Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Истите тие "напаѓаат" на секоја тема која не спаѓа во нивниот светоглед. Што прилично се гледа тука на форумов.
@Bafra не си ти во овие, ти од други причини забегуваш настрана. :)
Не ти реплицирам затоа што мислам дека нема потреба пак да се повторуваме.
Нема гајле, 3 страни на сите ни пишуваш дека сме глупи, дека немало потреба да трошиш време, ама сепак 3 страни пишуваш тралалајки. Ниту нешто објасни, ниту нешто сподели, а па најмалку нешто успеа да го побиеш.

Посликовито од тоа во кој табор си моментално не можам да ти доловам.. истите оние што бранеле дека земјата е рамна оти тогаш таков бил " научниот консензус", а ти продолжи да бидеш ној.
Во наука нема консензус, или е 100% така, сите факти потвдруваат ист резултат, причина, последица или треба уште истражување. На консензус се повикуваат само неписмени дебили, кои не ги интересира вистината и фактите.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030

Во науката се вршат истражувања, мерења, опсервации запишани и објаснети најчесто во научни трудови, меѓутоа и други форми.
Некој научник прави нешто, запишува податоци, ги објавува, останатите ги проверуваат, го реплицираат начинот на кој го направил, проверуваат преку други методи и сл. Ако го реплицираат и проверат со други методи, тогаш се на прав пат дека тоа истражување стигнало до некое откритие, некоја вистина, некој напредок. После тоа, на тие истражувања се надоградуваат други итн. Се повеќе научници имаат основа и се повеќе научници преку разни методи можат да ги проверат тие претходно донесени податоци.
Научници од Кина, Русија, Австралија, Бразил итн.
Кога сите тие научници доаѓаат до исто откритие преку различни методи, тоа Бафра се вика научен консензус.
Во науката, научен консензус, научна теорија и некои други се малку различни од општото значење на зборот.
Во суштина, тие се многу строги и прецизни.
Такви на пример се, гравитацијата, еволуцијата на човекот, глобалното затоплување (предизвикано од човекот).

Има делчиња што недостасуваат, но тоа е бидејќи науката е строга и прецизна.
Не се знае долу на најосновно ниво што ја предизвикува гравитацијата. Но сите опсервации и тестирања ја потврдуваат.
Еволуцијата не е до детал докажана, фалат парчиња во сложувалката. Но сите тестирања ја потврдуваат.
Глобалното затоплување е слично. Но сите тестирања го потврдуваат.

Сега навистина може да бараш и ќе најдеш погрешни информации, истражувања извршени по погрешни методи, грешки во пресметки и сл. Но тоа не значи по автоматизам дека се дотогаш правено не важи.
Напротив, истите тие се реплицирани, ревалидирани.

Безполезно е да се дискутира за нешто за што науката е со цврст став.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322

Проблемот со науката во денешницата е во догматизацијата. До вчера секој обид да се престави дека нивото на морето е драматично зголемено во последните 14К години беше исмевано. До вчера секој обид да се прикажат почетоците на цивилизацијата пред Сумерите беше ерес, се додека не се појави Гобекли Тепе, а сега уште едно наоѓалиште кое датира уште повеќе пред Гобекли Тепе. За дебилизмот на расната и родовата класификација на луѓето не ми се ни отвара уста. За историјата сме и самите сведоци колку политика има. Денеска се повеќе излегуваат реликти кои фрлаат сомнеж на тајмлајнот на еволуцијата на човекот (која BTW е сеуште на ниво на научна теорија, а се прикажува како непобитна вистина). Слично како и во политиката, така и во науката се вадат теории на заговор, попут рамна земја, сомнежот за освојување на месечината итн, кои имаат за цел да на девалвираат авагандарата на науката, која дефакто денеска е ставена во полза на политиката. Па така и оваа расправа која се води тука.

Глобалното затоплување е природен процес на земјата, тоа е дел од еден цикличен процес, кој многупати се повторувал во минатото на планетата. Во одредени периоди поради разноразни причини (вулкани, астроиди) тој процес е пореметен и се забележуваат подраматични промени, попут тунгуската експлозија која донела до глобално заладување пред стотина години, па сега затоплувањето (нормализацијата) го гледаме како неприроден процес. Факт е дека последните 2500 години (вклучително и индустриското доба) нивото на морето малтене мирува, а да речеме, пред 8000 години нивото на морето драматично се зголемувале и по неколку метри на век, можеби и повеќе. Што тогаш дорпинело до ваква драматична промена ако не постоела индустријата.

Еколошките здруженија и партии денеска, не се ништо друго туку обични рекетари и во исто време тешки лицемери. Од една страна драматизираат за некое природно живеалиште на некој си загрозен вид и се спремни да затворат фабрика во Европа заради тоа, додека е тотално во ред да го аутсорсираат загадувањето во земји од третиот свет. Јас не сум видел некој во Германија да протестира затоа што во Скопје е загаден воздухот на пример, па да им ги затвораат фабриките на нивните фабриканти кои го загадуваат воздухот тука. Или Скопје се наоѓа на друга планета? Да не зборам за злоупотреба на едно дете со посебни потреби, кое незнае да сврзе две реченици, ниту да одговори на едноставно прашање на новинари (Грета Тунберг), чисто од себични причини.

Самото ова раѓа сомнеж на здравиот разум.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Кога сите тие научници доаѓаат до исто откритие преку различни методи, тоа Бафра се вика научен консензус.
Да де, истото и ја тоа ти го кажав. Е сега дај сподели каде го виде тој научен консензус?
Јас споделив доказ, факти, врска анкетата, во која биле вклучени 10.000 научници, односно професионално што се занимаваат со дејности поврзани врска клима, геологија и слично. Од тие 10.000 само 75 потврдно одговориле дека човекот е виновен за глобалното затоплување.
Па затоа пак ќе те прашам, каде ти тоа гледаш научен консензус и до кога ќе бидеш ној?

Ти пратив линк од НАСА каде тврдат дека гасовите во атмосферата влијаат во заладувањето, ти тогаш премолче. Ти пратив видео со објаснување поддржано со закони од физиката како и колку доаѓа до задржување температурата, ти ништо не кажа врска тие процеси, поткрепени со закони од физиката, туку за ликот проба да кењаш.
За пред 2-3 дена да го напишеш истиот заклучок, врска ладењето, што е спротивно од целото твое досегашно тврдење, ама само заклучокот го вметна без да објасниш.

Самиот тврдиш колку биле корумпирани власта и научниците, но во период кога ги имаш најдебилните луѓе во власта, кога не се ни обидуваат да сокријат корупцијата, кога за лобирањето се трошат милијарди, ти ми велиш, верувајте во целиот тој систем. И ок ќе беше, доколку нивните научни поткрепени тврдења се реализираа. Арно ама еве 30 години поминаа и никако ниту едно да се оствари.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Проблемот со науката во денешницата е во догматизацијата. До вчера секој обид да се престави дека нивото на морето е драматично зголемено во последните 14К години беше исмевано. До вчера секој обид да се прикажат почетоците на цивилизацијата пред Сумерите беше ерес, се додека не се појави Гобекли Тепе, а сега уште едно наоѓалиште кое датира уште повеќе пред Гобекли Тепе. За дебилизмот на расната и родовата класификација на луѓето не ми се ни отвара уста. За историјата сме и самите сведоци колку политика има. Денеска се повеќе излегуваат реликти кои фрлаат сомнеж на тајмлајнот на еволуцијата на човекот (која BTW е сеуште на ниво на научна теорија, а се прикажува како непобитна вистина). Слично како и во политиката, така и во науката се вадат теории на заговор, попут рамна земја, сомнежот за освојување на месечината итн, кои имаат за цел да на девалвираат авагандарата на науката, која дефакто денеска е ставена во полза на политиката. Па така и оваа расправа која се води тука.

Глобалното затоплување е природен процес на земјата, тоа е дел од еден цикличен процес, кој многупати се повторувал во минатото на планетата. Во одредени периоди поради разноразни причини (вулкани, астроиди) тој процес е пореметен и се забележуваат подраматични промени, попут тунгуската експлозија која донела до глобално заладување пред стотина години, па сега затоплувањето (нормализацијата) го гледаме како неприроден процес. Факт е дека последните 2500 години (вклучително и индустриското доба) нивото на морето малтене мирува, а да речеме, пред 8000 години нивото на морето драматично се зголемувале и по неколку метри на век, можеби и повеќе. Што тогаш дорпинело до ваква драматична промена ако не постоела индустријата.

Еколошките здруженија и партии денеска, не се ништо друго туку обични рекетари и во исто време тешки лицемери. Од една страна драматизираат за некое природно живеалиште на некој си загрозен вид и се спремни да затворат фабрика во Европа заради тоа, додека е тотално во ред да го аутсорсираат загадувањето во земји од третиот свет. Јас не сум видел некој во Германија да протестира затоа што во Скопје е загаден воздухот на пример, па да им ги затвораат фабриките на нивните фабриканти кои го загадуваат воздухот тука. Или Скопје се наоѓа на друга планета? Да не зборам за злоупотреба на едно дете со посебни потреби, кое незнае да сврзе две реченици, ниту да одговори на едноставно прашање на новинари (Грета Тунберг), чисто од себични причини.

Самото ова раѓа сомнеж на здравиот разум.
До одреден степен тоа е точно.
Има една изрека од Макс Планк вика, науката напредува после секој погреб, (science advances one funeral at a time). Нова научна вистина не наоѓа многу одобрување меѓу старите научници. Уште помалку кај мнозинството. Тука може да се набројат и многу примери, каде научници дури биле и убивани заради некои откритија.
Да не зборуваме за политиката или бизнисот, особено пак нешто за кое истие бараат оправдувања во науката.
Се прават секакви манипулации. Илјадници интереси се испомешани, различни трудови се намерно погрешно интерпретирани, цели пропаганди се вложени за да се истисни некој дел од нешто во корист на друго.

Ќе го земам тука примерот со оловото. Нешто што е затворен случај. Докажано, документирано, исправено.
Накратко, околу Втора светска војна, компаниите биле во трка да ги подобрат перформансите на возилата. Додавање на олово во горивата, драстично го подобрувало согорувањето, драстично зголемувајќи ги перформансите. Се одело добро, но продуктите од согорувањето биле прилично штетни по здравјето (сега веќе докажано). Почнале да се прават истражувања за влијанието на оловото во горивата врз здравјето, но кога ќе се дојдело до некој заклучок што потврдувал дека тоа е штетно за здравјето, големите компании манипулирале со заклучоците, извртувајќи ги во своја корист.
Едно од тврдењата било дека оловото природно постои одсекогаш. И да, постои. Но за тек од 2-4 декади, емитирано е толкаво количество, што контаминирало скоро се. Немало предмет, место, река каде немало траги од олово. Нормално, тие што имале корист од ова, ја форсирале таа теорија, дека адиивот не е крив, туку дека тоа е природно. Требале деценија истражувања и уште толку кампања и убедувања за да се воведе забрана за истото.

Назад на глобалното затоплување.
Модели од 50тите години (па се наназад до почетокот на 20ти век) експериментално покажуваат дека зголемено ниво на јаглерод диоксид ќе има влијание врз климата. Идат 60тите и револуцијата во истражувањето на вселената. Се потврдуваат многу работи на глобално ниво истражувајќи ги ефектите од CO2 врз други светови. Веќе стигнуваат првите податоци глобално благодарение на развојот на сателитите, а и се прават првите прецизни предвидувања. Сето тоа во време кога нивоата на јаглерод се сеуште во почетна фаза на раст.

Научници умираат, идат следни генерации. Науката станува се подостапна, други земји се во можност да ги прават сите скапи истражувања. Полека се гради знаењето.
Од сите страни, во текот на децении истражувања станува се поизвесно и појасно дека човекот и тоа како влијае врз климата.

Ќе повторам, манипулации, пропаганди, корист од двете страни и слично придонесуваат за искривување на вистината. Крајните леви, или компаниите што гледаат корист од повеќе т.н. зелени технологии форсираат политики кои немаат никакво влијание врз намалување на ефектот на глобално затоплување. Дури цели влади се вклучени во тоа.
Од спротивната страна, милијарди се истурени во пропаганди за да се спречат другите во развојот на други технологии заради нивната штета врз нивниот бизнис.

Како што се случувало со примерот со оловото, така сега се случува и со глобалното затоплување, само многу помасовно и глобално, бидејќи во прашање се вклучени скоро сите аспекти од животот.

На крајот на денот, не мора да веруваш во ништо што е присутно на интернет.
Потсети се какви температури имаме последниве години во зима. Потсети се какви беа пред 15 години.
Какви лета имаме сега, какви пред 15 години.
Никој природен настан освен катаклизми не се способни за такви нагли промени. А и ги нема.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.045
Проблемот тебе ти е што гледаш во дрво но мислиш дека ја гледаш шумата. Не можеш бе од перспектива на пар децении да сведочиш за промена на клима. Прашање е дали тоа можеш да го направиш и од перспектива на повеќе човечки генерации... Последното мини ледено доба било активно до пред нецели два века а траело повеќе векови. Светската индустрија била на незначително ниво тогаш кога почнало затоплувањето - иако има и имбецилни тези дека човечката активност уште тогаш ја сменила климата.

На крај ние теоретски можеме секако да дискутираме и да размислуваме. И во ред е да постојат секакви мислења штом веќе докази нема за конклузивно да се заклучи дилемата... Но првиот момент кога некој со мислење како тебе но на позиција на власт, ќе искочи ќе ни каже дека треба да плаќаме даноци за да температурата да не порасне и да не да се удавиме, итно и масовно треба да се пристапи кон (метафорички) ќотек.
 
Ако досега не забележа, ќе видиш дека јас никаде не спомнувам даноци, политики, давења и слично.
Тоа е материјал на пропагандистите од двете страни. Ако ме читаш ќе видиш дека сум против голем дел од истите.
Јас зборувам за фактите. Истражувањата. Надвор од политиката.
Ти тргнуваш (како и секогаш) од политичко гледиште. И буквално според тоа одлучуваш што ти е "вистина", а што не. Не само на оваа тема.

Ако прочиташ наназад (оставив и линк, ај пак), ќе видиш дека е дискутурано и за природни процеси и за дрва и за шуми и за што знам не. Бескорисно е, да се повторуваме.

Уште повеќе да дискутираме дали глобалното затоплување е предизвикано од човекот или не.
Не мора мене да ми веруваш, не мора на Американците. Кинезите, што немаат допирна точка се на иста линија. Русите, чија официјална политика и одговара зголемувањето на температурите, тврди дека тоа е предизвикано од човекот.
Како и многу независни научни организации.
Смешно е да се дискутираат добро утврдени факти. Особено проверливи факти. Ако е од едукативен карактер, тогаш ок. Што е очигледно потребно тука.
Битно и корисно е да се дискутираат проблемите и политиките за решавање на проблемите.

Отпечатоците се all over the place. Буквално.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.045
Не, не... Јас не тргнувам од (мое) политичко гледиште.
Јас тргнувам од реалноста дека ова овде е (зло)употребувано за (гео)политички и интересни цели.

Ти си тој кој никако не разбера дека ова не се наметнува како научно туку како политичко прашање. Не разбирам зошто но ти би сакал ова да го изолираш како научна дилема. Но во реалноста сите нам ни наметнуваат даноци и ограничувања, односно тек ќе ни наметнуваат уште повеќе даноци и ограничувања. Не се работи за дискусија, туку за наметнување. Во ЕУ веќе почнаа да исфрлаат (наскоро и да забрануваат) користење возила на фосилни горива. Сето тоа нема ништо да смени за климатските промени (какви и да се). И сето тоа набрзо ќе следи и кај нас.
 
Затоа ќе треба некој друг да цитираш. Пишав погоре, против сум добар дел од политиките што ги воведуваат, вклучително и повеќето даноци.
Пишав дека и секоја криза се злоупотребува од двете страни.
Патем, во политиката се е злоупотребено.

Се тргнува од знаењето, фактите, вистината.
Не можеш да се бориш против таквите лоши политики со подеднакво спротивни лоши политики. А ако не ги знаеш фактите, само забегуваш полево или подесно во крајности.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.045
Чекај малку... Имаш од една страна естаблишмент што даночи и ограничува (слобода на движење). И имаш друга страна (сите ние) кои сме злоупотребувани. Како тоа двете страни „злоупотребуваат“?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Дами и господа, овогодинешниот талент на годината:

Од линкот, највисоки температури по земја:

Прегледај го приврзокот 194885

Прегледај го приврзокот 194886

Прегледај го приврзокот 194887

Прегледај го приврзокот 194888

Прегледај го приврзокот 194889

Прегледај го приврзокот 194890

Како што може да се забележи, над 70% од рекордно високите температури се забележани во 21виот век.

Не сум сигурен дали јас сум нормален што дискутирам со теле што само се негира, или телето што не знае што постира.[DOUBLEPOST=1533382436][/DOUBLEPOST]
За мене е корисно, ќе поднаучам нешто во пребарувањето. :)
Еден апдејт на постов од пред 5+ години.
Листата е апдејтирана со нови рекорди, голем дел од нив во 2023та година.

Најинтересното е што кај табелата со рекордно високи температури, 90% + од рекордите се направени во последните 10-15 години, а кај табелата со рекордно ниски температури, истите се на рандом години.
Рекорди на високи температури:
Рекорди на ниски температури:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.504
Поени од реакции
27.322
До одреден степен тоа е точно.
Има една изрека од Макс Планк вика, науката напредува после секој погреб, (science advances one funeral at a time). Нова научна вистина не наоѓа многу одобрување меѓу старите научници. Уште помалку кај мнозинството. Тука може да се набројат и многу примери, каде научници дури биле и убивани заради некои откритија.

Да не зборуваме за политиката или бизнисот, особено пак нешто за кое истие бараат оправдувања во науката.
Се прават секакви манипулации. Илјадници интереси се испомешани, различни трудови се намерно погрешно интерпретирани, цели пропаганди се вложени за да се истисни некој дел од нешто во корист на друго.
Денеска суетата е таа што науката ја претвара во инквизиција. Научниците се делат на политички подобни и политички неподобни. Па така не можеме да не зборуваме за политиката и бизнисот кога зборуваме за науката во денешницата. Тоа што беше за историјата дека ја пишуваат победниците, денеска важи за науката воопшто. Тоа е генерално и проблемот со општата свесност за науката. Сакале ние или неќеле, неможе обичниот човек да ја свати комплексноста на научните откритија, па така во социологијата научните придобивки во голема мера се гледаат преку призмата на личниот авторитет на научникот или установата, да не речам на чиста верба. И слично како и во политиката и бизнисот, маркетингот одредува што е вистина, а што не.

Ќе го земам тука примерот со оловото. Нешто што е затворен случај. Докажано, документирано, исправено.
Накратко, околу Втора светска војна, компаниите биле во трка да ги подобрат перформансите на возилата. Додавање на олово во горивата, драстично го подобрувало согорувањето, драстично зголемувајќи ги перформансите. Се одело добро, но продуктите од согорувањето биле прилично штетни по здравјето (сега веќе докажано). Почнале да се прават истражувања за влијанието на оловото во горивата врз здравјето, но кога ќе се дојдело до некој заклучок што потврдувал дека тоа е штетно за здравјето, големите компании манипулирале со заклучоците, извртувајќи ги во своја корист.
Едно од тврдењата било дека оловото природно постои одсекогаш. И да, постои. Но за тек од 2-4 декади, емитирано е толкаво количество, што контаминирало скоро се. Немало предмет, место, река каде немало траги од олово. Нормално, тие што имале корист од ова, ја форсирале таа теорија, дека адиивот не е крив, туку дека тоа е природно. Требале деценија истражувања и уште толку кампања и убедувања за да се воведе забрана за истото.
Примеров е баш добар пример за другата страна на паричката.

Назад на глобалното затоплување.
Модели од 50тите години (па се наназад до почетокот на 20ти век) експериментално покажуваат дека зголемено ниво на јаглерод диоксид ќе има влијание врз климата. Идат 60тите и револуцијата во истражувањето на вселената. Се потврдуваат многу работи на глобално ниво истражувајќи ги ефектите од CO2 врз други светови. Веќе стигнуваат првите податоци глобално благодарение на развојот на сателитите, а и се прават првите прецизни предвидувања. Сето тоа во време кога нивоата на јаглерод се сеуште во почетна фаза на раст.
Точно е дека јаглерод диоксидот има големо влијание врз затоплувањето, меѓутоа дали само човекот емитува CO2? Ајде да погледнеме во минатото и да видиме дали e зголемено емитувањето на CO2 во денешницата? Еве еден мал пример, во предколумбиска америка живееле околу 60 милиони бафала, денеска бројот е 500К. Во Африка еден куп диви говеда се десетукувани во периодот на индустријализација. Денеска пожарите се држат во контрола, пред цивилизацијата да биде толку напредна, пожарите излегувале од контрола многу често. Во историјата, имаме сведоштва за разни катаклизмички вулкански активности или астероиди, кои генерално имаат улога во успорувањето или убрзувањето на природниот процес. Порано немало пошумување, дрвата се користеле како единствен градежен и огревен материјал. Има една теорија дека почетокот на Сахара е еден мега пожар. Има сведочења на ширењето на Сахара уште од пред античко време, каде што многу градови и се проголтани од пустински песок. Понатаму иригационите системи на човекот, придонеле зеленилото да се прошири таму каде што иначе немало да порасне, пошумувањето (Македонија во антиката се претпоставува дека не е пошумена)... и така натаму.

Понатаму има теории за мини метеоролошки циклуси од 50-100 години. На пример во еден период во историјата, змискиот град во Преспа, не бил воопшто остров. Во времето пред Хеленизмот, се претпоставува дека Македонија воопшто не била пошумена. Во еден период од историјата, Охридското и Струшкото поле биле под вода, а Охридската тврдина де факто била остров, па така денеска на влезот на Охрид е населбата Чекоштина била место каде што ги врзувале чамците. Исто така и Китино Кале во Кичево било остров кога Турците ја освојувале Македонија. Течението на Вардар било под падините на Водно, а камениот мост бил у ствари на реката Лепенец. Овие промени се еден мал пример во поблиската историја, кога такви драматични промени се случиле кога воопшто немало индустрија. Вистина е дека некои промени се случиле од човекова рака, на пример течението на Вардар и Кичевското езеро, меѓутоа некои се случиле по сосема природен пат, на пример Преспанско и Охридско езеро.

Научници умираат, идат следни генерации. Науката станува се подостапна, други земји се во можност да ги прават сите скапи истражувања. Полека се гради знаењето.
Од сите страни, во текот на децении истражувања станува се поизвесно и појасно дека човекот и тоа како влијае врз климата.

Ќе повторам, манипулации, пропаганди, корист од двете страни и слично придонесуваат за искривување на вистината. Крајните леви, или компаниите што гледаат корист од повеќе т.н. зелени технологии форсираат политики кои немаат никакво влијание врз намалување на ефектот на глобално затоплување. Дури цели влади се вклучени во тоа.
Од спротивната страна, милијарди се истурени во пропаганди за да се спречат другите во развојот на други технологии заради нивната штета врз нивниот бизнис.

Како што се случувало со примерот со оловото, така сега се случува и со глобалното затоплување, само многу помасовно и глобално, бидејќи во прашање се вклучени скоро сите аспекти од животот.

На крајот на денот, не мора да веруваш во ништо што е присутно на интернет.
Потсети се какви температури имаме последниве години во зима. Потсети се какви беа пред 15 години.
Какви лета имаме сега, какви пред 15 години.
Никој природен настан освен катаклизми не се способни за такви нагли промени. А и ги нема.
Последни две пореметувања на природниот процес биле, мини леденото доба од средниот век, од 13 до 19 век https://en.wikipedia.org/wiki/Little_Ice_Age и вториот пример е тунгуската експлозија, која го има исто така пореметено процесот. Денешното затоплување што се случува доста веројатно е да е процес на стабилизација или враќање на нормала после овие 2 евенти.

Пак ќе повторам, загадувањето што го предизвикува човековата цивилизација, загрозувањето на екосистемите, јас не го спорам, многу пати сум кажал дека човекот е вирус на планетава, моето мислење е само дека генерално човекот многу малку има импакт во промена на климата во макро. Во микро, големите градови и местата каде што има преголемо население, е нормално да имаат промена на микроклимата, но генерално затоплувањето и топењето на мразот е нешто што неминовно се случува, без човекот драматично да влијае врз тоа, ниту пак тоа може да се забави со некаква активност на човекот (освен можеби нуклеарна војна).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom