Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Четворица згрешија за овој гол. Ентони каде неговиот бек/играч даде пас, Дало надвор од позиција, Фред на кого му изгбега играчот зад грб, и на крај, Варан, кој му дозволи да влезе на десна нога и да се намести на шут. Шокатна одбрана, целиот меч. Уште не можам да се начудам на Шо, каква лоша партија изигра. Ако не бил целосно фит, не го играј, и крај.

Ако има нешто добро е што идат навидум полесни мечеви, и тоа против Бетис и мртвиот Саутемптон, и двата дома, па може да се вратат во победнички ритам.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Некој да ми кажеше дека денес ќе загубиме 7-0 ќе му кажев да иде да се провери на лекар, но по денешната хорор претстава и 10-0 да завршеше малце ќе беше. Гледам тука има фанови кои се на иста бранова должина со доста играчи на Манчестер Јунајтед, дека ова се случува и не било страшно. Е ради таквото размислување се доведоа денес да примат 7 гола, зашто после вториот веќе и не им се ни играше, а не дека нешто играа воопшто. Или си професионалец и ќе играш до крај или чао пријатно од клубот без разлика на имиња кои мислат дека го фатиле господ за муда и дека се нешто добри. Дечки пораз од најлутиот ривал, односно вакво демолирање е недозволиво, треба да се разбере дека ова е нешто посвето од било кој трофеј. Или играш со желба да го премлатиш Пул, или завршуваш како што заврши ова денес. Очај, мизерија, дно, аматеризам, идиотизам, итн.
Денес не може да се посочуваат поединци, иако одредени заслужија, сепак на крај 11 фудбалери на терен имавме и никој не се залагаше за буквално ништо.
Кошмар кој боли и тоа многу !!!!
 
Член од
28 октомври 2007
Мислења
766
Поени од реакции
255
Со Бетис нема да биде лесна утакмица, поготово не после ова денес.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Со Бетис нема да биде лесна утакмица, поготово не после ова денес.
Aко продолжат како денес, цела сезона ке ја закомплицираат. Мора 9-ка да се купи на лето, колку сака нека чини. Вегхорст е ок против Вест Хем и остала клапа на екипи, ама против посаглам тимови, и те како испливува целиот недостаток негов, па уште и на 10-ка ставен, каде најмногу треба креација, брзина и пас игра.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
И нека си ја чукнат малце главата, нека преплаќаат, нека нудат и 20 милиони годишна плата ако треба, ама нека носат салам шпиц на лето. Не можи бе од 4 чисти шанси една да не убодиш во гол, едноставно не можи. 0-4 беа шутевите во рамки на гол до 40 минута и тоа беа сите добри шанси. На другата страна ни покажаа како се решава тоа, после првите 5 шута во гол на Ливерпул резултатот беше 5-0. Толку.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
220
Поени од реакции
331
И нека си ја чукнат малце главата, нека преплаќаат, нека нудат и 20 милиони годишна плата ако треба, ама нека носат салам шпиц на лето. Не можи бе од 4 чисти шанси една да не убодиш во гол, едноставно не можи. 0-4 беа шутевите во рамки на гол до 40 минута и тоа беа сите добри шанси. На другата страна ни покажаа како се решава тоа, после првите 5 шута во гол на Ливерпул резултатот беше 5-0. Толку.
Па ни покажаа нормално, зашто на едната страна го имаш Салах десно, со 2 гола и 2 асиста, а другата страна знаеме сите кого имаме
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Те молам просветли ме како заклучи дека Антони има шут? Па тоа што он го шутира се тренинг топки, нит прецизност има нит силина во ударот
Па кога ќе размислам у право си, пишано беше у смисла ако треба да се издвои нешто кај него.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Може ако сака и со петлиња да ги прати да тренираат, тие битно исркаа 7 парчиња од најслабиот Ливерпул во последните 6-7 години.
Тоа стои, ама добро е да им биде како последна опомена. Сите беа сведоци дека Тен Хаг нема риспект кон никого, така да мислам дека ќе си го сфатат крајно озбилно ова.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
По интернет го реметат Бруно, како само дојде ред он да е крив од сите други.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
По интернет го реметат Бруно, како само дојде ред он да е крив од сите други.
Нормално дека ќе му дојде ред кога наместо како капитен да даде пример на другите, да ги мотивира тој се понаша како мало дете. Ете читам можно е да јаде и казна што го турна шомошниот судија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom