас не знам кој е квалитетот на увезените акумулатори, не сакам да платам 200-250 евра за акумулатор и после 1-2 години да имам проблем.
Дојде време за нов акумулатор, па се мислам да земам некој од овие: bosch, varta, exide, duracell. Некој да сподели искуство со ваков тип на акумулатори и разлика во квалитет помеѓу наведените. Гледам дека бош акумулаторите доста делат на цена во однос на другите, дали се исплати разликата?
Меганите палат на копче и сами го отклучуваат воланот. Ако е затегнат механизмот за заклучување или е слаб акумулаторот моторчето може да не го отклучи воланот или пак проблемот да е во осигурач, сензор или управувачката единица за палењето. Возев службен меган околу година дена и неколку пати...
Клапна/лептир ги викаат кај нас. Последица од EGR вентилот. Еве корисен линк за подобрување на состојбата. Изненаден сум што клапни може да бидат во ваква состојба и после 60-80.000 км.
Ако добро се сеќавам ребрастиот (без водна пумпа) го платив околу 1500-2000 денари и работна рака беше околу 1000 денари, ама пак зависи од мајстор. Водна пумпа сменив пред околу 8 години и мислам дека беше околу 2200 денари, Valeo.