J
joli1
Гостин
Под терминот небанкарски финансиски друштва се подразбираат финансиските друштва кои иако нудат и даваат финансиски услуги, сепак оперираат надвор од доменот на банкарскиот сектор.
Само годинава се отворени десетици теми во врска со брзи кредити, па од причина што (можеби) имам работно искуство во вакви институции и друштва, како и тоа што (можеби) имам земано и вратено кредити кај вакви друштва, решив да отворам тема тука се со цел таквите постови и теми да ги централизираме во една тема кај што ќе можам користејќи го моето искуство да ве информирам и/или да ви помогнам во врска со вашите брзи кредити земени во финансиски друштва, како и тоа другите членови на форумов да споделат нивно мислење или искуство.
Од моја перспектива како некој кој што (можеби) има искуство во оваа индустрија, можам слободно да кажам дека 80-85% од клиентелата дефинитивно ми биле домаќини луѓе, луѓе кои што имале потреба од брз кредит за да завршат нешто, истиот уредно си го плаќаат и благодарни се што им е укажана можност да се ПОЗЕЈМАТ БЕЗ НИКОЈ ДА ЗНАЕ - а другиот мал процент се оние сумљиви типци кои на почеток не ги интересираат воопшто документите, туку само парите кои најчесто ги трошат на дегенерични пороци, за на крај да не плаќаат рати и да кукаат кога ќе стигнат казнените провизии, па ќе почнат да се расфрлаат со разноразни зборови од типот на лихвари, каматари кога фирмата ќе си проба да си ги врати средствата назад.
Она што мене ми било највознемирувачко на работното место беше апсолутната финансиска неписменост од страна на мнозинството возрасни луѓе кои никогаш не прават пресметки (ниту прашуваат) за тоа колку вкупно треба да вратат, како и комплетната неодговорност од страна на возрасни луѓе кои СВЕСНО одбиваат да плаќаат нешто за што писмено се договориле, па перманетно се заглавуваат за смешни пари.
Од друга страна, во прашање мора да се доведе и етиката на ваквите финансиски друштва кои се многу лабави при кредитирање и најчесто свесно ги заглавуваат луѓето со екстремни казнени провизии кои резултираат во долгогодишно финансиски ропство, нетранспарентноста во врска со провизиите при издавање на кредит кои се ПРОЦЕНТУАЛНИ од главницата (провизиите, не каматите се причината поради што брзите кредити се скапи), а во предвид мора да се земат и десетиците инциденти годинава каде што со туѓа лична карта биле издавани кредити.
Се со цел да се развие дискусија во темава:
- Какво е вашето мислење за небанкарските финансиски друштва?
- Сте земале ли брз кредит досега, какво е вашето искуство?
- Дали треба државата построго да го регулира овој сектор?
- Знаете ли некој кој што бил жртва на измама т.е без негово присуство бил издаден кредит на негово име?