- Член од
- 7 декември 2021
- Мислења
- 129
- Поени од реакции
- 1.962
ПризнавамПризнајте дека голем дел од групата ви е на приморје на работа и не мојте да се соберете да навивате, па да не испаднит постојме само против Охрид во второ коло...
ПризнавамПризнајте дека голем дел од групата ви е на приморје на работа и не мојте да се соберете да навивате, па да не испаднит постојме само против Охрид во второ коло...
штета што ке се расипе едно убаво езерско дерби,а дерби со само една навивачка група е срањеПризнајте дека голем дел од групата ви е на приморје на работа и не мојте да се соберете да навивате, па да не испаднит постојме само против Охрид во второ коло...
Факт е дека помалите групи неможат да го напрат истиот притисок како Комити, па и бојкотот на некој начин е притисок. Мое мислењеКлубот не се остава кога му е најтешко, али ваш избор.
Океј настрана пецкање и заебанции, баш бев загреан за летно дерби. Летниве утакмици за мене секогаш имале посебен шмек, особено во нашиов крај со езерово, шо нудит целодневни дружби и ултрас активности преку цел ден.
Прво, во соопштението се жалите дека клубот ви бил во лоша финансиска состојба и на раб на гасење. Од 91ва навака, кај шо имат тековно достапни информации за лигиве во сите спортој во Македонија, вас клубојте секогаш ви се на раб на гасење и слаби финансиски. И не само вас, туку то е една необјаслива појава шо се случвит со сите големи македонски градој во државава кај шо немат асален спортски колектив во стабилен финансиски и раководен континуитет. Гледате на еден Вардар и Пелистер шо им се дешават, особено Пелистер шо е станат јојо клуб од прва во втора лига последниве 10 години.
Во ред Комити даваат се од себе и водат борба да клубот опстои на стаклени нозе додека се најде спонзор, но не може да се споредуваме другите клубови со Вардар кој позади себе имат фан база од пола град кој бројт скоро милион жители.
Мојме да се навратиме во поновава спортска историја на нашиве градој. После фијаското шо му се случи на Охрид во прва лига во 2011, па клубот не само шо беше на раб на гасење, туку и згаси. Скоро 10 години немаше градски фудбалски клуб во Охрид. Истото ви се деси вас на ракометот, ко се пласиравте во Супер Лига тие години, и немавте пари да платите па Охрид влезе место вас. Примери имаме да се набројат до недоглед за сите градски спортски колективи во државава и не е нешто ново па преку вечер да и станит јасно на некоја група шо се случвит во државава и да прогласит бојкот.
Друго, некој ви ветувал дека клубот е стабилен. Кој е тој што ви давал ветувања и дали вие сте му него или нив должни, ако се остварат ветувањата да навивате или не. Вие како навивачка група сте тука за клубот, па за играчите кои го носат дресот. Ги заболе на управата или спонзорите дали ќе навивате вие, си терет тие нивна агенда. Секако на 70% од натпревариве на Карчо немат појќе од 100 души на стадион. Ако клубот е во незавидна позиција, тоа значит дека и играчите се засегнати и во моменти кога им требит највеќе вашата поддршка и надеж дека ќе се борите со нив за излез од кризата, вие ги оставате сами и решавате да ојте во бојкот.
Трета работа, факт е дека во Струга моментално немат никаква навивачка еуфорија, а то се осеќаше уште од ланската сезона, среќа имаше неколку дербина па ја прокрпаривте некако. Жално е да се испуштат вакви прилики за новите генерации, особено шо моментално втора лига е одлично поле за челичење и градење ултрас менталитет на нови генерации. Имат интересни домашни утакмици и интересни градој за гостовање кај шо имат можност да се сретнат две групи. На ракомет против кој ќе навивате, РК Скопје 2020 и Еурофарм 2?
Дербиво ви беше добра стартна точка да си ја мобилизирате групата и да отворите терен за активности шо би следеле во наредниов дел од есенскава сезона, ама вие си знајте како ќе си ја водите групата, ова е мое лично мислење и не морат да значит дека сум во право. Според мене многу грешен потег во многу погрешен момент.
Секако штета за дербито, имат многу странски членој на ултрас групи шо се по одмори и граунд хопери моментално по Охрид и Струга и ќе беше одлична можност да си го промовираме локалново дерби.
Па то ми беше коментарот, на кој начин помала група мислите дек мојт да се борит ? Освен со то да му објавит бојкот? Ке ги притисниме ке собериме пари од општини? Или донации од дијаспора ? Реалноста е таа...Според мене ова е размислување на човек со вистински ултрас менталитет. Не е секогаш секирата во мед, за секој клуб доаѓаат добри и лоши времиња. Наместо да застанете и да се борите и да покажете менталитет вие му вртите грб на клубот во најлошото. Секогаш сум имал доза почитување према Паткари поготово околу тоа што секогаш знаеле до каде им е прагот и важат за најкоректна група. Ама оваа одлука е апсурдна
Зависит од различни ситуации и фактори. Во конкретнава ситуација шо им менвит на управата дали ќе навивет 20 Паткари на стадион или не? Ама ќе им менит тие 20 души ако ги пцует и прозивет секоја утакмица и после утакмица да ги застанвет и да барет одговори за то шо ги засегат и нив и клубот. Покрај то может да ја добиет поддршкава и од обичнава публика шо на своја рака никогаш ништо не би превземала или во најмала рака да кренет свесност шо се дешават со клубов. Со фејсбук соопштенија кај шо нишо конкретно не е кажано, освен неаме пари и ојме во бојкот нишо немат да се постигнит, напротив само караванот ќе си врвит кучињата ќе лает, а шо се однесвит до управата уште појќе им одговарат зш ке си прает шо наумиле без никој да им ги преиспитат одлуките. На крај и ништо да не се постигнит барем како група ќе им е чиста совеста дека напрајле се шо било во рамки на нивни можности за да го спасет клубот.Па то ми беше коментарот, на кој начин помала група мислите дек мојт да се борит ? Освен со то да му објавит бојкот? Ке ги притисниме ке собериме пари од општини? Или донации од дијаспора ? Реалноста е таа...
За жал од ко пратам активно навивачка сцена во државава вакви настани се случиле со неколку групи неколку пати и секогаш завршило со лош епилог за групата. Се објавуват соопштение за бојкот и како ќе се работит понатаму за разврска на ситуацијата надвор од трибина и секогаш останвело на то и групите се гаселе, па после некој рандом период и друг сплет на околности да се вратат на трибина.@Shutmanga
Те поддржувам за размислувањево и во глобала ти е правилно, ама ниту ја знајте во целост ситуацијата во клубот, ниту знајте шо прајме и дали прајме нешто ама битно кажвите сите памет и вака требало онака требало.
Се надевам дека ти се најдобро намерни советиве, ама чим не сте запознаени во целост со ситуацијата не морате толку длабоко да пробвите да навлезите во дискусија.
Пренесен е ставот на групата за да не се чудите зошто не немат на фудбал.
А то како понатаму со ситуацијата шо ја имаме си останвит на нас и само ние знајме точно шо дешават и дали преземаме нешто конкретно околу то или само останвит на Бојкот.
А верви дека се работит на ситуацијата.
Прво, ниту групата е згасната, ниту е во план да се згаснит иако се влезе во Бојкот, да факт е дека групата во моментов не е баш во најубо светло ама е далеку е згасната и дека ке згаснит после ова.За жал од ко пратам активно навивачка сцена во државава вакви настани се случиле со неколку групи неколку пати и секогаш завршило со лош епилог за групата. Се објавуват соопштение за бојкот и како ќе се работит понатаму за разврска на ситуацијата надвор од трибина и секогаш останвело на то и групите се гаселе, па после некој рандом период и друг сплет на околности да се вратат на трибина.
Најискрено се надевам дека позадински работите на целава ситуација, ама од една страна знам дека не сте Комити и Струга не е Скопје, па да соберите донации и дека немате контакти со локални бизнисмени кој би можеле да ви помогнат. Ене ја струга на 15 минути од мене, точно знам шо се дешават и како се дешават во градот. Едино старата гарда со нивни контакти некако да мојт да му помогнит на клубот, ама според јас ова шо сум го видел од нив освен за сликање и себе промоција за ништо друго не ја користат групата. Да се работеше за албанска екипа сите сме свесни дека многу поразлична ќе беше ситуацијата и многу полесно ќе можеше да се реагират во однос на финансиско помагање на клубот.
Од друга страна знам дека не сте ни Гробари, па да ја истепате управата и со такви притисоци да влијајте врз клубот.
Распоредов излезе многу касно и наеднаш дојде дерби за 2 недели, па и на двеве групи не фати во незгоден момент. Факт е дека појќе од пола членство и кај нас и кај вас е со сезонски работи или по одмори сега и е многу потешко за организација.И за жал мене ова ми изгледат само како параван за прикривање на организациска немоќ, па да не испаднит се собравме некако за Охрид и после да немат по 10 луѓе на утакмица.
Во најмала рака подобро ќе беше да се појавите на првиве неколку утакмици, таму да ги искажите ставојте шо ги имате, да ја запознајте јавносва со проблемот и после ако не најте решение да стапите во бојкот и да превземате други мерки.
Не сакам ни јас да навлегвам во подетални дискусии, ваше е како ќе ја разрешите ситуацијава и најискрено се надевам дека работите на случајот ко шо пиша. Ама чим го споделвиш соопштениево на форум, а форумов е напраен за дискусија, не гледам зошто не би ја продлабочиле. Поубо да дискутираме за ова отколку да се препуцаваме ко ново печениве 15 годишни хулигани шо изникнаја на форумов.
Не му значит дал се ил не се, ама ке го повредит пцуење? Не би рекол. Плус 2 утакмици пцуеш третата не ни влегвиш. Јасно ко ден.Зависит од различни ситуации и фактори. Во конкретнава ситуација шо им менвит на управата дали ќе навивет 20 Паткари на стадион или не? Ама ќе им менит тие 20 души ако ги пцует и прозивет секоја утакмица и после утакмица да ги застанвет и да барет одговори за то шо ги засегат и нив и клубот. Покрај то может да ја добиет поддршкава и од обичнава публика шо на своја рака никогаш ништо не би превземала или во најмала рака да кренет свесност шо се дешават со клубов. Со фејсбук соопштенија кај шо нишо конкретно не е кажано, освен неаме пари и ојме во бојкот нишо немат да се постигнит, напротив само караванот ќе си врвит кучињата ќе лает, а шо се однесвит до управата уште појќе им одговарат зш ке си прает шо наумиле без никој да им ги преиспитат одлуките. На крај и ништо да не се постигнит барем како група ќе им е чиста совеста дека напрајле се шо било во рамки на нивни можности за да го спасет клубот.
фрлај во терен секоја утакмица по една бакља да видиш дали не им значит казна преку илјаду евра па да видиш како ке им значитНе му значит дал се ил не се, ама ке го повредит пцуење? Не би рекол. Плус 2 утакмици пцуеш третата не ни влегвиш. Јасно ко ден.
Голем хендикеп е тоа дека ќе нема гостински навивачи.А сите чекавме да дојде до тоа,ама тоа е кога се нема асален стадион со две трибини освен градски кој е во очајна состојба.Ден пред едно од поголемите дербиња а исто како да играат долно со горно коњари. Ниту некоја добра најава ниту некое пецкање, ај едните до некаде овие $ па се криат како педерчиња