Како член и надворешен соработник на одредена германска асоцијација за сајбер безбедност, изминатиов период извршивме едно темелно истражување во однос на младите и употребата тоест злоупотребата на оналјн веб аудио/видео сервиси.
Поточно станува збор за бесплатни небезбедни и недоволно односно воопшто немониторирани веб сервиси кои овозможуваат аудио/видео протокол каде што можат да учествуваат и повеќе корисници одеднаш, поточно една врста на видео конференциски сервиси.
Правилната употреба на овие сервиси е јасна, видео состаноци и слично, со што особено е зголемен нивниот број по започнувањето на пандемијата поради работа/образование/дружење од дома и слично.
Но тука пристигнува и нивната масовна злоупотреба. Резултатите до кои дојдовме се алармантно загрижувачки. Претежно станува збор за злоупотреба на овие сервиси од сексуален карактер, каде постои и она најгадното што не смее да го има на овој свет поточно педофилијата.
Трагично е што голем дел од најупотребуваните сервиси за тие цели не подлежат на мониторинг односно не се зачувуваат никакви лог листи на корисниците кои учествувале во конверзацијата, со што би можело да се реагираа на соодветен правен начин.
Додека од оние веб сервиси кои зачувуваат одреден лог, на коишто и можевме да вршиме анализа со ИП на корисници, скриншотови, чет логови, итн. останавме запрепастени.
Во Германија општо имаме проблем со младите и нивната повторна социјализација особено во 2022-ра година и денес, што не е различно и во другите држави ширум светот.
Едноставно пандемијата промени многу работи од социјален карактер, кои за жал тогаш беа неопходни особено со тогашните Корона мутации и бројот на заразени. Сега во овој пост-корона период работите кај младите генерации се драстично изменети, социјалниот живот не им се одвива како порано и лесно потпаѓаат на било каков тип на нивна сајбер злоупотреба.
Се подразбира кај нас во Германија ќе се постапи правилно, односно ќе се блокира пристапот до немониторираните сервиси од овој карактер на државно ниво, поточно пристапот со германска ИП ќе биде оневозможен во најкраток можен рок, додека пак младите не се во можност да закупат и употребуваат ВПН како би пристапиле од странска ИП адреса, со што ние овдека ќе го решиме овој голем проблем.
За жал тоа нема да биде случај во многу други ЕУ држави, како и Балкан.
Во гео-статистиката на кориснички ИП адреси забележавме дека се активни корисници од целиот свет. Да, на овие веб-сервиси има корисници и од Македонија.
Поентата ми е една и само една.
Водете сметка многу повеќе отколку порано што прават вашите деца на интеренет. Сите знаете дека постојат огромен број на опции за нивна заштита. Применете некоја од опциите. Не сте ни свесни што видов со свои очи, буквално ми се згади.
Водете сметка, вие сте тие што треба да имате контрола каде пристапуваат вашите деца онлајн.
Познатите социјални апликации како фејсбук, инстаграм, снапчат итн. подлежат под контрола, не целосна но да речеме доволна. Но солиден дел од веб сервисите од ваков карактер, за жал се друга приказна.
Водете сметка и времено заштитете си ги вашите најмили.