@Hm_Hm опаа бомба денес. Петар Бочкај од Осијек во Динамо. Одличен лев бек/винг бек, страшен технички и физички.
Главен проблем со него е во неговата глава, веќе до 23 години беше лечен за зависност од коцка и алкохол. Има еден куп сообраќајќи, а после таа каде што влета во бензиска пумпа и ја разби целата Осијек го имаше отпуштено, иако во тој момент им беше најдобар играч. Беше без клуб беше полусезона, па го земаа за помали пари назад. Уз тоа има и вишок килограми кои сега
Ова повеќе ми изгледа како намерно ослабување на главниот конкурент, отколку вистинска потреба. Бочкај е човек-прекин-80 отсто гол и најдобар поединец според мене на Осијек, ама Динамо како да е коректен во одбрана. Повеќе им треба некој што ќе трпа по 25 голови и продорно крило.
Тек сега Бјелица ќе добие мозочен удар и ќе зборува за коорпорацијата.

Можеби, но тек треба да се објават деталите. Се шпекулира дека дале 3 милиони евра + Толиќ и Леовац. Ако е така, Осијек има направено грабеж и воопшто нема да излезе како губитник. Леовац е миленик на Бјелица кој го следи каде и да иде и играч по негов вкус. Играчки можеби послаб од Бочкај, но е пристојна замена и со тон искуство на големи утакмици. Толиќ пак е техничар каков освен Клајхејшлер немаат и би дал екстра димензија напаѓачки. Плус 3 милиони.
Инаку на Динамо му треба лев бек. Единствени бекови се Леовац кој е отпишан и Штефуљ кој не испадна дека е на тоа ниво на кое што им треба. Затоа крпат со Фрањиќ цело време на лев бек на најсериозните утакмици. Бочкај ќе легне фино.
Можеби, но тек треба да се објават деталите. Се шпекулира дека дале 3 милиони евра + Толиќ и Леовац. Ако е така, Осијек има направено грабеж и воопшто нема да излезе како губитник. Леовац е миленик на Бјелица кој го следи каде и да иде и играч по негов вкус. Играчки можеби послаб од Бочкај, но е пристојна замена и со тон искуство на големи утакмици. Толиќ пак е техничар каков освен Клајхејшлер немаат и би дал екстра димензија напаѓачки. Плус 3 милиони.
Ма за Леовац мало гајле, но Толиќ може да им заврши огромна работа, уште ако е вистина дека во Осијек ќе отиде и Ловриќ од Горица, тогаш се сосема друга екипа. Веќе нема да се само дефанзивно добри, туку ќе можат и да се надигруваат со сите, иако Бјелица нема да форсира таков стил, но ќе му дојдат одлично и за транзиција. Уште ако почне да забива Миерез, а сигурно ќе биде подобар во вториот дел.
А ми се допаѓа каква улога имаат Оршиќ и Иванушец кај Копиќ. Првиот е поблиску до гол (сега со Бочкај, веројатно и уште повеќе ќе оди во средина), вториот е повеќе полушпиц (што е и негова позиција) отколку крило.
Иванушец треба да ја врши таа работа, а не Петковиќ, кој е напаѓач кој игра добро свртен со грб од голот и надвор од 16м, но не е десетка. Премногу додири и посед имаше под Крзнар откако си отиде Мајер. Не сум хејтер на Петко, но без проблем би прифатил да се земе друг напаѓач, а Оршиќ и Иванушец околу него.
Дрмиќ би било топ.
А од младите во лигата уште нема некој подготвен за прв состав во Динамо.
Пратиш доста, дали Бељо е само позајмен во Истра и се враќа следната година во Осијек или имаат право да го откупат?
Ма за Леовац мало гајле, но Толиќ може да им заврши огромна работа, уште ако е вистина дека во Осијек ќе отиде и Ловриќ од Горица, тогаш се сосема друга екипа. Веќе нема да се само дефанзивно добри, туку ќе можат и да се надигруваат со сите, иако Бјелица нема да форсира таков стил, но ќе му дојдат одлично и за транзиција. Уште ако почне да забива Миерез, а сигурно ќе биде подобар во вториот дел.
Реков, лигата ќе стане многу тешка за освојување. Ловриќ е убедливо најдобар играч кој не игра во „големата четворка“, но прашање е колку е прилагодлив на друг фудбал и да не се врти се околу него. Ако успее да се вклопи Осијек би бил многу многу заебана екипа.
А ми се допаѓа каква улога имаат Оршиќ и Иванушец кај Копиќ. Првиот е поблиску до гол (сега со Бочкај, веројатно и уште повеќе ќе оди во средина), вториот е повеќе полушпиц (што е и негова позиција) отколку крило.
Иванушец треба да ја врши таа работа, а не Петковиќ, кој е напаѓач кој игра добро свртен со грб од голот и надвор од 16м, но не е десетка. Премногу додири и посед имаше под Крзнар откако си отиде Мајер. Не сум хејтер на Петко, но без проблем би прифатил да се земе друг напаѓач, а Оршиќ и Иванушец околу него.
Мислам дека Ријека зимава и летово нема да продава бидејќи тоа ќе им е најголемо засилување. Немаат пари да купат ништо, а ако продадат многу е тешко на зима замена да се донесе и да се напаѓа место во Европа. Од кај нив Дрмиќ и десното крило Муриќ би биле прави засилувања. Можеби Муриќ е попотребен од Дрмиќ. Пак ќе кажам, да не го продадеа Гаврановиќ сега ќе немаше проблеми во нападот.
Проблемот со Петковиќ е не знаеш што добиваш од натпревар во натпревар. Некогаш игра како играч за највисоко ниво, некогаш не е разлика ни во ХНЛ. Мислам дека ќе се оди на 3-5-2 каде што тој и Оршиќ би играле пар во напад. Тоа мислам дека е идеалната улога за Петко, а Оршиќ исто може добро да се вклопи. Иванушец не е лош како крило воопшто, само што него како десњак го играа на десно крило во ерата на Крзнар и нормално дека нема да направи голема разлика. Башка дечкото има изиграно мислам преку 70 наптревари оваа календарска година. Тоа е брутално темпо и нормално е да има осцилации.
Бељо за жал е само на позајмица. Всушност Бељо е показател на се што е слабост кај Бјелица. Тој е можеби најдобриот тренер во Хрватска, но нема трпение за млади играчи. Кај него ако не правиш веднаш разлика те нема, а за Бељо немаше трпение. Добар потег на Осијек што го прати во Истра - 19 натпревари, 6 гола и 4 асистенции во првата сериозна полусезона во кариерата.
Автоматски споено мислење:
Инаку само да потсетам каков играч добивме. Најдобрите потези од 2019 година Претпоставувам одземена му е дозволата, па нема нови.
Петар Бочкај во акција на уредување на паркови во Осијек. Покосено дрво,забивање во фабрика и удрен паркиран Хјундаи.
Бензинска пумпа утрото после посета од Бочкај. Не можам да најдам слика инаку истиот Мерцедес е во прашање. Маста и ја има извадено на таа кола.
Оједа е договорен, се чека само потпис од играчот. 6 милиони евра + 2.2 милиони за Бочкај.
Наводно пред доаѓање е Данило Доехи, 23 години стопер, капитен на Витесе. Изгледа стварно се уплашиле од конкуренцијата оваа година, па додаден е гас до даска.
@Hm_Hm пратиш што се случува? ХНЛ лудило.....Хајдук носи стопер од Бенфика/Валенсија, Калиниќ, Гргиќ од ЛАСК...... одат на се или ништо оваа година.
Што се однесува до Динамо Оједа клубот не го пушта, се ценкаат за повеќе, правел драми, бојкотирал тренинзи за да иде во Динамо итн. ама џабе. Остана на Бочкај и Емрели од Легија и најважно од се Оршиќ потпиша нов договор.

Ако не освои Хајдук титула следната сезона, може да ги спаси само некој голем успех во Европа, да заработат финансиски. Не е само во трансферите, мислам дека овие се со голема плата, плус Ливаја и Кровиновиќ.
Носат топ фудбалери за лига како хрватска, ќе биде лудо следната сезона, само судиите да не ја упропастат.
За ова сезона не верувам, мислам дека ќе освои Динамо. Нема да одлучува последното коло, кога е дербито. Иако имаат уште три натпревари со Хајдук до крај, не очекувам да останат без титула.
Хајдук има публика, еуфорија, но против Осијек тие не го издржаа тој притисок, што требаше да им биде предност. Иако носат се повеќе искусни фудбалери.
Лажат малку последните резултати на Хајдук, ги гледав против Шибеник и Горица, не одиграа толку добро. Но и тоа може да е зезнато, затоа што победуваат и без игра.
Осијек и Ријека немаат сили, очекувам да завршат испод Хајдук.

За оваа сезона и јас мислам дека Динамо ќе земе титула. Хајдук оди годинава на се или ништо, а ќе видиме за следната. Ако успеат да го задржат Ливаја тогаш имаат уште еден обид сигурно. Ама пак од друга страна ако направат некој исчекор во Европа колку ќе се снајдат со среда/четврток - викенд темпо на утакмици. Динамо веќе тоа го игра 15 години по ред.
Осијек додека не се среди теретот што е новиот стадион нема да направи исчекор.Не е Мезарош таму влезен да фрли милиони без усул. Мислам дека таму ќе ги чинат преголемите очекувања бидејќи веќе се создава токсична атмосфера. Навивачите нивни притискаат борба за титула, а Осијек сеуште не е таму и објективно ќе им треба уште пар години.
Ријека нема сила, т.е нема пари. Алал да им е како успеваат од ништо нешто да направат и овие сегашни резултати им се успех. Во моментов многу зависат од Муриќ и Дрмиќ да измислат нешто, а на лето сигурно барем еден од нив го губат.Во интервју го прашуваат претседателот кога ќе дојдат нови играчи, тој вика подобро прашајте ме кога ќе продадеме некого.
Што се однесува до Динамо ќе биде интересно лето. Пари се има, но на најдобрите играчи ова им е последна прилика за трансфер надвор. Адеми, Ливаковиќ, Петковиќ и Оршиќ се меѓу 27-31 година и очекувам барем 1-2 од нив да притисне за трансфер. Од друга страна мислам дека речиси сигурно и Иванушец ќе си оди. Веројатно ќе се носат Невистиќ и Качавенда од Локомотива. Првиот би бил спремен одма да помогне и не би се осетило многу одењето на Ливаковиќ, а вториот сигурно ќе му треба една сезона да се навикне на европски фудбал иако е огромен потенцијал. Пробуваат и Чолак од Малмо/ПАОК веќе 2 преодни рока да го донесат, па можеби ќе бидне нешто и од тоа на лето.
Инаку сега за Чачиќ имам подобро мислење отколку пред некој месец, не сум толку против него. Иако никако не ми се јасни тие големи амолитуди во тек на натпревар.
Во еден ист натпревар 30-40 минути се одлични, а исто толку и катастрофални.

Секогаш има шанси. Ама реално ако се поклопи може и потоп да се случи.
Чачиќ добро ги припрема утакмите, има проблем со водењето. Замените му се ептен оф тајминг и или ги цеди играчите преку секоја мера или менува кога не треба и го разјебува цел ритам на екипата. Тоа е барем мој личен впечаток. Можеби тоа што не бил самиот играч има улога во тоа и не ги "чувствува" работите на терен.
Добива премногу хејт поради тоа што беше војник на Мамиќ. Факт е дека и со никаква играчка кариера има сосем респектабилна тренерска кариера од која ни 99% од тренерите не би се посрамиле. Тоа е сепак за почит. Не е баш лесно аутсајдер, тв сервисер да влезе и да стигне до високо ниво во тој свет.
Го знае фудбалот, знае да создаде дисциплина и изгради авторитет врз ѕвезди кои се многу поголеми имиња од него (иако некогаш преминува во тиранија и му се одбива од глава), но и во репрезентација и во Динамо екипите секогаш му осцилираат и водењето на натпреварите му е послаба страна.
Дефинитивно Динамо Загреб е убавина да се гледа, конечно екипа која игра она што треба да е фудбалот, ем убав за око, ем машки борбен, оваа сезона веќе изгледав едно 5 натпревари на Динамо и нема да зажалиш што си одвоил време да ги гледаш, денес исто направија подвиг и секоја им чест.
Скалпови земени во последниве 4 години: Бенфика, Аталанта, Тотенхем, Вест Хем, Севиља и Челзи. Not bad...not bad at all.
Оршиќ хет трикови против Аталанта и Тотенхем, евроголови против Вест Хем и Челзи.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.