Небанкарски финансиски друштва (брзи кредити)

  • Креатор на темата Креатор на темата joli1
  • Време на започнување Време на започнување
J

joli1

Гостин
Под терминот небанкарски финансиски друштва се подразбираат финансиските друштва кои иако нудат и даваат финансиски услуги, сепак оперираат надвор од доменот на банкарскиот сектор.

Само годинава се отворени десетици теми во врска со брзи кредити, па од причина што (можеби) имам работно искуство во вакви институции и друштва, како и тоа што (можеби) имам земано и вратено кредити кај вакви друштва, решив да отворам тема тука се со цел таквите постови и теми да ги централизираме во една тема кај што ќе можам користејќи го моето искуство да ве информирам и/или да ви помогнам во врска со вашите брзи кредити земени во финансиски друштва, како и тоа другите членови на форумов да споделат нивно мислење или искуство.

Од моја перспектива како некој кој што (можеби) има искуство во оваа индустрија, можам слободно да кажам дека 80-85% од клиентелата дефинитивно ми биле домаќини луѓе, луѓе кои што имале потреба од брз кредит за да завршат нешто, истиот уредно си го плаќаат и благодарни се што им е укажана можност да се ПОЗЕЈМАТ БЕЗ НИКОЈ ДА ЗНАЕ - а другиот мал процент се оние сумљиви типци кои на почеток не ги интересираат воопшто документите, туку само парите кои најчесто ги трошат на дегенерични пороци, за на крај да не плаќаат рати и да кукаат кога ќе стигнат казнените провизии, па ќе почнат да се расфрлаат со разноразни зборови од типот на лихвари, каматари кога фирмата ќе си проба да си ги врати средствата назад.

Она што мене ми било највознемирувачко на работното место беше апсолутната финансиска неписменост од страна на мнозинството возрасни луѓе кои никогаш не прават пресметки (ниту прашуваат) за тоа колку вкупно треба да вратат, како и комплетната неодговорност од страна на возрасни луѓе кои СВЕСНО одбиваат да плаќаат нешто за што писмено се договориле, па перманетно се заглавуваат за смешни пари.

Од друга страна, во прашање мора да се доведе и етиката на ваквите финансиски друштва кои се многу лабави при кредитирање и најчесто свесно ги заглавуваат луѓето со екстремни казнени провизии кои резултираат во долгогодишно финансиски ропство, нетранспарентноста во врска со провизиите при издавање на кредит кои се ПРОЦЕНТУАЛНИ од главницата (провизиите, не каматите се причината поради што брзите кредити се скапи), а во предвид мора да се земат и десетиците инциденти годинава каде што со туѓа лична карта биле издавани кредити.

Се со цел да се развие дискусија во темава:

- Какво е вашето мислење за небанкарските финансиски друштва?
- Сте земале ли брз кредит досега, какво е вашето искуство?
- Дали треба државата построго да го регулира овој сектор?
- Знаете ли некој кој што бил жртва на измама т.е без негово присуство бил издаден кредит на негово име?
 
какви кредиторите, такви и тие што ги земаат кредитите. Што се тиче мене, очи нека копаат. Само да се затегне малце законот, пошто често има злоупотреби со туѓи информации и некој одненадеж станал борчлија пошто некој му ја здиплил личната.
 
Затоа што се легални лопови, на 50к кредит треба да вратиш 70+. Затоа што се богатат на маката на сиромашните и најчесто оние кои немаат друг излез. Даваат кредити на шуто и сакато без никакви услови. Затоа што народот ни е неписмен и најчесто тие што бараат кредити се тие што се или со пороци или што не знаат колку е 10 + 10. Без разлика каква работа треба да завршиш овие брзи кредити никако не се решение. Ама затоа што финансиската писменост ни е никаква затоа и овие опстојуваат. Не дека банките се нешто поарни ама барем има подетални проверки и услови, така што не може секој да земе кредит.
 
не постои можност да се издаде кредит на трето лице кое што поседува нечија лична карта, без во истото да биде вмешан вработениот.

при секој инцидент од ваков калибар беа казнувани и финансиските друштва и вработените одговорни за истото, со казна затвор за вработените поради злоупотреба на лични податоци.

Затоа што се легални лопови, на 50к кредит треба да вратиш 70+. Затоа што се богатат на маката на сиромашните и најчесто оние кои немаат друг излез. Даваат кредити на шуто и сакато без никакви услови. Затоа што народот ни е неписмен и најчесто тие што бараат кредити се тие што се или со пороци или што не знаат колку е 10 + 10. Без разлика каква работа треба да завршиш овие брзи кредити никако не се решение. Ама затоа што финансиската писменост ни е никаква затоа и овие опстојуваат. Не дека банките се нешто поарни ама барем има подетални проверки и услови, така што не може секој да земе кредит.
не се легални лопови, туку легални лихвари, како што е и секоја банкарска институција.

на 12 месеци 80%, на 18 месеци 150%, на 24 месеци 250% од тоа што си го зел, отприлика толку се враќа по небанкарските финансиски друштва, се разбира во зависност и од услугите што ги бираш (дали ќе те исплатат кеш или преку банка, дали ќе чекаш со неделите да те процесираат или во истиот ден од кога е пуштена апликацијата, итн).

според мене, брз кредит се зема на една до три рати, се над тоа веќе е скапо.

има начин да се одбегнат провизиите кои што ги наплатуваат процентуално од главницата и на тој начин да се добие брз, но делумно евтин кредит, ама треба да се праша кога се зема, нели?

не би рекол, иако се стигматизирани, јас ти тврдам дека мнозинскиот дел од клиентелата се нормални луѓе кои што си подигнале минимален кредит од 200 евра за да платат регистрација на автомобил или да преживеат до плата, ама да, не негирам дека има и дегенерици, но не е фер сите што земале брз кредит да ги стаеш во ист кош.

ти можеш и со кредитна картичка од банка да се заглавиш, но тоа не значи дека услуга/производот е лош, туку дека си финансиски неписмен и неодговорен.
 
Лопов или лихвар ти е иста работа само друг речник.
И сето ти ова што го објаснуваш го знаеш затоа што си работел таму, дали навистина ти очекуваш човек што е дојден до дереџе да зима брз кредит гледа какви поволности нуди?

Мнозинството клиенти не може да се луѓе што зимаат 200 евра, ако е така ќе останевме на 1-2 вакви друштва, не за џабе никнуваат на секој чекор. Ако збориме за фер тогаш срамота е да се богатиш на туѓата мака.
А, коцкар или наркоман у банка тешко дека ќе земе кредитна картичка. И да ја земе подлежи на еден куп проверки, во вакво друштво која е проверката?
 
да, од таа причина и е отворена темава, што за дискусија и за размена на мислења, што за да помогнам и информирам луѓе.

без разлика во каква ситуација се наоѓаш, никого ништо не кошта да праша, да се заинтересира во било што во врска со кредитот, секој вработен законски е должен да објасни на клиентот се во врска со неговиот кредит и да одговори на било какво прашање поврзано со кредитот.

доколку не прашаш, не ги прочиташ договорите - тогаш ти си крив, не нудителот на услугата.

јас не ги правдам одредените неетички дејствувања на одредени финансиски друштва, дури и го нагласив тоа во почетниот пост, али живееме во капиталистичко општество каде што корпорациите се понашаат експлотирачки спрема народот затоа што Македонија е плодна почва за вакви работи, но тука државата треба да настапи и да го заштити населението или корисниците на тие услуги.

у време кога секое семејство е задолжено од кредитни картички и кредити по банки, сакаш да ми кажеш дека е многу тешко да подигнеш кредит или извадиш кредитна картичка? па сега кредитни картички даваат на скоро сите млади луѓе во тие пакети за млади по банките, кредит можеш да си дигнеш без воопшто во филијала да им се појавиш, преку е-банкинг.

при проверка во МКБ не им пишува дали си наркоман или коцкар, им ја покажува твојата кредитна историја и способност за враќање на парите (поточно примања, итн), не можеш ти да не кредитираш некого само затоа што ти претпоставуваш нешто во врска со него, а притоа истиот има солидна кредитна историја.

не сите небанкарски финансиски друштва имаат исти услови, некои тражат да си вработен, некои не (работаат со поголем ризик), како правно лице ти самиот можеш да си одлучуваш колкав ризик ќе сносиш, како и какви услови ќе бараш од потенцијалните клиенти.
 
Prvoto prasanje kje go preskoknam za sega.
Na vtoroto, ne sum zemal.

Treto, gledajki kolku temi se otvorija tuka i slusajki kolku mnogu "prodavnici za pari" se otvorija,
mora da ima postroga regulativa. Sepak ova e mnogu polesno da se kaze odkolku da se sprovedi,
regulacijata treba da bide i na firmata i na potencijalniot klient.

Cetvrto, sum slusal za vakvi prikazni, dali se tocni ili ne, ne znam.
Ako ova e tocno, ti da izdades kredit, bez razlika na sumata, bez da utvrdis identitet na lice,
ova treba da se tretira kako krivicno delo, i ostro da se kazni - da se odzeme licenca za rabota na vraboteniot
ili na firmata, ako stvarno go dozvolile toa. Vo civiliziran svet, nezamislivo e nekoj drug da gi ima site tvoi licni podatoci
i da moze da vrsi plakjanja / poracki na tvoj identitet.
 
Под терминот небанкарски финансиски друштва се подразбираат финансиските друштва кои иако нудат и даваат финансиски услуги, сепак оперираат надвор од доменот на банкарскиот сектор.

Само годинава се отворени десетици теми во врска со брзи кредити, па од причина што (можеби) имам работно искуство во вакви институции и друштва, како и тоа што (можеби) имам земано и вратено кредити кај вакви друштва, решив да отворам тема тука се со цел таквите постови и теми да ги централизираме во една тема кај што ќе можам користејќи го моето искуство да ве информирам и/или да ви помогнам во врска со вашите брзи кредити земени во финансиски друштва, како и тоа другите членови на форумов да споделат нивно мислење или искуство.

Од моја перспектива како некој кој што (можеби) има искуство во оваа индустрија, можам слободно да кажам дека 80-85% од клиентелата дефинитивно ми биле домаќини луѓе, луѓе кои што имале потреба од брз кредит за да завршат нешто, истиот уредно си го плаќаат и благодарни се што им е укажана можност да се ПОЗЕЈМАТ БЕЗ НИКОЈ ДА ЗНАЕ - а другиот мал процент се оние сумљиви типци кои на почеток не ги интересираат воопшто документите, туку само парите кои најчесто ги трошат на дегенерични пороци, за на крај да не плаќаат рати и да кукаат кога ќе стигнат казнените провизии, па ќе почнат да се расфрлаат со разноразни зборови од типот на лихвари, каматари кога фирмата ќе си проба да си ги врати средствата назад.

Она што мене ми било највознемирувачко на работното место беше апсолутната финансиска неписменост од страна на мнозинството возрасни луѓе кои никогаш не прават пресметки (ниту прашуваат) за тоа колку вкупно треба да вратат, како и комплетната неодговорност од страна на возрасни луѓе кои СВЕСНО одбиваат да плаќаат нешто за што писмено се договориле, па перманетно се заглавуваат за смешни пари.

Од друга страна, во прашање мора да се доведе и етиката на ваквите финансиски друштва кои се многу лабави при кредитирање и најчесто свесно ги заглавуваат луѓето со екстремни казнени провизии кои резултираат во долгогодишно финансиски ропство, нетранспарентноста во врска со провизиите при издавање на кредит кои се ПРОЦЕНТУАЛНИ од главницата (провизиите, не каматите се причината поради што брзите кредити се скапи), а во предвид мора да се земат и десетиците инциденти годинава каде што со туѓа лична карта биле издавани кредити.

Се со цел да се развие дискусија во темава:

- Какво е вашето мислење за небанкарските финансиски друштва?
- Сте земале ли брз кредит досега, какво е вашето искуство?
- Дали треба државата построго да го регулира овој сектор?
- Знаете ли некој кој што бил жртва на измама т.е без негово присуство бил издаден кредит на негово име?
Овие ти се „легализација на лихварите“.
Јас сум против за постоење на вакви институции, небанкарски оправдувам само од аспект на трансфер на пари и провизии на истите.

Кредити и слични глупости само во банка.
 
Ова ти е еден од многуте примери што се случува околу државава, ми клаваат емиции голи луѓе кај шо скитаат, кладилници казина и вакви друштва блиску до овие казина, од психолошки аспект прекрасно изведено.

На големо се троши дијазепам итн.

Ова држава ти е одличен пример како не треба да биди една ЗДРАВА држава.
 
Јас сум сепак да се затворат сите “не банкарски” финансиски друштва! Иако кај нас банките се всушност најголемите легални лихвари, и треба измени во законската регулатива да ги заузда малку или повеќе! Но тоа е веќе друга тема..

А за сметка на брзи кредити или продавници на пари(како што еуфемично ги нарекуваат), треба да постојат заложувачници, кај кои буквално глава за глава оставаш предмет, го заложуваш, и земаш пари кои по враќањето ти го ослободуваат и предметот на залог!
Почисто и попоштено од ова нема…

Е сега и таму се зависи од законските регулативи и како се спроведуваат. Ако остане распашана команда како и сега, џабе е се!
А стојам на тоа дека банките прво треба да се земат на одговорност! Поголеми лопови нема од нив!!
 
90% од каурите што глават тука, глават за да го живеат тоа што го гледаат на инстаграм.
За комар, за свадби, за поубава количка и Неа Мудања не жалам никој, таквите и треба да си бидат стрижени и ебени.
 
Фактот дека се отвараат на секој чекор јасно говори се.Ваквите финансиски друштва буквално ја користат глупавоста на овој народ,знаат дека народот тука две чисти нема за математика,порочен е и импулсивен во трошење.
Некој многу добро ја искористил приликата.

А за злоупотреба на податоци точно е овоа,во последно време секој ден има по порталиве и тек-тук по вести.
Еден куп кривични пријави издаде МВР за вакви измами.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom