Лебна криза и контрола на цените

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Само се надевам дека носиш ракавици :unsure:
Ами нормално морам да носам ракавици, кај може било кој варениот геврек да го става со голи раце... Сега да не се правиме јунаци...

А и освен ракавици мора да се користат крпи са фаќање. Ами плеховите/тепсиите што се печат на температура од 260 степени не ќе ги фаќа некој со голи раце...

Сега кој работел во пекара долги години може тоа да го разбере.

Затоа не прашувај гаталец туку паталец...
 
Мора да расте профитот за да има конкуренција и да има понуда и да престаната толку брзо да растат цените. Парафраза од Дас Капитал К.Маркс.
Тоа е така, меѓутоа има одреден delay додека да се приспособи маркетот и тука е должност на државата да интервенира.
 
...како тоа ,,нема леб" , леб има колку сакате и разноврстен, нема од ,,евтиниот" -народен леб од максимум 33 ден.
Затоа има голем профит бидејќи секира виси ако нема нема да има ни голем профит.
ооооо, кој приватен бизнис нема профит, пекарска индустрија не е хуманитарна организација, па ќе прави народен леб испод цена на трошок, другите фирми немаат профит?
...ама овде има нешто матно, да се уништи домашното производство, пекарска индустрија да се откаже од нашето брашно т.е пченица оти не може да ја постигне цената која е ,,смрзната,, и да се увезува ,,туѓа,, пченица и нема да ме изненади да биде баш украинската со најниска цена.
...шест држави во ЕУ го изгубија пазарот на житото, производство на сопствено жито поради украинското, не знам зошто не сте во тек и сте само со локални манипулации демек ,,цена на леб,, ...гледајте малку пошироко и глобално што се прави.
...а каде е тука графата на РАСХОД? не може така само што ни одговара да се прикаже!
вие стварно мислите дека Косово ќе го превзема бизнисот со леб тука? :icon_lol:
...ако му е од украинско жито, сигурно ќе носи, ако на нашиве не им успеат, кај да е јас нема да јадам леб веќе ако не е наше производство од наше брашно и пченица.
 
Последно уредено:
Фармација милиони направи, банките милиони направија, ЕСМ, ЕВН милиони направија, нормално тие милиони се земени од народот, државата со антиковид мерките сјеба дел од приватните бизниси, ама пекарите биле лошите.

Историски никогаш немало позитивен ефект мешањето на државата со замрзнување на цени. Ако од жито лукс цената на лебот е повисока, народ ќе си купува од помалите пекари и баш на тој начин ем помалите пекари ќе имаат повеќе работа, поголем профит, ќе вработат нови работници, ќе почнат да растат, тоа е здрава конкуренција и ете позитивни ефекти.
Ама народ сака социјализам / комунизам, државата за него да мисли, народ да не се чувствува одговорен за било што, па затоа народ ќе си остане со гол газ.
 
Ами нормално морам да носам ракавици, кај може било кој варениот геврек да го става со голи раце... Сега да не се правиме јунаци...

А и освен ракавици мора да се користат крпи са фаќање. Ами плеховите/тепсиите што се печат на температура од 260 степени не ќе ги фаќа некој со голи раце...

Сега кој работел во пекара долги години може тоа да го разбере.

Затоа не прашувај гаталец туку паталец...
Не ме сфати, не е за херој туку за пукнатините од твојот пост, ако сеуште ги имаш.
dscn4510.jpg
 
Не ме сфати, не е за херој туку за пукнатините од твојот пост, ако сеуште ги имаш.

Сега веќе ги немам. Само на почетокот кога почнав да работам како пекар.

Инаку уште некое време да ги имав веднаш самиот ќе ја баталев работата како пекар...
 
Јас би рекол многу едноставно е. Дали им веруваме/те на џаболебариве во влада да сработат било што? Во идеален случај би имале устав кој забранува на владата да се меша во економијата.

Она што и треба на Македонија, а и на било која држава се суштински промени, а не лепење фластери.

Државата треба да се фокусира на владеење на правото, собирање даноци и внатрешна и надворешна сигурност.

Треба да се укинат сите привилегии од службени патувања, возила, ручеци итн па се до било какви субвенции и помош за стопанството.
Треба да се отпуштат околу 70% од админстрацијата и да се платат подобро тие што се останати.
Треба да се вработат луѓе таму кај што треба наместо кај што се спие и не се работи ништо.(За жал тука треба и да имаш работоспособен кадар)

П.С. Ова е веќе кажано за жал практично неизводливо.
 
...најлонската кеса со САМО 15 ден, не е проблем, ама лебот не смее повеќе од 30 ден,

kesi.jpg

туку каде се НАШИТЕ пари за дадени најлонски кеси во име на ,,екологијата"?
,,...Државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра од парите што трговците ги уплатувале изминативе два месеци од продажбата на пластичните кеси по 15 денари. Оваа мерка стапи на сила од 1 декември 2021 година...,,

...до денес колку пари се собрани? каде се? појела маца, важно ,,пекарите се богателе со 5 ден ,,а Власта што се богати БЕЗ ТРУД за разлика од пекарите, нормално е! :pos:
 
До каде стигнаа со комунизмот, командната економија и со уништување на конкурентноста?

Ќе имаше елементарна економска логика да имаа некоја највисока цена, и тоа формирана од регулаторно тело, па да пробаа да ја поттикнат конкурентноста на овие компании кои се борат на овој мал пазар со хомоген, дали само по вид или и по состав, производ. Алтернативната мерка ќе беше субвенционирање на лебот, какво што има во ЕУ.

Конкурентноста беше убиена и кога дел од производителите, за извесен процент ги намалија цените при субвенционираната струја, а други не, и сега сите се соочуваат со замрзнати цени на конкретни производи и наметнати маржи за производство.

Мерките им се закаснети, непопуларни (луѓето сакаат поголеми намалувања, а сами се бореа за економската стагнација при Ковид пандемијата, која резултираше со инфлација, тука нема задоволни страни) и не се во координација со пазарната економија.
 
Гледам воведуваат и на други производи. Ќе јадеме најотровно ѓубре, ќе фали по продавнци и на крај на црно ќе се продава за пазарна цена. За отпуштања и намалувања на плати да не зборам.
 
Гледам воведуваат и на други производи. Ќе јадеме најотровно ѓубре, ќе фали по продавнци и на крај на црно ќе се продава за пазарна цена. За отпуштања и намалувања на плати да не зборам.
Чајре?
 
Нека растат цени и помалку да купуваме. За жал мора да ни падне животниот стандард тоа е економска закономерност од која не се бега. Вака ќе се отруме. Контрола на цени е полоша од инфлација.
 
Нека растат цени и помалку да купуваме. За жал мора да ни падне животниот стандард тоа е економска закономерност од која не се бега. Вака ќе се отруме. Контрола на цени е полоша од инфлација.
Оди кажи им на пензионерите со 12.000 помалку да купуваат....

Реално ја да сум пензионер би формирал една група на истомисленици и би почнал прво од вакви форум бациња како Стевчо наш, па после твитераши.....тепање до помочување...крв......па после нагоре по општесвениот гној и на крајот шлагот политичарите.....

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom