Рибари имаат голем напредок. Пред се, докажаа дека не се група која постои само за дерби. Во однос на бројката, кога ќе се земе самиот град, ниската ултрас традиција и титулите, односно успесите на клубовите (фк и рк) кои се прелоши и со самото тоа повеќе демотивираат отколку што мотивираат, сепак, групата и во тие услови, успеа да го изгради најважното - стандардното јадро кое без разлика на се присуствува и бодри. Се гледа дека во секој аспект атакуваат кон подобро. Со бројот на гостувања мислам дека се одма после Комити или тука негде, што докажува исто така високо ниво на посветеност. Естетски, според мене имаат најголем проблем во однос на кореографии и изглед на ограда. Се е тоа уште на јуриш и уште е потребна работа. Тоа "Рибари" главното знаме ми е искрено ужасно. На бело платно, лупнато само името..но, од друга страна сигурно е меѓу првите направено и си има одредена емотивна важност. Што е за почит. Ова "Охридска флота" е далеку подобро. Одлично беше последното гостување во Струга. Тоа дали личело на нешто или, не го оспорува трудот и реализацијата на акцијата која изгледаше топ. Да не бидеме како Македонецон 110%, што си блада тука и на сите комитски акции/кореа брка вештерки, и ништо што не е битолско не му чини. Дојде и првиот посериозен инцидент, што ја става издрживоста на групата на тест. Ќе видиме доколку продолжи ваквата пракса и однос со Полицијата, колку групата ќе има сили да издржи. Тоа секако е важен сегмент!
Според мене, јасно треба да се каже дека Рибари веќе се тука негде и заедно со Лозари се на делба на второто место, кога збориме за Мактифо сцената. Со тоа што, Лозари се во некоја пат ситуација. Очигледно фудбалот не пали и не носи луѓе, па се ориентираа на ракомет, каде што увидоа дека постои реална можност за дуел. Но, како оди времето, се испоставува дека одлуката била грешка. Од една страна, го уморува и така малото членство, бидејќи не е лесно да се оди 2-3 пати неделно на натпревар и да се одржува континуитет, а од друга страна освен Чкембари и евентуално Рибари, немаат можност за дуел, зошто Тиквеш тешко дека изборува пласман, а со самото тоа и нема некоја посебна еуфорија..Ќе видиме. Може ќе се променат работите околу финансиите во клубот, па ќе се отвори шанса за добри изданија и на Лозари.
Паткари се исто така во своевиден подем. Има оваа група едуцирани дечки, кои, јеби га, функционираат врз база на тоа што го имаат. Изгледот на оградата е супер, бројката е таа..не можат против иселувањето да се борат

Во секој случај сосема позитивна приказна тераат и дај боже да напредуваат што повеќе. Дербито со Охрид докажа дека имаат потенцијал!