Јас еве многу би сакал фосилните горива некако магично да ги снема, да станат надминати како потреба... Но што ќе ги замени?
Нуклеарна енергија од фисија се надевам нема да спориме дека не е одговор. Обновливите извори се недоверливи затоа што не се достапни постојано а складирањето на енергијата е скапо и неисплатливо. Фузија е сеуште далеку, еве пред некоја недела се израдував дека овојпат е навистина најава за брејктру ама испадна дека и овојпат е само уште една најава дека напредокот е блиску. Ќе било за едно „10-ина година“ (по не знам кој пат). И нормално дека е споро, кога 95% од ресурсите одат на војни и обезбедување елитата/олигархијата да останат на врвот од хиерархијата.
Да, ама колку чини самото ауто и колку (векови) користење ќе треба за да „заштедиш“ со штедењето?
Субвенциите кој ги плаќа за поевтино да го купиш возилото, од кај се тие пари? Електричната енергија за возење, од чии пари се плаќа за да ти биде без платно и од што извор доаѓа? РЕК Битола е чист извор на енергија?
Итн, итн. Нема ни да почнувам за литумската технологија и слабостите. Дека банален судар може да значи дека ќе изгориш за помалку од 10 секунди. Дека батериите после х години треба да се заменат а чинат колку добар дел од автомобилот. Дека дометот за возење е таков да возење надвор од град е глупав потфат, а полнењата потоа се долги и мораш да чекаш за да продолжиш да патуваш (ако најдеш каде да ги наполниш батериите).
Да супер е ако лапнеш субвенција и/или ако начекаш поволно и сочувано ауто на старо, па да го користиш како за низ град и за до работа. Ама и тоа подобро е да е хибрид а не чисто електирично ауто. Да можеш и надвор од град да искочиш без да влечеш дизел генератор во багажник... Како сиротине „еколози“ лани во Шкотска на конвенција за екологија и климатски промени десетина Тесли сите ги полнеле на дизел генератори. Или олигарсине во Давос сите со стотици приватни авиони и лимузини ќе ни прават филмови да се откажуваме од возила на бензин/дизел. Циркуз. Целата работа во моментов е една голема фарса. Дотолку да смешен е муабетов.
Можеби во иднина кога ќе развијат подобра батериска технологија. И евентуално почисти (а доверливи) извори на енергија (фузија). Ова сега е терање агенди.
Евентуално користењето на фосилни горива ќе прекине, вака или онака.
Но да, нема да ги снема и ќе продолжат да се користат долго, неспорно. Јагленот можеби ќе го снема, но природниот гас и тоа како ќе остане во употреба. И тоа е во ред донекаде.
Нуклеарната фисија си има свои опасности, што мислам дека особено новите реактори барем ги надминуваат, но инвестицијата за нуклеарна централа е огромна и и треба повеќе време за да се исплати отколку да речиме таа на природен гас. Оттука и повеќето централи на природен гас.
Нуклеарната фузија е како хиперсоничната технологија - секогаш реалност во наредните десет години.
На крајот, се се сведува на тоа што е економски исплатливо. За колку време и колку ќе станеш профитабилен. Ако тоа е централа на нуклеарен погон, тогаш ќе гледаме повеќе такви. Ако тоа се соларни централи, ќе има повеќе такви. Со напредокот на технологијата, соларните централи веќе одамна и со голема разлика ги победуваат сите останати, но проблемот е што не се достапни секогаш и не можат да бидат скалирани кога има потреба. Затоа како надополнување се користат централи на природен гас. Кога има повеќе потреба од енергија, само се врти вентилот и се зголемува производството.
Решение би било складирањето на енергија, но тоа е прескапо со моменталната технологија, иако истата многу брзо се подобрува и би станала се пошироко употреблива во иднина.
Друго ефективно решение, технологија што постои би била нуклеарната енергија. Бара само долгорочно инвестирање и толку. Доколку постои политичка волја, многу лесно може да стани реалност и со еден удар да се решат два проблеми. Нема емисии на јаглерод диоксид, нема криза во снабдување. Ќе имаат и многу поголема контрола над тоа од каде доаѓаат енергенсите (сепак и ураниумот треба да дојде од некаде).
Да, ама колку чини самото ауто и колку (векови) користење ќе треба за да „заштедиш“ со штедењето?
Субвенциите кој ги плаќа за поевтино да го купиш возилото, од кај се тие пари? Електричната енергија за возење, од чии пари се плаќа за да ти биде без платно и од што извор доаѓа? РЕК Битола е чист извор на енергија?
Не е РЕК чист извор на енергија, но барем загадувањето се преместува од населено место во ненаселено доколку сите би возеле на струја. Зошто да дишеш сулфурни, азотни оксиди, кога може да имаш постојано чист воздух?
Настрана фактот што моторите на внатрешно согорување се крајно неефикасни. Со истата енергија од еден автомобил на бензин може да напојуваш и движиш најмалку две електрични возила.
Електричните возила се со иста или слична цена како и фосилните во истата класа.
За субвенции да не зборуваме, бидејќи убедлив шампион тука е нафтената индустрија, но тоа е друга тема.
Итн, итн. Нема ни да почнувам за литумската технологија и слабостите. Дека банален судар може да значи дека ќе изгориш за помалку од 10 секунди. Дека батериите после х години треба да се заменат а чинат колку добар дел од автомобилот. Дека дометот за возење е таков да возење надвор од град е глупав потфат, а полнењата потоа се долги и мораш да чекаш за да продолжиш да патуваш (ако најдеш каде да ги наполниш батериите).
Ако читаш пропаганда на нафтеното лоби, да.
Реалноста е сосем поинаква.
Електричните возила се далеку побезбедни од останативе. Далеку помалку веројатно да се запалат од останатите. Побарај статистика, ќе се увериш.
Полначи, барем на запад имаш насекаде. Почнувајќи од каде живееш, па по ресторани, трговски, улици и сл. Буквално секаде.
Доколку одиш на подолго патување, има полначи кои полнат за 20тина минути. Се е покриено.
Не за џабе секоја година расти продажбата на електрични возила за 20-60%, зависно земјата.